Јас кога ја прашав другарката што сака да купам за прв роденден сама изрази желба за детска книга. И мислам дека е супер поклон, и многу потраен од играчки и облека. Може родителите да му ја читаат кога е помало, па кога ќе почне да чита ќе може и само да си чита. Може да е занимација и за помала, а и за поголема возраст. Плус убави илустрации ќе си гледа. Е сега зависи и родителите какви се, и детенцето, не е за секого
Ви спијат ли бебушите на стомак? Моево веќе 3 пати го затекнувам да спие на стомак. Ги оставате така или? Ми е страв да не се угуши, не знам дали знае дека главата треба да ја сврти. И не се сеќавам која членка беше, една апликација имаше за да го мониторираш бебето со два телефона, да не идам на 5 минути до соба.
Го оставам. Не дека така сакам, туку немам избор. Ако го свртам се лути, се разбудува и плаче. Ќе го призаспијам и пак на стомак ќе се сврти. Дежурав 3 вечери и плус на денските дремки го гледав, добро се мести. Педијатарот ми рече штом сам се врти можам да го оставам. 4 месеци има моево.
По колку ви спијат бебенцата денски? Мојот денес е многу поспан два пати по саат ипол спие.. до вчера имаше 3 дремки ама не му беа толку долги.
Само на стомак спие од 4 и пол месеци, дежурав и јас на почеток ама сам се местеше и го оставав. Сега е 11 месеци, нема спиено на грб. Некогаш на страна свртен ама ретко.
Вкупно 2 сати се собира. Мојот на секој 2- 2ипол сати сака да дремне. Легнува во 21-22часот и спие до 8 9 сабајле со 536474 пати станување. Незнам зошто толко се буди нема сврзано повеќе од 3 сати а скоро 7 месеци сме.
Кај мене навечер си спие од 21/22 до 08 и 30 некогаш 09 со тоа што два пати станува да цица и одма презаспива. Денски имаше 3 дремки ама не беа повеќе од 40 минути. Денес два пати спиеше по саат и нешто...
Деновиве а посебно денес ќерка ми ако не сум и пред очи почнува да плаче по мене кога ме гледа пример од кревет а си игра со маж ми или со дедо и а јас сум во кујна погледот накај мене и плаче. Како да ќе заминам и ќе ја оставам. И кога пружам раце да ја земам радости ја јадат. Скока по мене се смее во гласови. 7+ сме.
@Erika.greeneyes а плаче кога си до неа, а не ја гледаш? Моево строго во очи да го гледам, иначе одма се срди, ги стиска устињата и испушта луто Мммммм
Друшки ај хелп тие што имавте слични проблеми пред заби вадење: вчера една пелена полна со потечна столица покрај нормалната, денес после 4часа од утринакиот оброк поврати, сега во 4 саатот при јадење на ручекот исто. Беба е весела, носе добро, не кива, не кашла немаме симптоми на настинка или некое стомачно вирусче па затоа го препишувам на запчињата а сеуште немаме ниедно инаку сме 8+
Цвекло, краставици , салата, цитруси од кога почнавте да јадете? Кога престанавте да пазите од храната што може да предизвика грчеви? 6+++ е мојот, уште пазам и веќе не знам што да јадам
Се јадам. Уште од 5ти месец. Некаде прочитав дека нема поента во поодминатите месеци да правиш рестрикција на храна, не биле поврзани грчевите со тоа. Јади си слободно. И тоа свечено се почастив со грав и колбасици во тава. Пола тава ја изедов и немав ни малку грижа на совест Гледав вечерта дали ќе има реакција и ништо. Од тогаш па навака, грав, грашак, леќа, зелка, праз, салати, карфиол, брокула, се јадам. А цвекло се утепав од јадење од поодамна. Не ни знаев дека тоа предизвикувало гасови.
Туку јас да си напишам. Од денес официјално џинчето мое мало почна да се врти од стомак на грб. Е сега почнува она слаткото тешко. Ја најдов апликацијата за со два телефони да служат како камера, не е веќе кај ќе го оставиш таму ќе го најдеш. Прееска пред да ја инсталирам, после првата дремка го затекнав сролано како сарма во ќебето на стомак, ме гледа и ми се смее. Вториот пат го фатило ќебето и си прави само на себе ,,ѕе". Ме фати паника, не се кажува дека станува, а на 5 минути одам да го ѕирнам, ова да ти било рај. Ем бесплатно, ем брка работа. Си пуштив серија, си ги кренав нозете во вис и уживанција. Е вака се ужива во мајчинството. А да, почна и да спие на кревет преку ден, не на мене.
Јади си слободно кај и да е и бебето ќе почне да јаде се, нема потреба да пазиш веќе. Се јадам и грав дури и вино си пијам, ама по малку.