И јас јадам разновидна храна, иако не можам да кажам дека имавме проблем со грчеви, па следствено и немав рестрикции во исхраната, освен можеби леќа и зелка. Како и да е, согласно возраста на вашето бебе, не би требало да се ограничувате повеќе околу изборот на храна.
Ова е стварно грд период. Памтам дека со неа у када влегував оти не беше доволно само да ме гледа, мораше како коала да биде закачена за мене цело време
Еве баш копав во стари мислења, сум се жалела од ова на точно 7м и 12 дена. Едит: не се сеќавам колку точно ама веројатно 2-3 недели како и се друго.
Моево ако не ме гледа ќе седи кај друг, ама ако ме види или ми го чуе гласот одма плаче и се тегне да го земам. Пред некој ден беше кај мајка ми цел саат, си седел мирен не се бунел, ама кога ме виде кога го напрчи муцето, едно жално плачење со солзи и мене дури ме расплака.
Каква елементарна непогода има во шести? Што е ова неспиење пак. Па добро, спиев цел месец колку толку. Што ќе ми е пак да спијам. Ми се пика со пелените во уста и ми ги штипе брадавиците. Ме кубе, ме мава со играчки.
Плус гребење и штипење кај стигнат. Цела сум модринки. Пролет иде ако се облечам у маица ќе мислат дека маж ми ме тепа.
Моето од 4 ти не спие. И тоа има ли? Кемка нонстоп не му е погодено.... А ако си седи сам во креветче и ако поминам а не го кренам .... Готово ќе се раскине. Маста ми ја извади буквално ми наплати и за првото шо беше бубалка.
Запче да не излегува? Мојата три има, првото ко го вадеше цела ноќ цицаше, а преку ден исто почна да мава и тоа тешка рака колку има Сега третото горе ко го извади ме гризеше цел ден, ми ги земаше рацете и како животинче тргаше за в уста, така сетив дека излегло ко ме боцна.
Со мало лажиче метално пробај и најмалце да е излезено ќе тропка. На мојата горните единици се гледаат низ непца, готови се да пробијат, ама двојката беше побрза. Ама може и интересно да му е така, повеќе разбираат сега и игра може да му е.
@Alexandrite ми личи на вадење прво запче, само да знаеш моето 2 недели беше такво. Машко имаш нели? Од тоа што иам споредувано машките се секогаш поголеми драми...
Здраво мајки. Ве молам да ми препорачате седиште 360 со Изофикс. Бебенцето ми е 8 месеци ама има над 9 килограми и претесно му е во транспортер. Кај секој пат е хорор со плачки за возење во кола, сега уште тесно… морам брзо да го решам Благодарам
За совет неможам да ти помогнам, но да разгледаш во групава на фб доста корисни совети и препораки има. https://www.facebook.com/groups/savjeti.o.autosjedalicama/?ref=share&mibextid=NSMWBT