Искрено се ме влече и мене накај Freeon Atlas. Навистина читам за тестови за безбедност за другиве седишта, ама по 25-30к, некако ми е премногу.
Имам јас и поголем проблем од седиштето периодов. Синко има 8 месеци(9кг) и последниве 10 дена е секоја вечер мочан, го преоблакам во ниедно време и некогаш до сабајле пак е измочан. Мочаното е секогаш странично околу ноџето или нагоре и на десна страна, на страната на која си спие свртен најголем дел од времето. Се пробав, Виолета 4+, 5, Памперс актив 4… Ве молам за совет што да пробам друго. Незнам да не грешам јас нешто при ставање на пелената… Благодарам однапред
Ќе ставиш перничиња покрај главчето, од двете страни, по можност да спиеш на едната, другата ако треба со маица твоја замотај ја, да мириса на тебе е финтата. Ќе ги поставиш доволно високо, од ушињата нагоре, да може рачињата да си ги крева и да не се штрека. Ако спие на страна не го врти, така значи му е убаво. Секако ако не си до него, обавезно камера да го гледаш и слушаш. Мојот е цицољуб невиден. Од раѓање до сега (8м. е) навечер се буди на 20 мин. до 45 мин. Кога да ме цицне, случајно да не одам некаде, кога да се нацица. Финтата со перниците ме спаси мене, почнав да ја применувам пред еден месец иначе строго на мене му беа дневните дремки. Исто, ако го заспиваш со нишкање или доење, ќе го држиш во раце уште 10мин. да се прицврсти и ќе го спуштиш одма да ја попре главата на перница.
Извини, не сакам да ти скршам филм, ама мислам дека ова не е многу логично. Ако заспива со тато или баба се чувствува помалку безбедно, ама побрзо заспива/подобро спие/помалку се буди? Поверојатно е да се работи за асоцијација со спиење. Кога си ти тука, тука е и омиленото нешто на целиот свет - цицање. Кога ќе се разбуди навечер си вика, зошто да презаспивам така за џабе, кога можам да го правам најомиленото нешто на цел свет и така да си заспијам? Не знам како издржувате со болки секој ден со месеци. Јас уште не можам да си ја средам половината, а не спиеме така веќе месец дена (само ја дојам легната насабајле зошто ми е полесно). Пред некој ден така станам сабајле, одам во вц, ми се префрли нешто во половината, морав прво малку да се раздвижам пред да ја кренам од креветче, зошто ќе останев така
Не во очи, на кожа само. Пробав на свој ризик, одма му се смири кожичката. Иначе како што прочитав не дека било алерген или сл. туку ако се става директно во очи може да предизвика дополнителна иритација бидејќи самите ќесички не се стерилни.
Јас заради болки и вкочанетост почнав да го ставам да спие со мене на спална зашто кога ке се разбудам обично ми трнат рацете и страв ми беше да не ми падне, ама си направив уште поголема беља зашто се научи да спие прилепено до мене. Сабајле кога ке станам се чуствувам како воз да ме прегазил а грбот, половината и рацете ме болат и дури како ме печат од болка.Ама што да му правам ете пробав сега спиеше ја оставив пижамата моја до него демек да му мириса и полека станав, ниту шушнав ниту дишев и пак не стигнав ни до вратата стана почна да плаче и веќе не ни сакаше да презаспие, спиеше пола час, да бев до него ке спиеше 1.5-2 часа еве го сега само кенка ем му се спие ем несака да спие и несака ни да се игра. Моето бебе има проблем со ларингит ако го оставам да поплаче одма го фаќа и никако не сум.Со никој друг не заспива само со мене, цуцла не сака никаква, шише исто, пробав и со клунче и чашка некапечка не сака да пие од ништо.
Имавме и ние ваков проблем, бодињата и пижамите утоп им беа, за навечер за спиење почнав да користам памперс гакички и топ ни се погодија, еве три месеци ни еднаш мокри не се разбудиле. Башка и полесни за облекување, памперс местење ни стана научна фантастика, по пола саат бркам голи куриња за да сменам памперс
Состојката не е алерген, честичките во филтер чајот се. Ситни има од цветот и не се препорачува за очи особено да се користи, кај затнат канал на бебе уште полошо прави. Е сега за тело може нема проблем, нема да влезе во очи. Јас ко бебе сум потекла ко бумбар и уште тогаш докторката ја карала мајка ми зошто ми ги чисти очите со камилица.
Може е така како што викаш, ама сум приметила дека ако го успие мајка ми или маж ми ќе спие цел саат, ама ако го успијам јас и станам одма се буди. Тоа е ќе си се жалиме ќе си се тешиме и за брзо ќе пораснат. Мене ми е второ и знам како брзо поминува овој период.
Само нека се живи и здрави. И моето и на релаксатор кога седи, со нозете прета прета мислиш ќе го обрне. Ама пак си е буце, алиштата од 9-12 му се таман сега.
Исто и кај нас по дома А богами и со алиштата исто. Од 6м носи фармерки за 9м ради ширината,а во должина ги виткаме
Тоа сакам да кажам, мислам дека нема врска со тоа дали се чувствува безбеден. Сигурно се чувствува безбеден и со тато и со мама и со баба, затоа заспива. Ама кај мама има бонус цице Мене ми е прво, некако едвај чекав да порасне првите месеци, многу тешко ми беше. Сега е веќе многу стабилизирана и ми е топ, па многу повеќе уживам со неа. Леле и моево е со бутки и газе, имавме некои пантолончиња пукаа на неа Мислев кинеска работа, по нивните мерки кроени, ама изгледа не