Маливе имаат 3 оброци од 150 до 200г по оброк и 3 до 4 шишиња млеко од по 200мл. И цицаат како никогаш што не цицале претходно...заби, скок кој знае што им е...поише млеко имам сега него пред да воведам немлечна исхрана. Чудесии се ова бебињава...
Од време на време да. Од тие од Хипп. Зошто дали згреши? Ништо не им е ако се напијат сокче. Цело шишуле мислиш, го испи на еднаш?
Нема гајле, ама цело така да не му е многу на стомачето, на пример во неколку наврати по некоја голтка.
И ние сме исти како вас. Мојот станува и многу често па мислам дека и се прејадува. На мм му дојде идеа да го луламе во кебе Па навечер кога станува, а се е со плачење кога не можам на цице го луламе и за 2 мин е кома Ама тоа нее е решение
Од такво лулање паѓаат во несвест, немој да го правите тоа, подобро дај му да цица.Моето се буди по цела ноќ штом ке промрда мижејки зинат ме бара да цица, ке цицне еднаш два пати и продолжува да спие не се ни буди, само да се осигура дека сум тука, а ако го оставам да поплаче после не ме пушта, ја држи градата во уста и ако сакам да се тргнам ржи, буквално ако мрднеш ке плачам ми вика па така си спиеме, се помирив веќе, ке порасне некогаш.
Што дека мојов сака цуцла најпоќе на свет. Вришти за млеко, два до три пати станува и мислам дека се прејадува. Некаде прочитав дека треба да се намалува млекото. Не сум спремна да почнам, се си мислам дали ќе упали. Секоја вечер минус 30мл. Од друга страна си викам кога ќе стигнеме до минималното па тој и за тие 30мл ќе станува
И мојава исто. И си цица и јаде. И повеќе сака да цица отколку да јаде. Имаме два оброка јаде по 125гр на оброк некогаш и повеќе некогаш и помслку. Ама често бара да цица. Навечер може и 5часа без млеко да издржи зависи кога како, ама преку ден јаде оброк и одмс ми приплачува за цицка и си цица ко да не изела цел тањир. Ама пак е манекенка бе. На олку јадење. Повеќе во висина оди. А и многу е активна сигурно и тоа има влијание не застанува ни секунда
Ништо не е решение ако треба да се разбудам. Ни нишкање ни ад ни цице. Какво златно бебе ми беше првото... Очајна сум од џевахир ми иде да скокнам.
Моево спие, се буди накај три му давам млеко. На толку сок денес испиено не знам вечервс дсли ќе станр за млеко. Можда згрешив. Да не ми е урок шо му дадам јаде. 9 кила сме - 8месеци наредна недела ваљда е ок….
Доручок 100 грама, а неделава почнав да и воведувам и ручек, до 70 грама јаде. Ама цицање пола саат после оброк и цицање цел ден до бесвест. Како ве читам оброци преку 3 часа, незгодно ми е да кажам дека мојава по десет пати минимум цица во 24 часа. Ама дрчна бе, цел ден активна без застој. Ме исцица, ме исцеди, а таа 7 ипол месеци, 7 кг, се распукнав со тоа вагање, нека е здрава и жива. Денес премина од 3 на 2 дремки, не е рано? Ама па сама си кажува, од 45 мин почна да се успива по саат ипол, издржува 3 часа будна и ми светна дека е ваљда за нов распоред. Има други со две дремки на оваа возраст?
Моето јаде голема тегличка од хип кашичките на секој оброк. Таа 180 е. Не знам колку кила има ама не помалку од 9. 8 м наполни завчера и со вечера почнав исто од завчера.
Ете не нас, исто вчера две дремки вкупно спиење 3ипол сати од дремките. Незнам дали до саатот е што се смени ама деновиве уназад почна да ми ги развлекува дремките и третата идеше претходните два дена мн касно и не се успиваше на време. Вчера две имаше и си заспа таман. 7 м задутре правиме. Некаде читнав дека од 7 м може да се намалуваат на две дремки веќе.