Мојата има 3 дремки и ноќе ми седи до 12 на полноќ. Не се буди за цицање ноќе, освен еднаш кон 6-7 часот сабајле и продолжува до 9. Треба да намалам на две и јас и да заспива третата порано. Почнавме со трет оброк и денски не гледам на саат за доење, како за жед повеќе го користи млекцето. Вода не сака уште да пие, пробав секако, плука одма.
Татко му го нишка. Јас не, зашто ако го земам се спушта накај гради. Си заспива со татко му без проблем, што значи не се буди зашто е гладен.
И кај мене мм кога ќе го успива навечер знае да сврзе 2 часа, ама потоа си почнува со будење за цице. Имаме пробано неколку пати и мм да го земе после тоа да го нишка за да презаспие ама се откорнува од плачење, па потоа ме цица крвнички и уште толку бара близина ноќта да не нѐ сум до него.
Има некоја мајка што почна на работа, а се на доење уште? Ме интересира како заспиваат преку денот без цице?
Девојки запчиња кога вадеа бебушиве нешто им се дава за болка? Цела ноќ не сум спиела. Само плаче. Дремнува. Ќе цица. И пак е плачлива. Како да и помогнам
Не, само легната со цицање заспива, во овие 7 и нешто месеци само еднаш без мене има заспано. Нишкање не сака, се турка, се бори за да се исправи.
Моево беше такво. Маж ми прво денски кога ќе му се приспие го шеташе во раце исправен ама свртен накај него и полека почна на раме да му легнува. Така неколку дена дур ја навикне позицијата и после почна да го зема кога ќе се разбуди навечер. Пробајте така.
Ја прашав ми рече парацетамол. И дадов efferalgan и тоа скоро ич не испи пошто не сакаше не отвараше уста сосема малце и дадов и после тоа ми поврати одма малце и после уште еднаш пообилно. Зашто вака
Секогаш различно пијат, навечер пред спиење најмногу. Обично по 150-180, а во текот на денот по 100 макс. Вечера обично пред бањање давам, после тоа бањање, млеко, заспивање. Некогаш 2 пати стануваат во текот на ноќта за млеко, а некогаш и 4(без разлика дали давам ад или мајчино) и тоа околу: 23 часот, 01, 03, 05 .. 9 месеци бебиња (не знам кога ќе фатиме ред подолго да се врзе сон..обично не се расонуваат и си спијат до сабајле до 8 ама што вреди кога 5 пати се будат, а не дека пијат ноќе количински млеко)
Мајки мафтаат ли вашите бебенца со раче како да објаснуваат нешто? Од денес го забележувам многу често го прави тоа, со десното раче како кога посега по нешто го мафта како да објаснува нешто. Нормално е вака ?
Истото некни ни се случи, продолжени две дремки и третата и дојде дури во 7, траеше само 20 минути ама пак и поремети се, па заспа дури во 11. Затоа вчера скратив само на две долги дремки, подолги прозори на будност и сношти ја заспав во 8 ипол, спиеше до сабајле до 10, ја будев, не можеше да се расони. Денес пак со две дремки тераме, па ќе видам вечер како ќе биде.
@TheGoldenPeach денес ќе пробам така, првото преспивање денес лежев до неа и бевме сами во тишина спиеше подолго и мислам само две дремки ќе има денес.