Докторката е професионалец, дури и кога кс е добра знае да процени колкави се шансите да спушти и дали има потреба од антибиотик. До сега не утнала терапија и еднаш не спаси од Козле. Околу бронхопневмонијата, ми спомна дека РСВ вирусот знае да ја направи таа штета на повторување и спуштање на плуќа. Убав однос има со бебиња, нема да погрешиш.
Пробај зголеми оброк. Мојава аир од млеко не виде, кога се разјаде качи кило и пол скоро за неполни два месеца. Несака веќе цице и се гади го гледа чудно и си игра. Тоа е се помирив со тешко срце, големиот беше цицач до година и пол скоро. Не сака ни АД , пие едвај со лигавење по 120 мл некогаш ни толку. Доручекот по совет од матичната и е млечна каша+овошје и секој ден телешко , еден мисиркино или пилешко. Воведи вечера обавезно. Значи ќе имате два млечни оброка. Жолчка три пати неделно. Сака да јаде , плаче по нашето, сака парчиња, се задавува и пак бара, а ќе види тањир или некој јаде одма ам, ам и трескање од земја…. И она е тука некаде со килажа, веќе не се опседнувам да ја мерам .
Колку вода сневно ви пијат бебуши со два оброка и пауза од 3 часа меѓу оброци? Пошто почесто цицаше не се замарав, ама сега цицање на 6 часа му се фаќа и не знам колку да му дадам.
Јас давам колку што сака. Обично тоа се околу 100мл дневно. Во градинка викаат дека пиела цело шише демек од 250мл
Ние се мачиме со водата многу , шише не сака , само од чашка , има денови пие по 50-60 мл , има денови по 20мл. нудам цело време .. малку е ама ќе бидеме упорни
Мојава па напротив повеќе сака да цица отколку да јаде каши. Ама веќе голема е и мора да јаде. Ај претходно ми јадеше барем по 125гр на оброк. Сега со забиве не јаде скоро ич. За цицање цица. Ќе ме пукне. Ад да не види исто ни вода не сака. Од шише и ништо не сака да пие. Вода и давам со чаша за ракија ама пак не пие повеќе плука се тешам дека голта по некоја голтка. Каши некогаш и правам со ад, ама приметив дека со вода повеќе ги јаде. И дај кажи ми како треба да изгледа еден оброк со житарка и овошје. Пример оброк од 180гр. Колку треба овошје колку житарка по грамови од прилика?
Само да те утешам, предходниот месец ми намали 200 грама, цел месец се мачеше со заби и ништо не јадеше буквално едвај млеко ќе испиете и толку, место нагоре да идевме ние намаливме, умрев од нервози. Никнаа запчиња и си се врати си јаде овој месец качи 700 грама. Така да не се секирај, ќе се врати на старо.
Поима немам За првото мерев и грамови, сега ставам како ќе ми текне. Обично 120 мл млеко со 2 и пол гол. лажици житарка плус овошјето. Ама мојљва не јаде класично блендирано така да не знам баш што да ти кажам Не и ни мерам колку грама , ама јаде полн тањир Макарони јаде, палачинки, лепче…
Како се пренесува херпес? Дојде внуката го држеше бебе го играше сигурно го има бакнато после ми вика тето ова херпес ли ми е на уста, и било како брунче па се чепнала, сега како мала црвена раничка има.Бебе спие, викам го бацуваше ли, вика само рачиња, му ги избришав со влажна марамица да не го разбудам после ке го измијам.Како се пренесува, нејзе сега и избива, и реков да не го бакнува.Кои се симптоми на херпес, опасно ли е за бебе, ептен испаничив а ја земав денес внуката да ја чувам.
Јас дека не мерам а овде читав некој сооднос треба толку житарка толку овошје. Јас 100мл вода или 120мл и после од житарката додавам од око и мешам додека не добијам густина што сакам. И пола тегла од овошје од тие 125гр што се. Не знам дали е правилно ама така правам.
Дали ви доаѓа да ги баците бебињата на уста? Не сум го бацила, страв ми е да не му пренесам нешто, ама кога и да се приближам ми доаѓа да го бацувам без престан. Зошто е тоа така? Или па јас нешто забегувам полека
Се пренесува контактно преку допир со лице кое има активен вирус. Еднаш ако го фатиш нема спас од него. Најдобро пробај дезинфекција за да го убие вирусот одма (влажни марамици ми е онака мех производ). Без разлика што внуката го бакнувала може ќе има среќа и нема да прифати. Симптомите се црвенило, потечено место, пликови во форма на грозд полни со течност кои чешаат и во некои случаи болат.
Бебето го тргнав ама поголемото синче не, цел ден играат заедно преска го земав бебето во друга соба кога се вратив гледам јадат заедно, она го храни со раце тој лапа како за инат.Само господ нека ги чува, големото има 5 год а внуката 10, деца, тоа е.Нејзе и е во фаза на излегување нема рана сеуште.Се надевам дека нема да им биде ништо. После колку дена се јавуваат симптоми?
Кога одам на советувалиште. Здраво дете ни во лудило не би пикала кај болни деца само за вагање. Освен АКО педијатарот има одреден час во работното време за преглед само на здрави деца. Во мојот град нема така што ...
Formula? Formula max 2 saati napravena a negde citam pisuva 1h. Jas vo toj termos stavam zeska voda i posle pravam AD.