Паметно. Кај мене е океј што можам да закажам термин и да одам без да дремиме во чекална со сите болни. Е сега кога ја прашав матичната кога следен систематски ми рече на една година (скоро 8 месеци сме, последен систематски на 6 месеци). Другарка во Скопје секој месец го носи бебето на систематски. Така и кажала педијатарот. Ја прашав зошто, вика мора да се следи напредокот во тежина, висина, најважен бил овој период дека се воведува и цврста храна. Сега не знам дали е мојата докторка не се замара или нејзината претерува
Олесни си на почеток, еве јас давам инстант каши и готови кашички, јаде малку количински а и шубе ми е сеуште да давам овошје и зеленчук од маркет, барем прво да му проработи мешето како што треба па натаму ке давам.Свежа само банана дадов.
Не сум чувала во термос, иначе 9 месеци успешно молзење постојано.. Бев упорна за да фаќаат од града, пробував и со силиконски брадавици ама не и не. Почнав да се молзам и да им давам мајчино од шише и еве уште се молзам Јас чувам на собна температура не повеќе од 3 часа, а во термос или фрижидер не сум ставала. И да одиме надвор, го носам во шишето од кое пијат и гледам да не поминат 3 часа.
Да. Често. Секаде го бацувам па и на усте. И ќерка ми исто. Нема ништо погрешно во тоа. Друга работа е ако ти не се чувствуваш ок со тоа. Ако си ок, тогаш уживај во бебле. Љубовта меѓу родителите и децата е друг левел и не треба и не смее да се сексуализира.
Ми доаѓа да го изедам. За уста бацување не ни правам муабет под дифолт ми е то. Газето му го бацувам и касам зш не устата
Јас само 2 пати до сега, се слушаме по потреба но ми вика да не го носам ако е за контрола да не закачи некој вирус непотребно
Во петок бевме на прв термин сабајле, за здрави деца. Ете го сега размрсулен е. Да не ги луфтираат ординациите навечер... Веќе не го носам.
Времево е такво. Сега има вируси. Мене ми помина демек и еве пак ме фати, нос тече, за никаде. Само се плашам за малото
На сите ни доаѓа да си ги изедеме дечињата од љубов ама јас сум против бацување во уста, уши и слично.Гледам да не го бацувам кај устата за нивно добро,и не давам друг да ми го бацува бебето дури и по мм викам да не го чумата, да го бакне во уста ке го иселат моментално.Опасно е бебиња и мали деца да се бакнуваат во уста, различна е флората кај возрасни од флора на дете или бебе можат да се разболат од такви бакнежи.
Кралици кое омега можеше кај 8+ бебчиња? Веќе стварно не можам да ги поднесам бејбитол Со слика ако може од кои земате вие? Фала