Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. MyMala

    MyMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    2.282
    Пол:
    Женски
    Mojata okolu 21:30/22 zaspiva, ce budi vo 09/10h
     
    На jelo, Rtulka и velesanka им се допаѓа ова.
  2. MyMala

    MyMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    2.282
    Пол:
    Женски
    Od 150-200gr jade mojata, zavisi nekoj den po malce nekoj den povekje, vcera jadese hipp kasa od 220gr
    Probaj postepeno da zgolemuvas
     
    На Rtulka и Srcka28 им се допаѓа ова.
  3. emche05

    emche05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2019
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Не знам колкави се вашите, но ако е за утеха мојата е 10 месеци и дури сега почнува да се влече војнички по земја. Пресреќно бебе, здраво, весело. Ништо не форсирам.
    Секое си е различно, не се сите по книга, се во свое време ќе си направат.
     
    На MeowMeow, Mateas, Mari-Li и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    7.054
    Пол:
    Женски
    Имам деца јас :)
     
    На Alexandrite и Rtulka им се допаѓа ова.
  5. le.dentiste

    le.dentiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Заспива околу 7:30-8, се буди во 6 со едно пиење млеко измеѓу. Јас да се надоврзам со прашање, кога почнуваат да го кратат ноќното млеко па и тие и ние да се наспиеме макар и до 6 сабајле :D
     
    На Mateas и Rtulka им се допаѓа ова.
  6. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.747
    Допаѓања:
    6.739
    Пол:
    Женски
    Требаше да допишам со 3-4 будења во текот на ноќта :rofl:
    Инску од кога се смени саатот тера до 7 инаку порано се будеше.
     
    На Coco31, Alexandrite, Rtulka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.747
    Допаѓања:
    6.739
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа да намалувам количина на млеко по малку и ќе се одвикнел ама не сум пробала уште
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    Да споделам низ што минуваме моментално.
    Закачија, прво синко, а сега и бебе аденовирус во Мк. Во Мк се убедени дека се работи за бактерија оти сликата е слична. Синко од четврток е болен, денес пак 38 со 9 температура. Ми качуваат на 3 часа. Вчера синко доби преглед оти нели 5 дена болен. И прво тест за вирус рсв, адено, грип и ковид оти врие корона. И адено позитивен. Крвна слика нема оти вирус е. Нема спуштено, и ќе се лечи со чај и сок. Прегледан е и нема ни гнојеви, или било што кое би укажало на бактерија.
    Бебка не сакаа да ја прегледат оти било рано, на втор ден од тем не давала кс никакви точни податоци. Ама сепак ја прегеледаа. Слабо мочаше па завршивме и на педијатриски оддел. Доби темелен преглед, кај нејзе брисот е се уште негативен, ама е правен заеднички за три вируси. Кс нема. Вирус си е. Увото малку црвено, исто и грло, ама антибиотик засега нема. Си отидовме дома со ибопрофен и парацитамол и Оперил.
    Децава на три час креваат, се симнува до 37 со 5 и пак нема антибиотик.
    Секако ако се влоши, ќе добие.
    Оставаат сам да се избори организмот, нема зошто дополнително да го слабеат организмот со антибиотик.
    Зошто ти дава два пати антибиотик? Исти ни се бебињата.
    Мојава е речиси секој месец болна, сите вируси го фаќа од брат и, братучеди, татко, и досега без антибиотик минува.
    Претеруваат, искрено.
     
    На Starchild, Skyler, Coco31 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Srcka28

    Srcka28 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    2.801
    Пол:
    Женски
    И мојата не лази , се исправа за седнување , седи сама , знае да се пушти на стомак по играчки ама не лази, некако мрзлив газ не се дава (facepalm) изгледа упте не е спремна , ама затоа брбори откако ќе стане , додека да си легне :D
     
    На jelo, Mateas, Erika.greeneyes и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Srcka28

    Srcka28 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    2.801
    Пол:
    Женски
    Да да и јас сум за тоа без форсирање , да стимулирам да ама не и да форсирам , а и ја гледам дека не е спремна , наредна недела 8 полниме
     
    На emche05 и Freckles. им се допаѓа ова.
  11. Srcka28

    Srcka28 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    2.801
    Пол:
    Женски
    Околу 21:30 заспива , се буди околу 8:30 , два пати обавезно станува за цицање и презаспива додека цица
     
    На Mateas, Alexandrite, VirgoStar и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    3.120
    Пол:
    Женски
    Предходниот пат на 5ти ден од температурата баш кога почна да спушта ни дадоа антибиотик, ради што почна да има зголемен секрет као ај да се исчисти, да превенираат спуштање на гради. Во меѓувреме излезе бактерија и се погоди антибиотикот баш за неа и затоа не испаничив. И тоа крвна слика и црп е на моја рака направено тие не ни бараат после 3 дена друга, се фаќаат на 24 часовна крвна слика. Ама сега дефинитивно нешто не ми штимаше, ете и предходниот пат фактички не се избори сам организмот бидеќи на крајот беше со антибиотик. На своја рака не давам антибиотик се додека не видам влошена крвна слика и секрет.
    Претеруваат навистина, тука сите се исти, сите трчаат да дадат антибиотик, ама после 24 часа температура која и не е многу висока читај 38.2 веднаш да дадеш антибиотик е пребрзо делувано.
    Се осеќам виновно што воопшто го однесов одма кај матичната, јас само сакав да видиме да не се работи за некоја болка од уво, стомак, заби… бидеќи предходниот пат олку не плачеше, сега кога крева температура за облоги со алкохол несака да слушне, дури плаче и кога му мерам температура од што го студенка топлометарот.
    Највисоката беше сношти 38.8 па со блокмакс полека се спушти. Крена повторно сабајле во 8 часот 38.2 и кога се спушти од тогаш еве сеуште нема кренато..
    И на сето ова ќе додадам дека јаде и пие се без проблем, што и да понудам не одбива.
     
    На Rtulka и JuLleE им се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.006
    Допаѓања:
    13.823
    Ти пишав и претходно. Матичната на поголемата буквално и ги трескаше дијагнозите и антибиотиците од ракав. Јас исплашена, прво дете и давај... Толку сум револтирана што ми иде сега да ја исплукам зашто и падна имунитетот од тие лекарства. На такви доктори треба да им се одземе лиценцата.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Meri 888

    Meri 888 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2023
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Не знам дали прашањето е за тука ама ако некој знае би била благодарна на одговорите.
    Ќерка ми има една година и сакаме да и ги дупнеме ушињата за обетки, каде да ја однесам,а да не е чаршија оти ми е далеку. И како поминавте?
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    Јас со синко така, после прележана рота му дадоа цефаликсин на вирус. Бев на работа и не го носев јас. Едвај се опорави детето. Тогаш реков антибиотик само со потврда дека мора. И магично се смени се. И имунитет и разболувањата.
    Претеруваат, превенција со антибиотик само кај нас има.
    Не сме доктори, затоа и одеме кај нив, ама што фајде има кога се научиле за се и сешто антибиотик.
     
    На Bebetoo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.006
    Допаѓања:
    13.823
    Ако веруваш дека еве сум настината бааѓи,но не одам кај матичната зашто одма лупа антибиотик. Не знам што е ова, злоупотреба на антибиотици. Имаат ли памет се прашувам. Не можам да сменам зашто ми е блиску, но и што ако сменам, скоро сите се исти.
     
    На Bebetoo и JuLleE им се допаѓа ова.
  17. GirlLady

    GirlLady Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Мајки дали во процес на растење на заби се мења цел распоред за јадење и спиење? Убаво си направив ред сега сме 7+ не се знае кога спие кога јаде, па викам дали е период или грешам негде?
     
  18. le.dentiste

    le.dentiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Хм и јас сум го читала тоа. Претходно кога беше со два пати пиење млеко навечер планирав таква стратегија но самата наеднаш си го исфрли првото ноќно млеко ама ова што остана никако :^):D
     
    На Rtulka и anngelique им се допаѓа ова.
  19. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    3.120
    Пол:
    Женски
    И мм предходниот пат кога излегов нервозна поради антибиотикот ми предложи да ме пишеле мене за матична на детево наше:rofl:
    Сериозно е ова што се случува, за се треба да се информираш предходно да бидеш спремен за се што ќе те следува со детето.
    Баш ќе видам каква ќе биде ситуацијата утре со крвната слика, па ќе чекам резултати од брисеви.
     
    На Kolache na mama, Rtulka и JuLleE им се допаѓа ова.
  20. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.710
    Допаѓања:
    6.003
    Не ти сугерирам ништо ама ќе ти споделам искуство. И јас како повеќето се кострешам на давање атб без крвна слика или изолирана бактерија и сметам дека се претерува со антибиотици. Матичната на децата не дава од ракав и последно кога беа болни ги слушаше секој ден и кога спушти едниот на плуќа даде антибиотик. До утредента состојбата беше влошена и на слушалка имаше опструкција која наводно не била многу страшна. Јас испаничена побарав упат за козле пошто не можевме да се разбереме дали е подобро да му давам вентолин сируп или инхалации. Значи буквално додека да стигнеме во козле за неполни 3 саати малиот разви бронхиолитис и почетна пневмонија. Значи во кола додека возевме се деси тоа. Останавме во болница 11 дена. Другиот почна со симптоми 4,5 дена после и немаше ништо на плуќа и не доби атб ама го носеа секој ден на слушалка. Дента кога имаше наод на плуќа почна со атб и вентолин ама одма го прати во козле поради искуството со другиот близнак иако на слушалка по нејзиното кажување не звучел толку лошо. Додека да стигнат во козле детево развива масивна пневмонија и 3 дена беше на кислород. Најтешки моменти во животот. Испитувањата покажаа дека се накалемила бактерија и кај двајцата иако иницијално беше вирус (рсв претпоставувам) Докторката таму ми рече ова се случува кога не си ги лечите децата и одбивате антибиотици зашто така сте прочитале дека треба. Испаднав уште крива а само слушав матичен. Не сакам да плашам никого ама реално малите бебиња се подложни на вакви инфекции и состојбата драстично брзо ескалира и кога матичните даваат атб најчесто даваат од страв да не се случи ова. Некаде ќе испадне за џабе даден ама Некаде ќе спречи ескалирање ама не може однапред да се знае. Друго е кај возрасните, и да се накалеми бактерија имунитетот е веќе изграден и не се влошува толку нагло. Па има време да се вклучи атб ако има потреба. Така да не е само да се плука по докторите, некои тресат од ракав, некои делуваат од искуство. На нас останува да го најдеме правиот доктор на кој ќе му веруваме.
    Да напоменам, не секое бебе ќе развие тешка слика како во мојот случај, ние со маж ми двајцата сме подложни, секое кивање ни завршува со бронхит и веројатно си е наследно. Ама сакам да укажам на сите нови мајки да носат на преглед бебе што кашла и има секрет обавезно. И ако треба и секој ден.
     
    На Mihaela123456, H.VAGA, hello-kitty.90 и 10 други им се допаѓа ова.