Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    А од превентивно?
     
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.371
    Допаѓања:
    119.533
    Пол:
    Женски
    Оди кај ле солеил, прочитај.
    Ненавремено давање во смисла ќе си лежиш на болница ко неа 10 дена, а НЕ морало.
    Во смисла дека ќе треба и неколку антибиотици наеднаш а можело да помине со еден ...
    Тоа ..
     
  3. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.710
    Допаѓања:
    6.003
    Јас би се воздржала од вакви самоуверени коментари како атб не се дава превентивно на јавни форуми зашто ниту сме доктори ниту знаеме зашто некој доктор одлучил да даде. Што ако атб бил препишан кај имунокомпромитирано детенце каде што било оценето дека штетата од атб била повеќекратно помала од евентуална инфекција и некоја мајка прочита и реши да не даде атб зашто докторот не и дал доказ за бактерија? Во ред е да се дискутираат искуства ама не е во ред да се расфрламе со совети и претпоставки зашто некого може скапо да го чинат. Затоа неколкупати напоменав дека треба да се слуша доктор а не да се лечиме по форуми. И споредбата за тука и во европска држава кај што си ти е мешање баби и жаби. Ете таму има тестови за рсв, овде во козле каде што најчесто лежат заболени од вирусот немале буџет да набават. И што да правам јас? Да кажам ама у Словенија прават? Сакам и јас? Епа нема, јбг морам да им верувам дека знаат што прават. Или ако не им верувам да барам друго мислење кај доктори од доверба (или ресурси). Епа не сите го имаме тој луксуз.
     
    На hello-kitty.90, ladystardust, Dan.ata и 7 други им се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.371
    Допаѓања:
    119.533
    Пол:
    Женски
    Глупоштии се тоа.

    Мислам свесна сум јас дека генерално се претерува.
    И затоа сега имаме две крајности.
    Превентивно атб.
    И не даваме атб дур не легниме на болница.
     
    На hello-kitty.90, Erika.greeneyes, Rtulka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    Да па нормално немаат ресурси, и полесно е да даваат превентивно атб. Поефтино е нели?
    Не ми беше целта никој да одвртам да слуша доктор, туку дека премногу се злоупотребуваат. Сепак ваше си е. Јас ако ме читаш и кога бев во Мк не давав антибиотик и да без да има валидна причина.
    Може и треба да сме посамоуверени и малку да се крене гласот оти нестручноста ја плаќа народот.
    Па и децата.
    И многу е лесно да напаѓате со тоа дека ние не сме во Мк. Ок, не сме, ама сме биле и исто сме се однесувале.
     
    Последна измена: 5 април 2023
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    И едната и другата крајност не ја оправдувам. Кога треба и мора да се даде. Сепак останува на докторот да процени нели.
     
    На Dan.ata, velesanka и fana им се допаѓа ова.
  7. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.710
    Допаѓања:
    6.003
    Па е поефтино и немаат избор, од џеб ли да набават тестови? И мора да работат со пресметан ризик како да го изберат помалото зло. Дали е во ред? Не е. Дали го плаќаме цехот? Да. Тука се согласуваме. Ете сме станале посамоуверени вика докторката, сме читале по интернет и бројот на деца у болница се зголемил. Системот е трул, ние на фемина нема да го средиме ама можеме да направиме штета ненамерно. Еве само неделава прочитав две мислења каде не земале препишан антибиотик охрабрени од мислења на членови. Тоа не е во ред. И може да биде опасно.
     
    На hello-kitty.90, ladystardust, kalinaka и 6 други им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.089
    Види никогаш не сум рекла да не зима некој, туку само споделувам искуство. Не сум доктор и немам намера да бидам на форум. И мене ми пишаа дека е мала за Оперил и одговорив дека така ми кажа докторката. Не сме мали деца па да не знаеме да расудуваме.
    А штетата ја прават матичните кои со тоа препишување на атб почнаа да ги бунат родителите и кога навистина треба, нема да дадат. Треба да реагираат здравствените власти, апелираа доктори во короната дека се злоупотребуа, ама никој уво не го боли.
    Жал ми е кај вас што се искомплицирало, а ете можело да се спречи. Тоа е. Грешки верувај има и овде од предолгото чекање.
    Ама сега зборуваме конкретно за злоупотребата и превентивата.
    И не, не е во ред да молчиме. Нека си чукнат веќе дека здравството тоне, а плаќаат граѓаните.
     
    Последна измена: 5 април 2023
    На MeowMeow, le.soleil и fana им се допаѓа ова.
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.504
    Допаѓања:
    8.921
    Пол:
    Женски
    Имаа ли децата и температура или само кашлаа? Со секрет беше кашлањето?
    Ме интересира зошто мојот педијатар секогаш кога ќе му се јавам дека кашла, прво што ме прашува е дали има тт. Досега не ни дал антибиотик, зошто кашлицата ѝ се јавувала како резултат на слевање на секрет од синуси во грло. Обично кога настинува и ќе видам проѕирни мрсули знам дека после 2-3 дена ќе почне и да кашла и не секогаш ја носам на доктор искрено, веќе на памет ѝ ја знам таквата кашлица. Не знам дали грешам. Сега пред 4 дена имаше температура 1 ден, помина, 2 дена супер беше и од вчера и тече носот и поткашлува по малку.

    едит: сега гледам дека сум пишала во бебе 6-12 месеци, а моево е 2 и пол години (facepalm):drunk::rofl:
     
  10. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.504
    Допаѓања:
    8.921
    Пол:
    Женски
    Штом е толку активна мала е веројатноста дека ќе ти седи во игрална :D Можеш да позајмиш ако имаш од кого, ќе ти врши работа колку ручек да ставиш или да одиш до вц.
     
    На Mari-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.006
    Допаѓања:
    13.823
    Може не е за тука прашањево, но ќе прашам. Почнав многу да се разболувам.. мислам дека ќерка ми ми носи од градинка. Пред две недели бев со болно грло и засипнатост, се оправив и сега пак. Има некоја мајка со вакво искуство? Чаре? Што да земам?
     
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @Black girl и јас сум иста, моментално сум со гнојна ангина и температура имав два дена. И во бременоста и од ко се породив се можно префатив.
    Јас пијам алое од Форевер (за големиот го купив ама не го пие) и мултивитамини од Jamieson. Имав земено и од Dr. Woltz за имунитет, ама доктор ми рече не дури дојам, па го пие мм, инаку било ефикасно.
     
  13. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    3.120
    Пол:
    Женски
    Бидеќи се разви дискусија поради мојот случај еве да кажам и јас.
    Далеку од тоа дека јас одбивам антибиотик кога има потреба, да не се повторувам состојбата на бебето ја прочитавте. И не, не решив од читање на форум да не давам антибиотик, ако прочитавте и минатиот пат со коса у вис излегов од ординација кога добивме антибиотик ама дадов бидеќи имаше за што. Овој пат само одлагам, чекам причина да се даде и тоа одлагам еден ден, а не воопшто да не дадам и тоа не долго наместо денес ќе видеме утре каква ќе е состојбата, нема секрет ни кашлица само црвено грло и температура. Кој мисли дека треба да се даде антибиотик на 20 часовна температура без лош наод еве браво, ако не и вие кога ќе настинете малку земајте антибиотик превентивно…
    Нема потреба од паники и тензии тука на форум, членките споделија мислење а не ме натераа со сила да не давам, притоа ни една не ми пиша не давај, кажаа свои искуства. И тоа величање на доктори, го знаеме нашето здравство, не малку баш деновиве се збореше за тоа, секако има и исклучоци.
    Имаме и добри доктори но недовербата си го донесе своето. Ете и сама кажа ле солеил, да проценела навреме докторката немаше да стигнете до тоа нели? Ете затоа е недовербата во докторите тука во мк па секогаш бараме искуства и мислења од другите.
    Искрено го почитувам и здравството таму горе бидеќи се едуцираат. Многу се понапред од нас и треба да примаме искуства и знаење од нив (поточно докторите а не ние) а не тука да остануваме само со книгите од факс.
     
  14. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.710
    Допаѓања:
    6.003
    Веројатно не е исто на 7 месеци и 2.5 години ама да ти одговорам. Немаа тт воопшто. Почна како суво поткашлување, па се појави течење на носе, и премина во длабока влажна кашлица. Кога се влоши веќе се слушаше и свирење на градите, плитко дишење. Не ги носам ни јас на секое поткашлување, ама по себе си знам која кашлица е за загрижување, која не. Еден месец пред тоа исто се разболеа, 3 дена беше страшно кашлање, ама тогаш порано ни дадоа сируп, едниот спушти и тогаш на плуќа ама за два дена беше како нов. Другиот почна антибиотик уште на течење на нос и не спушти. Ја мислам дека тогаш беше вирусно и исто ќе пројдевме и без атб ама кој знае. Не ми се даваше ама дадов.
     
    На hello-kitty.90 и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  15. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.710
    Допаѓања:
    6.003
    Ти не си се решила поради форум ама можеби некој ќе се реши поради форум. Муабетот беше да внимаваме што совети даваме и да не изиграваме доктори. Боже сачувај да ги величам докторите, да не навлегувам во детали што се поминав ради нивна стручност и ажурност. Ама тоа е, тоа ни е здравството, ако имаш среќа да ти се погоди стручен доктор супер, ако не господ нека не чува.
    Здравствените системи никаде не се совршени, тоа се виде во ковид, ама како кај нас што е утепано и корумпирано можеби само во африка да е полошо.
     
    На ladystardust, Erika.greeneyes и fana им се допаѓа ова.
  16. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.255
    Пол:
    Женски
    Баш заради мислењава што ги разменивте јас децата ги носам директно на пулмолог за воспаленија подоле од грло, кашлици, бактерии. Матичната ми е повеќе онака, да го измери, за упати, за лесни разболувања. Супер е, не фрла лекарства од ракав ама за посериозни работи се знае дека постои специјалист.
    Малово ми е 6 месеци, стално од батко му префаќа нешто. Сигурно досега 5-6 пати се има разболено, има бактерија, сум се тресела многу пати дека ќе завршиме во болница, а тој поминува со ц витамин. Антибиотик нема пиено, а кашла како куче, шлајм полн. Дури и без антипиретик му поминувала температурата, ќе се помачи 2-3 дена ама се оправа сам.
    И јас сум за посамоуверено родителство.
     
    На Rtulka, LiquidLuna, Mari-Li и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.006
    Допаѓања:
    13.823
    Никој не и пиша на членката да не даде антибиотик, туку да побара и
    второ мислење. Не знам каде прочита такви совети.
    И јас само споделив дека мојата ја клукаа на секое со антибиотици превентивно, тогаш не барав ни јас втори мислења, туку исплашена давав. А истата докторка на моја блиска и викала вирус е и и давала исто антибиотици, па доби цревна инфекција од тие антибиотици. Орл и специјалист педијатар, конкретно Искра од Ремедика, ми кажаа бебе, дете што често се разболува или спушта треба да се испита зошто е тоа така, а не двапати во месецот антибиотик, најлесно е така.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.828
    Мајки да видиме која од вас низ слично минувала.
    Бебе досега го заспивав со цицање. За да скратам ноќни подои на еден маж ми почна да го нишка. После систематски ради преголема тежина ми рекоа оброк-подој-оброк со разлика од 3 часа. Така му се паѓа прва и трета дремка со нишкање да го успивам. Втора и вечерно успивање со цицање.
    Е сега проблемот е што вчера на вечерно успивање не сакаше да цица.
    Заби вади, закукан е, кога и да е шести скок ќе го фаќа... Од ова протестира, или се буни за начинот на успивање?
    Додуше и сабајле кога стана не сакаше да цица, прво маж ми го носеше па тогаш фати...
     
  19. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.941
    Пол:
    Женски
    Буквално сум цело време болна. Но, не од што ми носи големото од градинка туку од премореност. Имам пишувано колку ми е захтевно бебе, па имунитет ми е целосно паднат. Со месеци бев скоро секој ден со пролив, не знам колку пати температура имам качено, болки во цело тело, омалаксаност и моментално сум и јас со гнојна ангина. Продолжив да ги пијам витамините од бременост, ама не помагаа, дополнително земав и ц витамин, за железо пијам и јадам мед со коприва, и двапати до сега пиев по шема изопринозин во консултација со доктор. Останатото ми се тековни терапии со антибиотик, пробиотик, чаеви....
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  20. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.710
    Допаѓања:
    6.003
    Да имавме малку поише доверба во нашето здравство немаше да има потреба ни од носење на специјалисти ни испитувања на своја рака. Еве конкретно Словенија, носиш бебе на преглед, му прават испитувања се што треба не ти ги ни даваат резултатите ти викаат добро е или ти даваат терапија и тоа е тоа. Овде толку е нарушена довербата што грдни пари даваме за втори трети мислења по приватни болници и специјалисти. Читаме сами, толкуваме сами, се консултираме по фејсбук и форуми. Правиме испитувања на своја рака. На запад не можеш баш така лесно да отидеш и да си испиташ сам. И може да биде опасно. Не секој може да донесе правилна одлука. Да за самоуверено родителство ама тенка е границата со небрежност. Сепак не сме доктори.
     
    На VirgoStar, ladystardust, Rtulka и 6 други им се допаѓа ова.