Точно. Еве на синко денес му е полошо, ми крена над 39 и имам приватни лабаротории, ама што кога мора лекар да препише терапија. Кај нас баш тој е проблемот, немање доберба во системот. Туку еве јас не паничев за вирус, ама после случајот во Битола, без памет сум. И пак ќе носам деца. Не дека не и верувам, ама родител си и се плашеш. Но јас можам да пишам дека сум против антибиотици, а бев и за синко, ама доколку ми каже доктор, јас давам. Оти сепак тој има диплома. Затоа кога бирав матични, бирав каде ќе се. Многу е битно да имаш доверба. И на крајот, сите деца се различни и различно се носат со вирусите и бактериите.
Еве од денес почнуваме со антибиотикот. Денешната крвна слика покажа вирус, ординацијата кај што го боцкам ми кажаа според крвната слика не е за антибиотик само повеќе течности, сепак доктор да го види и ќе одлучи. Бидеќи вчера одручекта почна да одбива храна и да јаде со плачење, го однесов кај друга докторка, грлото не е црвено ама има наслаги на крајниците. Поради тоа ми кажа да почниме антибиотик. Прашањето ми е следно. Како да го зајакнам имунитетот после антибиотикот? Земаме витамини на baby vit, се мислам да земам и молерс наместо babytol. За храна не е проблем јаде се, што да давам почесто од храната ?
Мајки бебе е 10 месеци има три оброга и цица . Кога треба да воведам ужини наместо цицање преку ден? Ве молам за совети
Мајка и пробиотикот е многу битен за имунитет, здравјето доаѓа од цревата. И разноврсна храна, здрави масти, протеини, витамини и минерали.
Majki 9 meseci sme na doejne sega ke trrba da pocnam da go ostavam od koe mleko bi bilo najdobro da davam no da ne e AD
Јас имам на микролајф. Дигитален и бесконтактен. Дигиталниот мери како живин. Бесконтактниот малце отстапува, ама и тој е тука некаде.
Него јас да ве прашам, немој еден ден да помине без мое прашање Користите ли фактор на лицето на бебињата кога излегувате? Ако да, кој бренд и кој број на фактор?
На слабо сонце до кај мај, не. После тоа мачкав ама секако го шетав додека се трпи сонцето, на одмор нели обавезно. Инаку, Биосолис од Белина имам ставено слика на некоја претходна страна.
Имам пишувано во мајчински, јас пред околу 2 недели син ми го изгорев на сонце Сеуште немам земено и јас крема со фактор бидеќи се расипа времево ама тоа ми беше за ум
Лелеее Ама јако беше тоа сонце затоа најдобро бебињата да бидат заштитени, барем стреата од количката.
И со стреата од количка, и свртен обратно од сонце седеше цело време. Е тие два три пати во раце што сме го прошетале веднаш го фатило сонце
Да си се искажам зашто ќе полудам. Добро, се прашувам ќе го одмине ли нешто моево бебе? Големата ми е со затнат нос, еве и малото ко да се затнува. Аман веќе, ми иде да треснам глава од ѕид. Една што ја знам ми кажуваше дека помалото дете не фаќа ништо од поголемото. Ова кај нас не знам што е.