Фен пушташ да дува? Ние со white noise заспиваме од ко е родена, пуштам на тв на YouTube и се исклучува телевизорот сам автоматски по неколку саати. Се навикнавме сите веќе и темна е сликата со бебе на видеото, таман е светлина за преку ноќта колку што ми треба да ја гледам.
До мајките со ексклузивно доење: Почна бебе да јаде доручек па сакам да тргнам подој. Ме интересира како би идело за сите подои понатаму за замена со оброк. Дали кога ќе ги тргнам дневните ќе ми се намали млекото за навечер или си се регулираат градите? Треба да одржувам некако лактација преку ден? Претпоставувам се регулираат ама ме мачи па да си прашам.
@Alexandrite Од тоа почнува да плаче зашто знае дека е време за спиење. Плаче во кревет, плаче во количка, во раце… никако не се успива. И јас white noise пуштам.
Ние сме веќе со три оброци, не успеав да скратам број на подои. Ама помалку цица количински/временски, а и градите ги осеќам помалку ми се полнат, таман колку што и треба, нешто плус. Паметни си се Не пие многу вода, мислам дека повеќе цица заради жед и гушкање. А пак за третата дремка сака да си заспие со цицање. Значи ручала и после пола час бара да цица за да заспие, ќе тргне 3 пати и е одјавена.
Мајки ве молам за совет, дали да купувам пумпа за измолзување, ке тргнам за месеципол на раб па да складирам млеко за бебе се мислам.Бебе јаде, има скоро три оброка, 7 месеци е, тогаш ке биде 9, ама долго ке сум отсутна по 10 часа, мора да пие млеко измеѓу или да има ужина?Ајде една ужина може да биде јогурт, к.млеко ама пак мислам млеко ке му треба? До сега не сум се измолзувала не знам ни дали ке успеам.Да давам ли пари за пумпа што мислите дали вреди? Каква пумпа користите вие што одмолзувате?Препорачајте ве молам. Јас имам една рачна од али ама не се снаоѓам со неа.
Ќе му кратам јас, конечно стигна до 100-130г оброк, првиот ќе го кратам и да здивнам малку, ептен е цицољуб мојот, секако по цела вечер ме цица. Прашањето ми е дали треба некако да одржувам лактација преку ден за да не се изгуби млекото или сами ќе си се регулираат градите, да си терам најнормално?
Има две опции на фенот. Јас на помалку бучно го ставам на ладно да дува. Од телефон не функционира. Гасам светло, мртва темница и фенот. После додека уште работи, пуштам вентилатор на телефон, па го гасам. Жива среќа што уште работи
За здивнување подобро е да му намалиш од цицањето навечер. Инаку да, градите сами ќе се регулираат, не мора да одржуваш лактација.
Јас терам најнормално , сами си се регулираат цица два пати во текот на ноќта , во 12 преку ден и во 21 пред заспивање , имаме три оброци воведено до сега .
Јас давам доручек во 9h , цица во 12h , ручек 15 h, вечера 18h и цица во 21h нормално пола саат плус минус ако и се јаде порано , не бара да цица во меѓувреме најверојатно ја држат оброците сита и два пати ноќе станува , додуша ноќеска за прв пат не стана за цицање до сабајле до 7 ама затоа мајка и цела ноќ беше будна ја чекаше да стане
Јас купив пумпица на почетокот ама не успеав да измолзам повеќе од 40мл. Ја купив за да имам некоја резерва дома. Тогаш имав повеќе млеко сега со 3 оброга и ги намалив подоите сиг нема да имам ни 10 мл. Јас ја имам на чико рачната моја другарка вадеше и по 100 мл со неа. Според мене не купувај подобро нека јаде млечни ужини или ако прифаќа ад. Кога ќе се вратиш од работа ќе цица.
Јас оставив само да се регулира. Ќе се прилагодат градите. Не може скроз да снемаш млеко, има мајки само еднаш пред заспивање ги дојат децата со години.