Јас се измолзувам постојано. Од причина што не фаќаа од града, решив да инвестирам во пумпа и еве и ден денес иако имаат 3 оброка, кога им давам млеко го молзам а веќе сме 10 месеци. Земав електрична на медела од Зегин и сум презадоволна (со рачна немам искуство). Муабетот ми е дека ми е начин на исхрана па вложив повеќе, но тебе ќе ти биде по потреба повеќе и сум слушнала дека се задоволни од електричната на Чико, што е значително поевтина. (Оваа на медела е 14.000 ден) Со среќа
А ги јаде цели оброците? Мислам по колку грама јаде на оброк? И што даваш на пример за појадок,ручек вечера? И како напредува? Јас не се осмелувам сеуште вака да функционирам пошто не ми ги јаде оброците и упте и ако не цица скроз гладна ќе биде. Повеќе сака да цица отколку кашите.
И кај мене беше така ама само упорност. И моите не јадат многу количински, ама сепак сигурно по 120-150гр од оброк. Појадок секогаш овошје(круша, авокадо, банана, јаболко) со житатица (овесни снегулки, полнозрнесто просо, бисквити). Ручек телешко/ домашно пилешко со зеленчук(батат, цвекло, моркови, млада тиквичка, модар..) или тие денови кога давам жолчка не давам месо. (Пример спанаќ, морков и ориз). Вечера: гриз, грчки јогурт, палента со кисело млеко и ноќни кашички (јас давам на HIPP).
Јаде доручек и вечера по 1 мала тегличка 120г, а ручек сега воведуваме јаде околу 40-50 г, ама до тогаш ке јаде сигурно повеќе.До сега е добар,јаде се што понудив, плус цица и после ми бљуцка, ама мислам дека е од прејаденост.Не прифаќа никакво шише ни цуцла ни клунче, не сака ни вода ни чај ни сок, па се мислам дека можда мое млеко бидејки го познава по вкус можеби ке сака да фати шише, барем за заспивање.Јас ке сум отсутна од 7 до 17ч дотогаш мора да има 2 оброка и 2 ужини или млеко па да продолжи со цицање кога ке се вратам.Да пробам со ад не верувам дека ке го прифати затоа ми е идејата да се измолзувам.Млеко имам.
Како реагирате ако и а алергиска реакција? Денес дадов кашичка со мисиркино месо и нз дали си правам филм како црвенко на грбот
Само што се вратив од редовна контрола , 300 гр има качебо за 3 недели , јас мислам дека се повеќе ама ок ке ја премерам после на мојата вага Сега зборев со докторката , значи јаде по 190 - 200 гр на оброк , нека е жива и здрава , кака по 3-4 пати на ден , по тоа гледам дека јаде солидно и пак малку напреднала , како и да е , пак ќе кажаж нека е жива и здрава само инаку за доручек најчесто давам житарка со овојше , пример овесни снегулки со вишни и банана.. просо со јаболка и цимет... За ручек три пати неделно месо , и обавезно ориз или комир , денес имаше само зеленчук и дадов готова кашичка на хип , две од 125 имав, една и е малку, двете и ги стоплив викам колку јаде толку , ги слапа цели За вечера млечно нешто палента со јогурт,со к. млеко, гриз со овошје.... и пак малку качува ... инаку никогаш не сим и давала по две лажички или три , ниту пак сум ја форсирала , колку и се јаде толку...
Таман ми е некако , околу 8 и 30 станува , околу 21 и 30 заспива и таман и доаѓа , е сега кога ќе тргнам на работа докторкава ми рече цицањето во 12 со ужинка да и го заменам и порано ручекот да биде па ќе видиме нека тера вака уште малку, а што од прилика за ужинка даваш? Овошје нешто?
Овошен јогурт му правев со малку маџун, некогаш пудинг на хумана мислам беше. После годинка и од тие смукалчињата му давав.
Вежби за развој на телото. Само на стомакот го ставаме да си игра. Дали можеби треба и некои други за поттикнување на станување?
Не треба ништо освен ако ортопед не ви препорача. Ако се исправа да седне кога го држиш во скут можеш да го фатиш за колкчињата за да се исправи. Тоа беше единствена препорака од ортопед.
па стави го на под на меки коцки. Сам ќе вежба. Од стомак на грб и обратно, па лазење и седнување да усоврши и после станување.
@velesanka само на под мила. Кога мислиш му здосадило на бебето легни и ти долу и расфрлај му играчки блиску до него, ама надвор од дофат. Да го поттикнеш да ги фати.