Температурата беше спадната 2 дена кога се направи вака. Затоа ќе почекам целосно да оздрави, наредна недела ќе пробам да му дадам пак. Бидеќи вториот ден се појави веднаш после молерсот, затоа се сомневам.
Можно е. И некако многу неубаво спие. На секој саат ме малтретира за цицање. А вака не гледам дека е рапаво на непцата.
@Alexandrite подуени се непцата? Од тоа цицаат ноќе најчесто. Мојата петто запче извади овие дена Пред да излегуваат се гледа запчето низ непце и тогаш е екстра нервозна и се лигави, кој знае колку е мачно дури пробие.
И на мојот посебно деновиве му многу црвенеат образите. Се сомневам на заби ама уште нема ништо. Забележав дека му се екстра црвени во собата каде што грееме па се сомневам од топло да не е
Па да. После помината температура се мисли кога бебето имало температура пример неколку денови и после тоа се појавува после неколку денови. Или ден два. А не додека ја има тенпетатурата. Барем кај нас беше така .
Вие мислам некоја недела помали сте од нас. 5то запче кои запчиња ги извади? Мојава ги има двата кеца доле Ај кога сме кај забиве да прашам мислење. Од завчера кога цица од еднава града осеќам голема болка дури ми се плаче се мислев да не имам нешто од тие блистери,рагади и слично. Ама нема ништо вака. Се е ок. Е сега кога цицаше тој ден како крв видов. Изгледа ме касна. Можно е од каснувањето со запчињата олку да ме боли сега со денови,дури и на допир ме боли.
@Erika.greeneyes има долу две единици и горе 3 запчиња, двете единици и двојчето целосно пораснато смешна е. Грицка и мојата некогаш ко ќе си игра и боли многу. На големиот исто вака наеднаш му излегуваа повеќе запчиња и од две години доење само тогаш ко ме касаше доев со силиконски Мачкај ланолин, ќе помине.
Добро утро, влеговме во скок број 6 Сама на себе, со лесно да си кажам ))) заби нема, па и тоа ус пат низ скоков иде и тоа
Блиску се со возраста, моето девојче има 9.5 месеци. Исто почна во градинка и нормално носето, секрет. Ама зошто превентивно давање антибиотик, инхалации со кортико и сл? Јас само инхалации со физиолошки и правам, повеќе течности и тоа е, мора да се помине овој период се додека не се влоши
Леле мајка, извини вака ама превентивно антибиотик и кортико? Со што ќе ве лечат кога ќе е бактериско или бронхит не дај боже? Ова е скроз нормално за деца во колектив, супер се децата што поминале само со растечено носе. Прекини тоа и шетај ги надвор, повеќе витамини и минерали, ќе си се ујачаат вака. И смени педијатар.
И јас денес ја носев, ноќта почна да кива, носето се затна цело и малку поткашлува. Само витамин Ц и спреј за нос ни препиша.
Зошто превентивно Алмацин? Ај да имаат бактериска инфекција, температура, но само за растечено носе нема логика антибиотик. Плус самата кажа дека нема подобрување, значи антибиотикот е џабе даден.
Мојава уште нема ниту едно забче, а 8 ипол месеци е. Туку не јаде ништо. Паднала 200 грама за 5 дена од што е болна. Само цица, ама и тоа не е ко што беше. Се надевам ќе си се врати на старо. Сега изеде едвај една кашичка од големите од кајсија и крушка и јас ставив бисквити плус.
Мајки со машки бебиња едно прашање. Бебето ми е 10м курето му е сеуште затворено и не му се отвара кога пробувам при капење. Еден педијатар ми вика да му го отварам со сила друг ми вика да не го чепкам воопшто. Педијатарот што ми рече да го отворам му го отвори насилно еднаш кога беше помал се утепа од плачење, дури и крв му пушти ми рече и ти дома вака да му правиш, ми беше жал, го чепкам малце ради хигиена и пак му се затвори. Кое е решението за ова, дали значи дека нема воопшто да му се отвори и ќе треба да ја сецнат кожичката?
Направив глупост со Пико Ц капките секогаш читам упатство, сега прво и дадов 7 капки од водичката па видов дека треба прашок од капачето да падне внатре да ги користам или да купувам нови? Поконцентрирани ќе се вака со помалку течност внатре.