Како се организирате со оброците пример кога е време за давање оброк а треба да излегувате некаде, шетање, на гости некаде било каде?
1. Готови кашички. 2. Ако не даваш готови, тогаш кога ќе ја направиш кашата додека е жешка одма ја ставаш во тегла да се вакумира. Максимум до 3 часа може вака. 3. Лесен оброк понуди тој пат. Пример овесни снегулки со к.млеко, бисквити со грчки јогурт....нешто што можеш да го ставиш во теглички и да го направиш веднаш.
Воопшто ич не се отвара? Јас им ги отварам само на бањање (до душа големиот веќе знае сам), на крајот од бањањето откако убаво ќе омекне кожичката ќе повлечеш надоле колку што дозволува и малку повеќе од тоа. Некогаш може да напукне ама ништо страшно, не ги пече, не ги боли, на следно менување пелена ќе видиш заздравено е. Можеш докторот да го прашаш за некоја крема да мачкаш кога ќе напукне, да не ти пишувам од ракав. Не знам кај какви специјалисти си била, дали од педијатри конкретно ти се двата совети, мене вака ме советуваше педијатар уролог.
Значи јас немам бебе, јас има ЅВЕРКА!!! Ни јаде, ни Бога моли. Доручек направен несака да чуе Готовоа кашичка па ич! Ајде цицаше и ставив кеса за урина со намера после цицање дека ќе се измоча. Ја чекав и се приспа бе Ај и ставив пелена и заспа. Стана за саат ипол сува барут. Ни мочана ни ништо. Ај се промрда по дома и давам да руча. Клешти не и ја отвараат устата уште па се кара, се фрла, се треска од земја. Проверувам пак пелена, мочана буквално 3 капки, ама буквално Ќе ме збудале мене ова дете. Не е мала 8++ е треба три здрави оброци од преку 100 гр да има а она нема еден. Има некој во слична ситуација? Да се гушнеме не за друго
Воопшто, ептен е тесно отворчето. Мислам бетер се направи откако го отвори педијатарот насилно. Едно време се отвараше малку, сега ни толку. Бев кај обични педијатри, матичната вели отварај а во Ремедика кај Живковиќ бев ми вика воопшто не чепкај.
И јас одам кај Живковиќ, сега уствари си го вратив филмот дека само му го отвара и толку, ништо не коментира за тоа ама му се отвара убаво на моево. Што знам. А Симеонов во Систина (детски хирург е, не знам зошто во глава ми е уролог) рече обавезно да се отвара и чисти. И на крај останува сама да одлучиш, стандард со нашиве доктори.
Има… ние сме 10+ и скарани сме со јадење… некогаш знае да се залаже да изеде 50-70 грама и толку. На прсти бројам кога изела цел оброк од 120 грама. Леб џвака и плука, некогаш ќе голтне ама не и е баш баш, бисквити на Хип, глода само и плука… Кој што сака нека каже, наредно давам чоколада баш да видам дали ќе јаде.
Претходно не ми се веруваше, си викам абе ај толку деца да не јадат ништо… ама сега си ќутам. Чоколино, кексолино, фрутолино, све пробав, исто како тебе… и тоа ќе стисне устата и се смее онака, пе*ерски да не речам. Као, ноу тенкс мама. Па уште ко ќе почнат, “а со зачин си пробала??, “а кромитче, лукче??”… ДА, СЀ СУМ ПРОБАЛА, НЕ ЈАДЕ.
Леле значи попукав по шавови. Твојата плука, мојава се дави бре Со цел мерак кекси и земав ќе јаде ќе учи да џвака таа се исподави. Абе вода незнае да пие ни од шише, ни од чаша со клунче, ни од обична....ама како цица
7месеци.. треба 2 оброка, ние уште ко на почеток, вкусови по 5-6 лажички на ден. Максимум му е пола тегличка
и јас сум во клубот нејадачи со мојата. Па ко за беља ми се поцрвени денес од банана, едино благо нешто. Ужас
Пробав и тоа, изеде една плус лажичка и толку. И она е болна цел месец, ама филм наназад откако почнавме не јаде @V.N. И она се гади, не дај боже да не е изблендиран овесот или да има некое парче Па тоа глума, грозење едно На почеток готовите малку ќе ги каснеше, сега и тоа нејќе. Давам киндер имуно прашок од пред некој ден, ќе пријавам ако магично се разјаде од него.
Киндер имуно не за над година? Башка тоа за имунитет јас ко што знам, не се сеќавам дека и отвараше апетит на големата. Ма да ако е тоа чарето кажувај
Да, за над година е ама ни го дадоа зошто премногу и е паднат имунитетот и ставаме од малото пакување по една мерна лажичка. @Inamya Пробавме и со беби вит, ништо посебно не видов… растат горни кецови ама барем еднаш ќе каснеше од 3 понудени оброци