Мојава денес утрово овошната каша со бисквити и вечерата инстант мусли со овошје и банана плус ги изеде, ама проблем е ручекот кој едвај неколку лажици проба. А мора да јаде и месо, риба, јајце, зеленчук. Уште сол да ставам и да видам дали ќе јаде.
Пробај со јаболко да ставаш во зеленчукови, јас така правев за камуфлажа... И постепено намалување и сега без ич јаболко поминува.
Јас давам капки имуно дропс , витамин ц, молерс и ваја со д3, бебето јаде.Давав и бејби вит ама ги потрошив и сега веќе недавам од нив доволно се и овие што ги пие.
Она е фан на банана, јаболко само не сака баш. Да ставам малку банана ако не. Банана и телешко Или банана и риба
И моите не се фан на јаболко Али проѓаа ручоците многу работи по наше не идат Али у ресторан се иде слатко- луто ( буковец и мед) слатко кисело, и многу други чудни комбинации. Не викам да пробаш со банана, ете пробај со јаболко може ќе сака.
Леле па цела екипа нејадачи имало. Мојава не знам каде да ја сместам. Некаде измеѓу е. Кај неа проблемот е што вака бара да јаде од нејзиното ако ме види со нејзиниот тањир или хранилката се тепа. Мислиш маф ќе направи. И кога ќе и дадам само отвара уста мислиш којзнае колку е гладна и секогаш пола остава. Почесто ни 100гр не јаде. А се случило да изеде и 150 или 190гр во подобри денови ама еднаш или два пати до сега. Често бара да цица. Ми делува дека е гладна кога и спремам се тепа и неколку лажици и се заситува. И се мора мазно да е. Ради таа причина се блендирам или од кутија давам. Просо од кутија. Од тоа другото се давеше иако блендирано. Палентата не ми ја засака. Денес и давав телешко со зеленчук и месото не ми се изблендира убаво тоа како конци на јазик ги чуваше не ги голташе не се труди ни да џвака. Мислам кога ќе научи. Сакам веќе и парчиња да давам. Ова блендирано ме нервира.
Јас и на големото, сега и на бебево воопшто не им ги чепкав. Еве големот сега на 7 години сам си го отвори. Ако не му е црвено или не му прави проблем при мокрење не би чепкала
Јас почнав да се сомневам во моето млеко.Бебе цица па јаде, па пак цица, денес му дадов доручек па цицаше и заспа па ручек изеде скоро 100 г јас земав да пробам да се измолзам, на прва проба извадив 110 мл ,и почна он да кенка прекинав молзење продолжи да цица.После заспа околу 8 се разбуди му дадов вечера просо и банана изеде мала каша, после бљуцна 2-3 пати и пак на цицка.Цицаше да заспие пак и еве го пак сега се промрда цица малку и продолжи.Дали млекото мое не го заситува, не е дебело бебе, активен е многу, дали ла троши многу па затоа цица.Многу ме нервира кога ке ми кажат дај му да јаде на детето гледаш дека е гладен демек џабе цица.
Колку грама каша треба да јаде бебе од 6-7 месец? Вие колку им давате? И колку оброци треба да има. Моето е од групата на јадачи, само првите неколку пати се мрштеше дека уште не знаеше што треба да прави сега колку што ќе му дадам толку ќе изеди, а и цица многу.
Бебињата цицаат и кога се жедни кажи им на паметните околу тебе. Еве мојава не пие вода и после јадење ако успеам да и бутнам нешто за 15 мин макс, а некогаш и плаче од хранилка да ја земам да цица. Ќе цицне малце и толку. Тоа и е за жедта да ја угаси
Исто и мојата цица за жед, а и првото дете. Тој вода почна после година да пие, после кашичка обавезно цицаше.
Јас давам имуно дропс,витамин ц , давав плус и бејби вит па ги прекинавме сега.Бебето мое беше анемично и плус на 5 месеци 2 пати лежевме во болница од ларингит а на 6 месеци прележа сипаници.Ако е здраво бебето и ако цица освен пробиотик и евентуално витамин ц друго мислам дека немаш потреба, така барем давав предходно на поголемото синче кога беше бебе по препорака на педијатар.
После 13 дена од бато, генерално полесно помина бебето од големото, имаше многу осип и 3 дена висока тт.Уште има некои корички на главата што не се паднати.А големото 5 дена изгоре тт, нема кај не се исипаа и двајцата, плус големото и во уста и грло партал, и кашлица, катастрофа, цел март со сипаници се расправавме.Сега не го пуштам во градинка малку да ојачаат ама малово изгледа заби го мачат, ме користи како цуцла се пореметив веќе.
Што може да му биде на бебево, заби изгледа не се, со чашка видов, ништо нема, мислев дека има. Со прст пипнав не осеќам заби. Постојано кенка и цица без престан. Прееска како кечер ми рипна врз мене, ме дрпа за маица, ништо друго не го занима. Три ноќи не спие како што треба, се буди цело време со плачење. Таман почна да спие преку ден надвор од моите раце, пак по старо. Што си беше мило едно време, пак се повампири.
Уживај бебе цица кога сака и колку сака еве моево денес изеде цела кашичка со мевце и душа ме тегне да цица се смееше на глас кога му дадов си сакаат близина си гасат жед и слично
Ние сме без 3 дена полни 9м па сме 8кг, нека се само здрави и живи одат во висина повеќњ периодов затоа помалку качуваат плис ако се и настинати одма им се приметува на душичињата.