По правило не треба да се отвараат насилно бидејќи се ствара со секое напукнување ожиљно ткиво и станува понееластична слузницата за да се отвори но им останало од порано насилно отварање на некои педијатри....се отвара додека дозволува самото кожиче не да напукне ама кај нас нема уедначеност по многу педијатриски прашања па ни по ова за жал, секој лекар своја политика
дали ви се случило од сон со врискање да ви стане бебето? Одвај ја смирив, гласно и вознемирено плачење, што може да е? Сега цица и ок е
леле души, прв пат кај нас. Се вознемирив и јас. Може да се заби, гледам многу и се набабрени непцата
Последниов месец и кај нас се случува, едниот близнак да заплаче гласно во спиење, дури некогаш и кога е ептен потонат во сон и спокојно спие во мене, наеднаш може да викне. Заби да никнат, абер немаат. Јас сè препишувам на регресии, скокови, преживување на тоа преку ден што го прават...
Внука ми е 18 месеци и уште и растат заби, станува навечер, не спие, плачки, некогаш температура и секогаш за неколку дена и излегува заб.
Мојот сега горе вади, исто се понаша како сите погоре што опишавте. Ама смешно ми е доле има две единици и сега горе двојката му испадна а единиците горе не мислам @kristina.k имаше слична ситуација? Ваљда и единиците горе за брзо ќе испаднат?
Девојки од кога отприлика им се формираат бемки на бебињава гледам некоја точкичка нз дал е бемка или нешто друго секако сме на педијатар после велигден ама баш чудно ми дојде…дали ги мачкате со фактор? Препораките се нели до 1 год да не се мачка ама во количка колку и да штотиш пак фаќа некако,што фактор имате пробано? Тој на грамаде го има ли некој да сподели?
I na moja beba i se pojavi bemka na nodzeto Inace ja mackam so faktor, posto jako e soncevo a baska i mi se scrveni ednas od sonce
Мајки на машки бебчиња Дали кога ги преоблекувате и кога ги бањате си ги чепкаат доле половиот орган и составните делови ? Мојот многу и не само што го чепка туку му е налутен го гмечи се си мислам ќе си го откорни.. го бањам со ракавици оти нема шанси да не си направи гребаница на него... Фаза му е некоја или ? И до кога трае пошо цел месец ова го прави веќе