Јас го ставам во кенгур кон напред и така седи мирен за инхалации, шетам, го нишам, играм, пеам дури трааат да е мирен.Од вчера почна пак да му се фаќа гласот да засипнува, направивме две инхалации до сега со синомарин и кортиер и му се пушти сега ке му направам уште една.Ова веќе му е 4 пат, тоа беше терапијата предходно па овој пат не се ни јавив на матичната сама си дадов
Моментално цела недела се бориме ама буквално. Земав и носко, прскам со Бекутан спреј,синомарин, инхалации и правам. Секрет уште има, денес почна и да поткашлува па ќе видиме во следните два дена. Некој ако има нешто плус да дополни што да правиме совети примам!
Мајки вчера бебе спиеше со тесни чорапи. Фактички сите му се тесни, но прв пат се направи линија црвена и не поминува од сабајле. Ви се случило ли некогаш? Опасно ли е?
Мила и на моето сите му се тесни, буцко е трик ако сакаш да ти кажам му ги сецнувам кај ластикот горе сите чорапчиња му се засечени малку.
Зависи до кожата. На мојава така и се направи како крвта да и се собрала од ластикот што ја престегнал. И замисли со месеци и остана како флека не и се тргна уште ја има.
Како капки се ? Колку единици има една капка? Јас и давав по 5 капки од пливит ама бавно и се затвора фонтанелата и ми рече да смениме на маслени капки исто од 1000 единици. Досега давав солдевит 1000 ама скапи ми се па да пробам од вигантолот.
Јас да, од пред некоја недела. На био солис ја земав 50ка фактор. Доста исчитав и се одлучив за таа, има добар состав.
Општо фактор се препорачува над 6 месечна возраст, нема врска 25 или 50… Конкретно овој што го користам е за над 6 мес а има и на мустела 50 за над 6 месеци.