Маж ми ги зеде во Врање. Ама во групата на фб Соба за доење и ад имаше една девојка која постојано носи. @Mari-Li неам приметено тешко да паѓаат. Дали истренирав живци со Неонате на Бејбитол па овие и бргу ми паѓаат.
Туку вие што сте 8 месеци како спиете? Спиеше од 8 до 7ипол,па 8 ипол до 7,за сега последни три дена да стане во 6ипол. Регресијата е? Премногу спие преку ден? до 2ипол-3 часа дневно му се фаќа.
Бепантен маст. Немала испукана уста ама што и да се појави на лице дали брунка или ке се изгребе и ставам и и поминува.
Кога почнавте да ги ставате на нокшир маливе? Некако гледам последно се во таква седечка позиција полни пелени некои знам и после 6ипол почнуваат
Ќерка ми е година и 4 месеци и не е спремна за нокшир. Некаде прочитав дека до 18 месеци не се свесни за мочкање/какање. 6 и пол нели е малку рано?
Прерано е на шест месеци. Пред година мислам дека е рано. Има разлики кога е соодветно да се учи на нокшир во различни земји и култури, а има и разлика меѓу машки и женски деца (девојчињата научуваат порано во просек), но пред годината мислам дека е прерано. Ако се почне прерано ќе му треба подолго време да се научи односно тоа ќе си научи кога ќе созрее а не кога ние ќе почнеме да го учиме. Мислам дека после година ипол негде е подобро, ама може и до три години, зависи од дете до дете. Се следи детето и кога ќе се забележи дека е спремно се почнува со учење. За да научи да користи нокшир, треба да има: Бар малку свесност дека му се примочува и прикакува и да има осет дека му доаѓа нагонот. Да е заодено за да може да отиде и да седне на нокширот. (не може бебе што уште не седи стабилно да го тераме на нокшир) Да може да одложи уринирање, на пример да станува непомочано, со сува пелена после спиењето или отприлика некој два часа да е суво додека е будно. Односно да може да се воздржува малку подолго од вообичаеното односно да има некоја контрола врз тие сфинктери. Да покажува дека му смета да е водено и какано со гримаса, некој звуци или со збор Ќе почне да се крие за да врши нужда Да бара да седне на нокшир или да врши нужда како големите...
Јас од осанит не гледам разлика нит па од нешто друго, сватив дека процесот мора се истера. толку беше фален осанитот очекував чуда изгледа јас
А на која возраст ги дававте? Прашувам за 4ипол месечно бебе и не знам како се даваат на таа возраст..
Со гелчето 6+ почнав кога и излегуваа првите запчиња, а гранулите сега ги најдов германските 7+ сме Гранулите до 6 пати ми рекоа на ден по две во аптеката, е сега мислам немат ограничување за користење ама пак нека каже некој што користел
Хелоууу мајки. 7++ е бебе и овие два дена се смени наеднаш. Почна да вика, да црка како да се кара. Сака само да стои на ноџиња ама секако не може сам па цело време го држам јас за раце а он си стои на нозе и си игра и се смее И приметив вчера бевме на гости и виде мало девојче, 3 години и почна да и вика оооо ооо како да ја кара и налутен дури изгледаше. Нормално е вака да се однесува? И навечер сеуште станува по два пати за цицање Вашите на оваа возраст како се?
Дали некоја мајка се соочила со алергија кај бебе на адаптирано млеко? Како се манифестира? Дали ако има алергија на адаптирано ќе има и алергија на млечни продукти? Се црвенее околу уста веднаш по давање на кашичките со млеко. Кога ќе го избришам лицето се губи за 5 минути. Денес давав јогурт, немало реакција претходно никаква, сега и на тоа имаше црвенило.
Мајки едно прашање, вашите бебуши дали гледаат од 19:10мин на прва МТВ цртани? Гилигилис и Иги Попс, има и после со мајмунчето Кукули ама на тие само песничката му е интересна. Моево не трепка кога ќе се појават цртаните, ќе ги изгледа и правец во креветче. Ме потсети на наша возраст со мечето Ушко. Што гледаат ако гледаат вашите малечки?
Моето гледа пред ручекот. Пуштам на yt песнички, дали со пајчиња, мајмунчиња, итн. на Little baby bum или Super simple songs. Вика, ништо не го занима. Вака барем ме остава пола саат, да зготвам, кренам, средам. Инаку многу сака пајчиња им се смее, се радува. После гасам и го раниме пајчето што се бања со него и така го занимавам.
Ај пробај со некој млечен продукт што не е кравји. Да исклучиш алергија на кравји протеин. Има едно овчо кисело млеко на Алпско, 6% масленост.