Мајки гледам во некои од готовиве каши има и ванила. Дали сте давале и од колку месеци? И дали и тие по 3 дена ги воведувате како нов вкус?
Мамички, од кога почнавме со цврста храна имаме проблем со празнењето (7++) Избегнувам храна која ствара запек (морков, компир, ориз), му давам праска, кајсија, јаболка, круша, суви сливи...и пак тешко иде Како да му помогнам, дајте идеја
Во ноќните скоро во сите има ванила. Ама мојов никако не ги сака тие ноќноте каши. Не воведував три дена.
Авокадо многу му помага на моето. Какаше едвај еднаш на ден, многу тврдо, сега кака по 3 пати помеко.
Можно ли е при вадење горни заби да затресува глава и да мумља ко да се жали, како напад па и проаѓа? И во спиење го прави тоа, како да се бори и тегне коса и увце, едниот кец горе е спремен да излезе. На што се не помислив, до егзорцизам дојдов
Сите заби така ги извадија. Тегнење коса, чешање, удирање по лице, вртење глава лево десно, некогаш проследено со плачење некогаш само кенкање. Најчесто у спиење.
Каков хорор било ова Се извадив од памет, долните кецови не ги вадеше вака демонски Заедно со 7ми скок…
Горните мислам дека апла повеќе ги болат. Јас не осетив кога ги вадеше долните ама затоа овие горниве душа ми извадија. А и кецови и двојки наеднаш вади
Супер, ќе остаам крстената вода тогаш А дали сте забележале лош здив при вадење заби? И тоа го забележав, мирисот е чуден, го имам забележано на уста кога дишела само, ама сега и низ нос дише убаво, се прашувам да не е од воспаленото непце.
Колку време трае регресијата во 6ти месец? Бебе 4 вечери по ред се буди во сред ноќ и црка на цел глас, ниту во раце со нишкање ниту во креветче не се смирува додека не се расони. По расонување најчесто е буден еден час, си игра си се смее во креветче па ќе заспие сам, ама неколку пати ми заспа и по кратко време. Регресија е или нешто друго? Се плашам нешто да не го боли. Не е класично плачење, туку пискање и цркање
Мајки што доите, дали сте успеале да дадете цуцла на вашето бебе? Ако да, како ги примамивте бебињата и со која марка?
Давав до 3-4 месец, после тоа веќе не. Филипс (зелените, медицински) таква во болница му ставаа. Сметам дека веќе нема потреба (7месеци е) и мислам колку порано де одвикне толку подобро.
@Калатеа моево пред некој ден го извади вториот кец горе и само с'ска по цел ден, ко змија да имам дома.
Како ви е редоследот на јадење за 1 год? Колку пати на ден им давате млеко? Моето пие после градинка, пред заспивање и навечер станува еднаш до 2 пати
Знам дека е полна темава на нејадачи има некој плачко по јадење како моево? Искрено ретко мерам колку грама јаде ама тањирчето што ми е мера собира околу 210-220 грама. Јаде со апетит и почнува да плачи кога ќе станам со празно тањирче, моментално е во 6 скок, што се случува да не му е до скокот? Наредната недела ќе полни 9м и веќе имаме 3 оброци.
Леле не знам што е полошо, да не јаде или да незнае за доста. Ај ќе изберам вака да остане бидеќи со нејадење не можам да се помирам.