Да не јаде е полошо. Првото ми е јадач невиден. Исто плачеше за јадење ако нема веќе, а кашата била 220г. До ден денес мора да држи храна за да заспие. Нека јаде бебе.
Каков ви е распоредот на јадење кај 6-7 месечни бебиња на ад, со два оброци (околу 100гр)? Колку шишиња и колку мл млеко?
Леле палентава Мојата цела недела само тоа јаде, доручек, ручек вечера со тоа завршуваме. Се тешам боље нешто него ништо
И јас не воведував по 3 дена... Само ја почетокот дадов еден ден морков, после морков - компир, мешано зеленчук, паеден ден праска итн после се со ред Гилигилис и јас ги изгледав некни со ксилофонот свиреа нешто
Здраво. Ми треба совет за 8 месечно бебе. Беше на комбинирана исхрана и доење и ад. Ќе си цицаше после цицање ќе повратеше малку. Исто и со ад. Ајде повеќе му беше, вишокот го враќа. Ама еве уште е така. Значи и 60мл да испие млеко мора обавезно да поврати. Сокче да му дадам малку и тоа ќе го поврати. Што и да јади мора да поврати. Легнат сакам да го држам после јадење ама не лежи никако. Се сака или в раце или да седи или в дубаче. И тоа придонесува за повраќање ама се плашам да не има некаков проблем. Во килажа до последно си беше супер, си напредуваше. Ве молам за искуства..
Јас не успеав, 6 ипол месеци е. Пробав со авент зелената, бибс, мам, бејби лав… Едноставно сватив дека несака и тоа е тоа.
@Sara.Be моето вака порано правеше и совет беше да не се легнува по јадење, туку исправен да е. Само не му го стискајте стомачето. Очигледно е дека не се прејадува штом и од мала количина повраќа, и секако на педијатар за ова. Не ми текнува до кога е нормално да си повраќаат.
Не го легнувај после јадење , подобро нека седне едно 15 мин. Исто така легнато немој да му даваш да јаде или да пие млеко. Секогаш под агол од 60-90 степени.
Инхалација со физиолошки мора од доктор или може и на своја рака. Бебе е малко затнан, а не сме во државата каде што живееме па неможам да ги носам на неговиот доктор. 7 месеци е и ако може како да дозирам?
Ау мајчице. Мене мисловна именка ми е да ја заспијам без цуцла. Ама престанав да дојам уште она пред да се освести
Кога го заспивам со нишкање гребе, штипе крупно, па ситно ситно ситно , па млати со песница и ќе се измори и ќе прилегне некако на раме... Значи ко со мачка да се имам борено, вратот ми е лом.