И мојата мава, ако цица ме гребе со ноктињата на гради, штипе, ме куби во косата и последно ко ќе не и се спие многу грицка со запчињата, а 6 има и тоа ме гледа в очи поднасмеана да види реакција. Мачиња мали
Ние во рака заспиваме а ретко на цице, ама почна многу да ме куби и така косата ми многу паѓа уште да ме куби фали. Менува одма фаца и знам дека се спрема да ме куби и гребе. Сака да ме гризне ама не може има само едно запче.
И јас се смеев прво ама сега боли многу, денес крв ми пушти со големиот силиконски користев во периодот на гризење
Моево на цице заспива, ама обожава да ми корне прамени, да ме штипе за лице и не знам како нокти има, нон стоп сечам, а ме гребе, ме касапи. И седи така со раката во вис, како Фреди Кругер, чека жртва за да му ги зарие тоа прстињата, а јас со вратот према наназад, не знаеш дали егзорцизам некој ми прави или се молам да не ме најде за да ми направи масакар на лицето. И ако не ме најде, обавезно чорапата ја наоѓа и ја тегне и тегне и тегне се додека фуп не ми прелета преку глава. Па сега спиеме со една чорапа најчесто. Не знам што манифестација е таа. Маж ми од тие нокти како Хари Потер шеташе. Имаше гром на чело.
И мојата истото го прави , тегне коса , увце , се удира по главчето знае да стабе во сон со пискање , исто вадиме горни заби , денес приметив едното пробило , однесувањето го препишав на забите
Како сте генерациски другари? 9 ипол месеци ми одминаа многу брзо, не ми се верува дека роденден ќе почнам да планирам наскоро. Тоа дека уште од пред да се роди ја знаев темата иначе ќе го планирав од сега. Беблак уште е по цела ноќ на цице и не знам кај ја наоѓам енергијава да функционирам преку ден. Ама сеа е во некоја фаза, памперс не може да му се смени исто ко во кланица да го носам а не на маса за пресоблакање. Тоа вриштење и пиштење, тоа претање да сака да избега, хорор. Менувањево пелена заедно со станување од кревет кога бебето ќе заспие навивам да се прогласат за олимписки дисциплини. Па тоа си бара соодветна гимнастика бре! @Kolache na mama другарке по мака како сте? Јас да се пофалам отфрливме кашички скроз на скроз и се префрливме на парчиња. Многу се радувам што нема да блендам воопшто. Гризе и џвака ко да има полна уста заби, а не само 5. Ама упорен е. Сеуште нема соодветни оброци, ама на добар пат е. Еве само што заврши неговото парче кашкавал, па зобна и од мојот тост со путер и кашкавал. Јагоди највеќе сака да мези. Ако продолжи вака после една година ќе се префрли целосно на нашата исхрана адаптирана на неговите потреби и кратам доење. Се надевам и твојот дечко веќе си јаде регуларно и немаш веќе мака. Поздрав девојки и генерациски малишани.
Мами овој крем дали го има некоја користено? Или препорачајте некој добар без хемиски филтри за бебе.
Многу ми е мило. Гушкај бебе и кажи му браво од една тетка од форум дека почнал да јаде. Моето е супер. Воведов и вечера. Да ми кажеше некој пред три недели дека ќе има три оброка, ќе бев во шок. Се надевам ова е светлото на крајот од тунелот и нема веќе да затемни. За мене, за тебе и за сите мајки со бебиња нејадачи. Ноќите исти. Цицољуб најголем на свет. Ме фака паника како ќе издржам кога ќе одам на работа, а искрено не помислувам сега да кратам ноќни подои, мал ми делува, иако секаде пишува дека не му требаат на толкаво бебе ноќни, поготово чим има солидни цврсти оброци. Ама мекуш сум признавам, жал ми е, а не дека јаде, ме користи како утеха и цуцла. Пелена едвај менувам од новороденче. Ако ти кажам дека подлогата ја тргнавме веднаш, не ја ни користевме, а за поголемиот до 8м. ја користев. Тоа се моите деца, целосна спротивност во сè. Олимписка дисциплина да се прогласи и за бебе кое почнува да се исправа на сè, поготово на хранилка додека јаде. Буквално жива вода сум после секој оброк, стани седни и така во круг. Ако го заврзам, вришти до помодрување и не јаде, а тоа не го сакаме никако.
Нема врска што е на природна база, битен е составот, дали тревките се алергени. Прашај си педијатар, најсигурно ќе ти каже. Инаку сирупот е многу добар за кашлица