Имаме 11 месеци, веќе две недели слабо ми пијат млеко т.с само навечер пред спиење 120 и околу 4 сабајле 120, нели е малку? Да воведам ли ужинка или рано е?
Друштво истава порака што ја пишав во др тема ќе ја пишам и тука, пошто сре поактивни тука. Сори за долга порака. Ве молам за една консултација со тие што сте имале проблем за спиење а сте го надминале веќе. Иако, не можам периодов многу да се пожалам за неспиење на беблациве, ама сакам да го доведеме во ред и како правило. Заспиваат околу 19:30. Макс до 20 часот. Имаат 7ипол месеци. Навечер даваме млеко Ад пред спиење, често заспиваат со млекото па ги ставам во креветче, ама некогаш и ги легнувам, па имаат фаза на гугање, па ко ќе не можат да заспијат кенкање, па земање во раце...тапкање по газето...настрана вртење... зборување, зависи колку се опуштени така и се однесувам. Прашањата ми се следни: 1. Заспиваат со цуцла. Е сега, ноќе се будат само прикенкуваат, тогаш најчесто се подразбудуваат и бараат цуцла пошто им паднала, станувам само ќе им ја дадам и продолжуваат, или ќе го свртам едниот настрана, два пати тапкање по газето и продолжува. Ама ова се случува во ноќта 5-6 пати (ако не и повеќе). Дали ова значи дека ја преспиваат ноќта или имаме уште работа? 2. Дали преку ден затемнувате просторија за спиење? Претходно спиеја на светло во дневна, ама почнаа со рачињата да ги кријат очињата и почнавме во спална да ги носиме во креветчиња и на потемно. Се научија во креветчиња, ама тука имаме повеќе нишкање за заспивање отколку навечер. Како успевате да ги заспивате преку ден, полесно? Кај мене, пошто најчесто сум сама со двајцата, олеснителна околност засега е што едниот е помирен и помирно лежи во креветче, чека да го успијам братчето, па да го земам него. Ама никако да заспијат само ако им зборувам, читам, пејам... 3. Како се третира цуцлата во програмиве за спиење. Како да се одвикнат од цуцла за да не ја бараат ноќе кога ќе се подразбудат, да можат сами да продолжат да спијат...? 4. Од 8 или од 9 месеци де веќе по две дремка во денот? Фала ви
Хаај 1. На добар пат сте, ќерка така се будеше само за цуцла после некое време се научи да ја плукне и да си продолжи. Ретко некогаш знае да се подразбуди за цуцла ама кратко трае. 2. Да. Не мртва темница ама да, кога е потемно поубаво спие преку ден. Е за полесно не знам, ние сме во војна со дневни дремки откако е родена. Мислам дека прво се преморува па потоа заспива. Ама ние сме каша попара, никогаш нема заспано со зборење, пеење, читање. Секогаш се караме и јас јадам ќотек 3. Кај нас само од себе си помина. Еден ден ја бараше, од нареден ден веќе можеше и без неа да си презаспие. 4. Ќерка на 9 месеци имаше две. Или ниедна. Зависи расположење
Многу тешка крема, ја ставив на мене, се препотив. Levrana од Белина 30ка фактор нема титан диоксид, супер е. Можеш и од Weleda, добри се, нема хемиски филтри. Без бои и парфеми ти се Frosh и Ludwik. Бар да имаа уште едно преку ден. Воведи ужинка. Ништо не е 1м. разлика.
Јас све мијам во машина, користам сомат таблети. Што има врска? Не стерилизирам се мијат на 60 сгепени
Фала ти многу Со цуцливе си велам ке почнам да пробам да не им ја давам секогаш, суптилни да бидат транзициите на одвикнување. Ама некогаш побрзо и полесно ми е да затнам со цуцла и да продолжиме
Секогаш ми е полесно така Во сред ноќ сите тројца бараме цуцла низ кревет. Зборев во некоја од темите - и купивме ноќна цуцла за да ја наоѓам
1. Ние сме 9+ па уште заспиваме со цуцла и искрено не ми смета но навечер кенкаме појма немам зошто веќе 1 месец по 10-15 пати и сум како зомби, барем да е за цуцла, вака запче ни се појави една боцка пред Велигденот и уште не е скроз никнато, во меѓувреме стомачен вирус со повраќање и завршивме за 1ч на инфузија а денес од ништо температура 37,8 2. Пробав да затемнам денски но видов дека и со затемнето спие исто како и на светло и баталив за да не ми помеша ден-ноќ, а заспиваме исто со пеење и приказни 3. Јас мислам само ќе ја батали цуцлата, се повеќе ја плука но не се откажува од неа сеуште 4. Ние имаме кога две кога 3 дремки
Мојава кај да ја сместиме, во банана бебе Денес изеде три оброка, тоа дека ручеше блитва и ориз со павлака. Утре ќе ја видам со рибата, ама сега ќе и дадам парчиња. Јаде кајгана, и печам компир оти само така внесува зеленчук. Јаде парчиња. Заљубена е во мене, штом ме снема, станот го крева од рикање. Дремки нема оти само си ги одмара очите. Спие точно за да идам да мочам или какам. Заспива на цице, во меѓувреме ми брка во носот и тоа моментално и е омилено. Ме кубе, без коса останав. Нокти сечам, ама она пак гребе. Дома изеде се што има, се успеа да стави во уста. Утре ја ставам во дубак, оти веќе кога ќе го види столчето за хранење мислам добива нагон за побраќање. И така, лудо ни е по дома Бебка ми е во елемент.
OK!!! Да немам грижа на совест. Баш ќе го поставував прашањето Оти цело време се плашам дека грешам, дека претерувам, дека треба да намалам... А и од баба му цело време слушам дека е голем, треба помалку да цица, да јаде повеќе манџи,попари, супи... (И се чувствувам како да сум јас крива и со сила му давам да цица ) Мојот цица исто на 3 саати, ако шетаме да сме надвор да му е занимливо може са сврзе некогаш и 4-4ипол (но некогаш) И јаде два пати по пола кашички така бар јас ги сметам *кај пладне еднаш *Кај 17ч уште еднаш Останатото доење и водичка нешто измеѓу Дали има сличен ко мене?
@Leonessa Moon три оброци, вода, понекогаш и мезе кога ме гледа како бесрамно јадам, а на бебе не давам. Пак си цица пред и после секоја дремка, а ги има три на осум ипол месеци Моја препорака е да не се замараш многу со како треба теоретски да биде. Јас мислам дека си цицаат колку што им треба, не повеќе не помалку. Следи си го бепчето.