Забче е. Денес бебека го извади првото, мислам денес го видов. Цела недела е со баш ист секрет од носот, што проѕирен што како бел густ и зеленкаст. Само синоќа се будеше и плачеше, ама ништо страшно. Синко по три вечери не спиеше и плачеше. Јас и зедов дубак. Знам не препорачуваат, ама мора во нешто да седи. Не ни знае да оди во него. За преодувалка се мали, обично ги користат откако ќе преодат.
24 степени ни е дома, не загревам пред банање. Д3 со омега и една капка вигантол ќе давам цело време не ми кажаа да прекинам.
Мојава ниту лази , ниту сака во џампер , плаче се корне на неколку пати пробав неможев да ја смирам после и вратив тоа се , среќа позајмен беше ама си седи на под со играчки нема гајле .... и пее.. и дрдори.... од станување до легнување
Јас прекинав со бејбитол рибите гадливи. Ме мрзи да станам да ги видам како се викаат тие д3 што одат на рецепта евтините (ако мислиш на нив) Кога мислев дека малиот реагира на Молерс матичната ми ги препиша и ми рече да давм по 3 капки на утро. Е кога продолжив со Молерс и ги прекинав нив. Плус давам едни витамини на babyvit па таква комбинација ми иди доволно д3. Добив потврда и од матичен и од апотекарката.
Околу 22-24 степени се движи. Д3 посебно давам, омега посебно Д3 давам 5 капки по препорака на ортопед, до лето толку понатаму со 3 капки продолжуваме.
Можеви само така се поклопило со сите симптоми ама на моето мила така му почна некоја респираторна вироза
За колку единици си одредува педијатарот. Бебе зема стандард доза, а ако ортопед или педијатар одлучи, може и да ти ја зголеми. Инаку го бањам на 20 степени.
Кога почнуваат да лазат бебињата? Како да го стимулирам да лази? И кога учат да не паѓаат на глава? Купив оградица, наместив подебели коцки, го вртам пред мене, за ако паѓа да падне врз мене. Вчера како успеа на страна, и тоа не кај мекиот дел туку кај шипката што ја држи. Имаше црвенко, не плачеше, повеќе се исплаши јас што викнав, ќе морам да се контролирам. Од сега па натака вака ќе биде? Мислам дека срце ми се смрзнува. И уште нешто. Шести скок како изгледа? Да се спремам да се трујам со време или се преживува?
За неколку години Ќе мораш да се контролираш. Ќе ти каже ако го боли, ќе приметиш а многу често ќе се чудиш како може да не го боли. Шести скок не сум го осетила ама седми и последниов, десеттиот.... Мамето ми го расплакаа
Така ќе биде со паѓањето, само што почнало твоето. Ќе паѓа на глава додека лази, па кога ќе проодува, дури кога ќе научи да ги става рацете за да си ја зачува главата ќе се намалат џумките. За да стимулираш лазење само оставање на под со играчки околу бебето, друг начин нема. Прво ќе се тегне го нив, може да лази на назад, да се врти во круг, па војнички и дури потоа на коленици.
Има прекрасни совети педијатаркава, можеш да си погледнеш чисто информативно иако развојот на секое бебе е индивидуално. Има бебиња воопшто што не лазат директно се исправаат и проодуваат. Се што е после 4 и 5 скок мислам дека смешка беше. Како и да е, штом се случува голема промена не се исти бебињата И за паѓањето на глава ќе научи здравје кога ќе прооди тогаш на раце почна да се задржува моево. До тогаш и лазејќи знаеше директно со глава во паркет да удри Само смирено, така растат, а на нас по едно ново бели влакно секои три саати
Мајки здраво денеска ке се измолзам за млеко да и даде мајка ми на малата, почнувам со работа.Е сега ме интересира во што го чувате млекото одмолзено во шишето што ке пие или нешто друго? Прв пат вака па не ми е јасно Фала
Како ја помина? Секако ќе правам крвна слика за бебе да видиме железо, тој зошто почна покасно да јаде и не му беше сјајно, па ќе покаже кс дали има нешто плус. @JuLleE какви се препораките таму за чиа семе? Од кога се дава? Следам една на инстаграм вика чиа да се дава после 12м. дека предизвикува надуеност, болки во стомакот и можна дијареа. Мада вика и за какао дека е после 12м., а јас му давам веќе на бебе ради крвта. Иначе се те мислам, наместо света банана, дај му на бебе урми тој ден. Пример: гриз + 2 урми + јаболко (или кајсија) + дренки. Многу е благо и убаво. Бебе бара уште секогаш. Зш и мојов сака благи работи.
За две години. Се преживува, да. Иако ќе ти обели косата, ќе преживееш. Бебето не мора да лази. Можи прво да научи да оди па да наули да лази.