Навикни се, јас дека второ ми е и сега сум спремна инаку паничев, се плашев. Не дека и сега ми е сеедно, ама знам дека е така и така ќе биде. Инаку и мојата не лазе, синко од 6 ипол месеци лазеше, оваа само се обраќа. Секое дете си е различно. Не знам и не ми ни текнало да прашам. Искрено не ни знам дали ќе и дадам. Исто како со амарантот. Ни јадеме ни ќе давам, а овде ни во градинки не дават тоа. Хељда, киноа даваат, ама чиа и амарант не. Какао сум дала од ноќните каши. За урми не се сетив, ќе и земам, фала што ме потсети. Ама кај нас проблемот е во ручекот. Јаде само блитва и ориз, еве вчера и дадов грашок и телешко и плуваше. Денес пилешко ќе пробам со тиквичка, компир, блитва и ќе ставам павлака оти јаде со млечно. Најдов еко кокошка што пасела на трева Да видам ќе пројде ли. Инаку јаде, се освен зеленчук
Ортопедот ме советуваше да ја ставам на подлога подолго време и играчките на растојание за да има стимул да лази накај нив да ги фати.Мојава прета у место и после некое време ја забива главата у подлога и или дреме или плаче Пробај може ќе успее кај вас Јас сум упорна, некогаш си играме и вртам одредени играчки нс растојание и пружа раце, прета со ножињата ама мала е уште, ќе се научи, ама пресмешни се
Знам дека не ти прави проблем за доручек, малку да ја паузираш од бананата. Месо ако даваш 50г., намали на 30г. Ем нема да го осеќа, а присутно ќе е, така ќе даваш помалку, а почесто. Всушност така е и најправилно, дека месото многу им го оптеретува желудникот. И ќе ротираш зеленчук што сака, другите по малку исто, ама да се вклучени и тие. Они паметни, ама ние попаметни. Ориз чим сака, ќе даваш еднаш тоа, еднаш просо, секако просото е благо, ќе ѝ се свиѓа. Блитва ќе менуваш со бејби спанаќ. Едит: И црвената пиперка ја открив. Дава и таа убава блажина.
И мојата не лази, ама јас не ја ставам на под. Сака да си седи на кревет и да си игра со играчки (телефон и даљинско по можност ) и кратко ја ставам во дубак ама во место само.
И мојата не лази 9 месеци е уште малку па 10. Од грб на меше се пребртува и од едно место на друго можам да ја најдам.
Сака просо, менувам. Еве сега кус кус ставив, пилешко, малку пиперка, морков и тиквичка. Па да видам дали ќе јаде. Не го сака и него. Чудо, а благ е. Она тиквичка сака и компир. Кога почна со дохрана, цвекло обожаваше. Сега не. Не знам што се случи со бебево. Инаку многу сака да јаде. Кога ќе ја види чинијата нејзина, скока од радост. Е после ако не и е по мерак, плука. Исто оние смукалките ги обожава, бисквитите. Млеко АД со бисквити многу сака. И палента. Синко до денес јаде млеко и бисквити и палента. И банани исто ми јадеше и јаде. Јас секој втор ден купувам по 2 кг банани. Банана фемили
Како спремаш кус кус и со што комбинираш, сакам да им воведам дека е брзо за готвење ама немам идеи со што иде дека немам јадено освен во салати
Давам за вечера со павлака или урда. Пишува да стои во топла вода 10 минути, ама јас ни за синко ни сега не го оставам да стои, туку варам како палентата. Не многу, околу 5 мин. Зимам од ДМ. Ако додавам во ручекот, ставам на крајот.
2 дена со тт до 38, затнато носе ама сега прв пат ни се затнува и бебе нервозно плаче се тепа по носе по глава, грев да ти е да го гледаш. Вчера се подоправи а денес е каде каде подобар
Ќе може ли слика да знам да пратам маж после да земе. Фала најмногу! Денес прв пат 1/8 жолтка дадов. Бебо ја сакаше. Како ви се препораките за воведување жолтка? И лосос воведе?
Шести скок нешто како 4ти и 5ти, само многу пократко трае. За лазење, ако веќе се врти во круг за многу брзо ќе почне да се влече или да се исправа на колена. Само ставање играчки околу него и пиј кафе на раат. Паѓање на глава хаха, ќе почекаш Сега поголемиот учи да не падне на глава кога скока од кујна. Бели влакна колку сакаш.
Од 6 ти месец давам јас, и тоа прво пола, нареден ден цела жолчка и следно белка. Лосос исто 6 месец оти овде риба и месо се дава одма. Јас зимам свеж лосос и исто давам орада свежа. Белата ја сака повеќе.
Моето бебе не се дели од мене, ако сум до него ке се игра, се смее , гука, ако е на под мора до него да сум и се игра ако станам иде по мене и плаче, ако спие исто, денски кога спие ако сме во дневна спие во раце ако го однесам во спална спие на кревет ама до него да лежам, ако станам одма сензор ме фаќа.Ноќе спие цела ноќ стуткан до мене, цица и не пушта, ке се одалечам полека по некое време пак до мене се стуткал и спие гушнат,креветче нејке ни да го види.Од 3 месеци е вака сега ке прави 8месеци на први.Не сака други да го држат, ретко кај кого оди на кратко,дури и кај мм не седи многу ако ме види одма ме бара.Се скарав со домашни обврски и готвење, 24 часа сум посветена на бебето а и на бато да не е љубоморен.Куќава веќе хаос е, се површно набрзина чистиме со мм ама плаче за генералка.Првото синче беше многу весело бебе и многу сакаше луѓе, кај сите одеше без проблем, не плачеше по мене и многу пати ми беше криво на пример кога тргнав на раб и кога ке се вратам ке дојдевме во исто време со дедо му и тој кај него трча мене не ме ферма, и се викав сакам бебе што ке биде лепенка за мене и ете желбата ми се исполни и ич не ме нервира.Само како ке се разделиме кога ке тргнам на работа не знам, кој ке плаче повеќе, уште еден месец дружба имаме , си летна времето.