Јас два пати прашував ама никој не ми одговори. Нашите се тука некаде, колку оброци млеко има и колку кашички, по колку грама? Пробувам да воведам кашички ама многу тешко оди, два месеци веќе како почнав и се изгубив колку давам, што давам. Малку и сипаниците ја зезнаа работата, морав да паузирам. Овошје јаде колку толку ама зеленчук теорија нема, едвај и батат јаде. Не може да изеде повеќе од 70-80гр, некогаш 30гр ќе изеде и запечатува уста.
И ние сме хаос со каши. Не јаде повеќе од 50гр сигурно, веќе престанав и да мерам, колку изеде толку, ама секојпат после каша пие млеко. Уште немаме оброк замена за млеко и не верувам дека во скоро ќе имаме. Станува во 7 пие 150 млеко, околу 10 ипол пак 150 млеко. Околу 1-2 давам каша (зеленчуковите ми ги сака повеќе затоа прво воведувам ручек). Е тука сме хаос. Се раниме еден час за 3 лажици, јас лом, тој лом и чинијата е пола на земја и пола врз хранилка. Па околу 3 180мл млеко и следно е пред спиење околу 7 пак 180 млеко. Станува еднаш навечер пие 150 млеко, некогаш се случува уште еднаш да стане ама испива макс 100 тогаш. Значи пие околу 5 пати по 150 и 2 пати 180. Ова во нормален ден, има и хаотични денови каде што нема никаков ред. А јас сум опседната со редот за јадење и спиење
Јас мислев само моево бебе не јаде а веќе ке прави 7 месеци. Саглам оброк нема, почнав од мака да давам два пати, ручек и вечера ќе му дојде
Мајки, бебе е 6 месеци, почнав со водичка и чај, на доење сме , па сакав да ве прашам какво шише да земам?
Јас па те читам во денешно мени и помислив дека твоето се разјаде штом си почнала и со втор оброк. Вчера бевме на преглед и за еден месец само 400гр има. Педијатар упорно ме убедува да не форсирам јадење, полека, колку сака толку и дека до 8ми месец ќе почне да бара повеќе. Си го чекам фамозниот 8ми месец
Да, и јас во 6ти воведов месо. Само риба неам дадено, досега пилешко, мисиркино и телешко само. Јас жолтката со страв ја давам. Ќе идам 3 дена 1/8. Па пауза, па 3 дена 1/4. Па пауза. Па после 1/2.
Ако веќе си решила жолчката да ја даваш по шема, не даваш 3 дена по ред па пауза, туку 1 ден даваш па 2 дена пауза. Или ќе си одбереш 2 дена во неделата и тогаш.ќе даваш, пр. понеделник и четврток ќе даваш, другите денови пауза.
Мајки Сакам да одам во солариум (еднаш-два пати само така по 15 мин) Не сум била никогаш и мерак ми е Ќе одиме со господ здравје на одмор јуни, па ете да не сум бела скроз Дојам, но и се храниме 8ми месец сме Читав дека е ок, дека може Освен ако сакаш да ги покриеш брадавиците Мислење/Совет?
Не се иде вака? Да напоменам дека кога ќе дојдам до половинка 2 дена би давала, па пауза, па после цела еден ден. Зашто 3 дена по ред цела жолтка е ту мач.
Јас со првото воведував по шемата еден ден жолчка па 2 дена пауза. Така ми беше кажано од педијатар, а знам и други мајки што ја следеа таа шема. Некако многу ми е 3 дена по ред да јаде жолчка. Со второто воведов жолчка веднаш. Ставив во кашата цела и колку изеде, изеде. Следниот пат веќе дадов со белка.
Со препоракиве за храна искрено да не знаеш кој пат да го фатиш. Не хранам дете по “стари” како што правеле ама денешниве препораки ме излудуваат, кога ја читам Јуле и некои други од странство се мислам што се нашиве деца поразлични па има толку огромна разлика. Или како и секогаш додека дојде тоа до нашиве педијатри таман ќе имам внуци па за нив ќе важат тие препораки
Со оглед на тоа што ќе иде во градинка на 8-9 месеци, а таму оброците се со јајце, набрзинка ќе му го воведам. Ќе си мислиме дека сме во странство
Малата неколку дена велеше мама, знам дека не е свесно со значење уште ама наеднаш престана. Нормално е?
Цело време така праат, два три дена се опседнати со нешто и наеднаш прекинуваат. Мојава беше опседната со бабабаба и наеднаш престана. Сега на ред е папа. За мама изгледа ќе си почекам.
Мојов па баба не ја вади од уста. 2-3 дена пауза и пак. Еве денес пи му вика на врапчињата. Ни мама ни тата ни ништо. Тој баба јас ајде ма-ма. Не и не
Мојава со недели веќе вика мама Кажува и папа,тата,деде,геге,баба, и слично. Ама мама по цел ден хехех