Со вода само. И тоа 200 мл вода, веќе ставам путер и лажица и пол палента. Додавам секако млечно и не ставам АД. Денес правев овесна каша со урна, малку банана и јаболко. И додадов АД. Ама АД не се вари и топле, значи на крај додадвате. Варам јас на вода.
Што убаво, не те болат раце, манекенка. Среќа мојов се заигрува со се и не треба многу во раце да го држам инаку и јас ќе бев како ќерка ти манекенка
Мојава на 2 часа бара... А со 3 оброка е. Оф колку слаба точка ми е темава, со ова темпо нема да ја триплира, по 300 грама месечно додава.
Девојки што точно да избегнувам јас од храна за да не му смета на стомачето? Исто дали се препорачува да пијам некој чај и каков? На него не би му давала чаеви. За грчевите давам Еспумисан по потреба, не на секое доење. Преку ден е мирно, обично навечер околу 4ч. знаат да го фатат. Не плаче, само си кенка и се мачи да испушти гасови. Правам масажи, вежбички, топли облоги и мислам тоа помага да не станат поинтензивни.
Мила и моето така, помагаше да го легнеме на меше кај мене или сопругот. Пазете само да не заспиете така. Од храна мешунки, зелка, спанаќ и цитрусни мислам сметаа. Од капки од ништо не видов разлика, беше период кој мораше да се истрпи.
Чајот од алкалоид лакта микс ги содржи билките и за грчеви што ги содржи чајот за бебиња колку толку ќе помогне преку млекото. Ани кога многу плаче ја соблекувам гола и се смирува пробај и така. Во зегин исто има масло за масажа за грчеви од Фрезидерм околу 350 ден е. Еспумисан можеш да дадеш и до 5 пати на ден до 25 капки ако ептен јаки грчеви се во прашање.
Далеку сме од проодување знам, сакам да купам патики што ќе бидат лесни за паткање и нема да му паѓаат од нога да ги барам по улици со количката Имате предлог некаков за машко?
Полни сме со достигнувања периодов. Минатата недела првите две запчиња ги изваде, па почна скрос сама со леснотија да се исправува од лежечка во седечка положба, па да станува сама во транспортното креветче (се држи на оградата), и од вчера почна веќе со лазење. Во недела дена све ова. Инаку бебе е 8 ипол месеци.
Adidas lite racer ако успееш да ги најдеш некаде. Топ патиче, мојот прооде во нив и сега пак му земав. Во sportikum најмалото бројче е 22ка, измери му го стапалото и барај, тешко се наоѓаат бројчиња за таа возраст.
Првите му беа плави, сега црни му земав. Во право си, за помало дете поубаво е нешто во боја. Први патики најдобро е во живо да ги видиш, многу се важни дека ќе прооди во нив.
Да, тоа е предноста. Со синко така кога ќе кренев потешко бебе, ептен мачно ми беше оти он слаб Колкави сте вие? Ист ден раѓавме Ич да не ти, еве го синко сега не можам да постатсам со јадење, ама пак си е слаб. Битно јаде и да се здрави. Има едни пинци леле не знам како се викаат литературно. Тука се цопати, кај нас ги носат играорки или балерините, синко имаше кожни такви и со нив прооде. За после адидас ги имаат најмеките и најдобри патки за мали деца. Сега и јас ќе барам. Отприлика вакви се
И мојава исто ем често бара да јаде. Значи три оброка си има. И плус цица често и пск слабо качува. Нема шанси да триплира. Претходниот месец ниту грам немаше качено ради забите. А овој месец околу 500гр качила.
Јас општо несакам црна патика и во било која друга боја, само бели патики купувам и за мене бидеќи најубаво со се ми се комбинираат, некако ми грее ногата во бело Па доколку точно го измерив минатата недела 10.500кг (прво се мерев сама па се мерев со него) А кога беше болен 2-3 недели можда поминаа имаше 9.500 со комплет облечен со памперс. Оо кај нас нема нормално нешто не пак вакви Проблемот е што има подебела нога и не му влегуваат нормални патики со нормална големина колку ногата