@Bebetoo на синко беа од hippo.mk, пред 9 години. И овде инаку го има babycentar.mk, мислам дека и иста фирма е. И во Цицибан треба да има.
Има ли нешто за апетит?! Бебињата се 11 месеци, неколку денови слабо јадат по 4-5 лажички и едвај 200 мл млеко.... Нема на подвик заби. Како да ги разјадам? Оти ќе останеме ептен манакени за роденден
Скок во развој можеби. Еве го два дена тт има, освен цицка, ништо не можам да му ставам во уста. Трпение само, наше е да нудиме, нивно дали и кога ќе прифатат.
Офф изгледа кај нас нема од до скок . .. По понашање цело време у скок... Едноставно такво се родени плачковци и инает чии мислев ама мислев ќе се сменат не и не! Кога не пуштија од раѓање ми рекоа имате бебиња плачковци не ги носете по доктори.
Колку дремки имаат бебињата околу 9-10 месеци? Моево спие со 10, заспива една дремка од два саати кај 1, потоа кај 6 заспива пак саат два... сега станат е од 7, а сеуште неможам да го заспијам... Ова се развлекува две три недели... А заспивањето претешко. Се мислам дали да намалам само една дремка да е....
Ништо не е докажано дека смета кај бебе доколку јаде мајката. Ќе видиш ти како ќе реагира бебе, доколку нешто му смета сама ќе приметиш и исфрлаш од исхрана. Мада во тој хаотичен период, кога бебе се мачи а немаш како да му помогнеш би направила се само да му олесниш. Има мајки кои јадат се и бебињата не знаат што се грчеви меѓутоа и тотална спротивност мајки кои внимаваат на се и пак имаат. Така да најдобро ти е по пат на елиминација доколку нешто смета. И да не заборавам додека да испробате се од капки, масажи, термофори и сл ќе поминат
На таа возраст треба да се будни околу 4 часа пред вечерното спиење, а измеѓу дремки околу 3 часа. Не разбрав, спие до 10 сабајле? Кога легнува навечер? Инаку за возраста треба да има две дремки теоретски.
Зависи од бебето. На некои помагаат капки, кај некои ништо. Период е, ќе помине. Кај нас ништо не помогна. Капки давав, масирав, вежби со ноџињата, ставав термофор на меше. Пиев чај од ким, давав чај од ким. Инаку не јадев јас ништо што создава гасови. Не јадев салати, грав, грашак, леќа, праз итн. Претежно на компир, ориз и месо бев. Не знам ни зошто не јадев кога пак имаше грчеви. И тоа не беа слаби, туку интензивни. Тоа е тоа што можеш да направиш. Мислам дека додека не созрее дигестивниот систем се е само експериментирање и фрлање пари во воздух. Така што чим кенка само и не плаче пуштено на најјако, ти си среќна мајка. Само повторувај си ,,ќе помине".
@Bebetoo Мислам дека овие имаат перниче на влошката. Ортопедот каде што ги носам моите, препорачува обувки без перниче и лесно да се виткаат кај прстите, пример како што се патиките за трчање на Најк или Адидас.
Мене па ми кажа каков најк, адидас и слично(зошто носеше патики на преглед), ако веќе сум и облакала да биле меки и лесно да се виткаат. Овие пример се со патент кој оди и од долната страна и се меки и лесно свитливи, додека другиве биле премногу крути и не можело бебе да биде во такви, нема ни како да ја превитка ногата а не да пушти чекор и сл. Не дека мојава одеше тогаш па да пушти чекор де ама рече најдобро боса а ако веќе “мора” во вакви.
Моето има 10мес и има 2 дремки. Станува 7 ипол, прва дремка од 10 до кај 11 ипол макс и 2ра дремка од 3 до 4 ипол 5. Ноќе заспива 8 ипол до 9 најкасно
Кај кој ортопед го носиш? Не сите модели на Најк и Адидас се соодветни. Тие што се како Nike star runner 2, Nike revolution 6 се соодветни, но тие како Adidas Grand Court не се. Баш за Nike star runner на контролата ни кажа супер патики сте одбрале. Тие обувки што имаат перниче внатре можеле да направат искривување на стапалата и нозете.Таквите како Kegi shoes и Ciciban ги има само на нашите простори каде што сеуште се препорачува и широк повој.
Снаа ми ги носеше децата кај Видоевски и тој и ги препорача тие што ги постира членката (пред две години беше тоа ако не му е сменето мислењето и на него) Ги имам пробано, точното бројче не одговара како што кажав бидеќи има подебела нога ќе треба еден прој поголем ама тоа не треба за проодување. Останува да видам тие како што ми ги кажуваш. Фала ти.
Овие супер се виткаат само да се извади тоа перничето на влошката. Има многу добри патики за проодување, мене ортопедот ми рече не е важно какви се, може од пазарче да се, само да се виткаат кај прстите и да бидат цврсти кај петата.
Да, сабајле спие до 10. Во 12, најкасно 1 заспива прва дремка, спие 2 саата. Потоа зависно кога станал, заспива втор пат, кај 5 или 6. Нормално ако стане покасно заспива покасно, кај 11, 12.... Последно ме буни што и ако стане во 7, успевам дури во 1 да го заспијам. Повеќе од 4 саати има измеѓу.