Како за крема со физички филтри одлично се размачкува, се мие лесно. Очекував да е креч зашто од веледата не можам да го исперам ама стварно е одлична, годинава четири нарачав
Леле Веледата што е тоа? Едно зрно ставив како во канта за поликолор да сум го фрлила. Вака ефикасна е, природна и штити, ама не се размачкува и тешко упива. Ми се смееја по улица, за греота беше бебево.
Тргам на работа за една недела. Сакам на бебе да му воведам ужинка наместо подојот што е помеѓу доручек и ручек, околина ме притиска да воведам ад. Се водам по логика на градинка ако го пуштев дека ќе имаше ужинка. Дома кога ќе дојдам ќе си цица. Ај мајки со искуство со ексклузивно доење што сте тргнале на 9м. како направивте, притоа бебето да не тргнало во градника? Жена ќе го чува.
Јас му купив вакви на кеги и кога ќе му ги облечам плачи и одма ги трга да ги слечи. А со патичињата на адидас немаме проблем. Е сега синко има широко ноџе па си велам изгледа му се тесни затоа ги неки. совет пробајте ги пред да ги купите и видете како ќе реагира на нив.
Бебе седи стабилно. Не лазе, а нема ни да лазе не сака на стомак. Во дубак го ставам ама само седе како господин не сака да го мрде. За 3 дена полни 8 месеци. Дали на 8 месеци треба да стои постабилно? И некое чаре како да го заспивам Нишкање не сака, сам никако само на цице, ама веќе и тоа несака пошо морав да престанам да давам дење. Е во колица спие ама надвор.
Ако најдиш чаре за заспивање освен цица кажи . 11 месеци е и јас уште не најдов решение веќе срав ме фаќа како ќе се одбиваме.
Со првото воведов ужинка, ад не ни сакаше така да може и да немаш извор. Цицаше на сабајле, кога се враќам од работа, пред спиење и си се будеше ноќе за цице
Постабилно ќе почне да стои кога ќр почне сам да се исправа, покрај мебел, ограда, или некој што го држи. Стабилно ќе седи само ако почнал сам да станува од меше преку колк. Се друго е форсирање и може само да го оддолжи процесот. Инаку има деца што го прават на 8 месеци ама на некои им треба подолго. Пробувај на стомак да го ставаш со играчки пред него да се заинтересира, легнувај со него, збори му. И да не пролази никогаш само така ќе му се зацврстат мускулите потребни за сите следни фази.
друграки, беба ми вади 6 заби оддеднаш 4 боцнати се веќе, другиве кај и да е. А до сега се чудев зашо уште нема заб. Ја не знам како да и олеснам. Виси на града.
8 ипол месеци е и еве конечно неделава премина од 3 на 2 дремки. Тешка транзиција, три се многу, две се малку, дур погодивме прозор на будност и времетраење на дремки беше тешко заспивање, плачки, кемчење, висење на града. Деновиве е со две дремки, првата трае 1:00-1:15, а втората 1:30-1:45 во просек. Прозорите на будност ги зголеми прв на 2:45, втор 3, трет 4 часа. Вака некако моментално најмногу функционира.
А колку дремки требада имаат на 9 месеци, и колку треба да биде прозорот на будност. Мојата уште има 3 дремки. И сеуште бара на 2часа да спие. Преку ден е супер. Денес три дремки по сат време имаше. Ама ноќново спиење ни е крш додека се заспиваме друго бебе ми е преку ден друго преку ноќ. Уште чекам да смени, никако да дочекам. Пукнав више без спиење како што треба 9 месеци хахах
Мајки која паста и четка за заби користите? Да не чистам на суво со газа. Знам педијатар збореше за некоја што се голта. Што користите за заштита од комарци и инсекти?
Јас купив од АлиЕкспрес за околу 1 евро. На прст се става едното, а другото е силиконско како четка со круг на него. Нема уште заби, ама планирам тие да ги користам.
Него мајки како шетате со бебињата во количка, не можам од дома сама да излезам. Не сака од раѓање и не сака. Таман почна да потседнува колку толку, овие два дена е неподнослив. Не сака цице, не сака да го успиеш, не сака да седи, не сака во раце, не сака ништо. Третата дремка ми ја избегнува и после плаче дека не е спиено. Не јаде како што јадеше, а денес киноа, манго и праска му дадов, како отров да сум му дала. Заби не гледам на повидок. Што му е, што му стана?!