Си пробала со играчки на количка? И мојот нејќе да се вози без ништо досадно му е сака постојано нешто да фаќа и да фрла. Закачувам играчки со подолг ластик на рамката напред за рацете што е и така се занимава мисле дека ги фрла и често му ги менувам кога ќе му здосадат
Во раце, или кенгур. Количка не сака и мојот. Се пробав, и играчки и да седи и да лежи и кон нас свртен и кон надвор. Пробав и друга количка. Не и не. Вреска, цел се вцрвенува. Во кенгур е мирен
Тогаш кенгур, друга опција нема Ве жалам многу тие што не ви сакаат во количка. Како што сум човек кој воопшто не седи дома, не ни можам да замислам колку ќе ми беше тешко бебе да не сака количка
@Alexandrite Ако видиш мои мислења наназад, ќе се прочиташ себеси во врска со количката. Ама беше период. Среќа! Само упорност, секој ден! Он плаче, јас туркам количка. Комшииве сигурно ме мислеа за ненормална. Сега не дека нешто е воодушевен, ама не го седнувам со плачење и кревање на газето како боцки да има, разгледува, си седи, си претка. Ама а застанеш, веднаш алармот свети. Не се откажувај, ќе се навикне
@Anturium @velesanka Купив топ кенгур, ама бебено е 12 кила. Едвај од кревет до хранилка го носам и на земја. Тешко да ќе издржам надвор да шетам. Се надевам ќе посака некој пат да седи. Колку ми е криво кога ќе видам бебиња си седат во количка, мајки си уживаат.
Мене првото ми беше такво, количка да не види, се корнеше ко ќе го ставев, количката ми служеше за пазарење а бебе само на колк и тоа на лева страна сакаше да седи, тоа беше така до 2 години додека не почна колкот да ме боли и да кривам. Ми се идеше да се треснам од земја ко ќе видев бебе во количка па ко ќе видев како некое спие-крај, во депресија паѓав затоа точно те разбирам како ти е
Што е разликата од пре, 1 и 2? Како што читав 1 ги имало сите потребни нутритиенти за бебето а 2 ка потешка за варење, само не можев да најдам состав, што е различно? И дека со 1 до година дена може да се тера.
Па пре било најслично на мајчино имало само лактоза а 1 лактоза и малтодекстрин. Колку поголема бројка е по слично со кравјо млеко. Моето 2ка не го прифати и сме на Дм био пре а има 10 месеци. Исто и јас планирам да терам до година па после ќе видам.
Што најдобро ви вади флеки од каши сите бодиња лом ни сее? Ставав фрош демек за помалце хемикалии ама врска нема не вади тиква морков јок и обичен сјај, омнио бланко вениш или тоа новото пинк го пробал некој?
Јас од не знаење 2 и земав , ај викам нели над 6 мес, за пиење секако не сака ни да мирисне , во каши некогаш успевам да и замаскирам се надевам не е грешка ?
Јас купив 1 од обичното бејби лав, немаше 1 био. Како да го подготвам? Како што разбрав 1 мерица рамна на 90 мл млака вода. Водата да ја зовријам и да се излади до 50 степени. Ако добро разбрав. @Srcka28 ти како го подготвуваше?
1 мерица околу 4,5 гр е и одговара за 30мл вода. Значи ако ставиш 90мл вода треба 3 мерици млеко или околу 13.5 гр. За водата јас зовривам и чувам во термос. Ако при подготовката е жешка го ладам шишето под млаз вода. Ако е млака давам веднаш. Не мерам температура на водата.