Една рамна дозерка се раствара во 30мл , две во 60мл..... е сега ние за пиење не го користиме , за кашички на пр ако и правам сутлијаш , оризот го варам па откако ќе се свари додавам 30мл ад растворено , ако варам гриз откако ќе се свари две -три дозерки дирекно во гризот и мешам зошто ќе ми биде мн течно
Био нема 1 само Пре. Една мерица се раствара во 30мл вода. Јас за ноќе вријам вода и ја чувам во термос и кога треба ставам од врелата вода малку и додавам ладна додека ми се погоди температурата
Не е грешка само можеби 1 ќе го прифати подобро. Моето од почеток е на ад а 2ка не ми го прифати никако
Еве ние синоќа пробавме некако слабо ни иде, одма познава дека е друго млеко и почнува да плаче и тоа полузаспана. Ке се обидам уште неколку пати ама како што ми стои ќе треба друго да пробаме…
Ќе пробам , мојава никако не прифати ад за пиење , штом ќе го види шишето затвара уста , очи, почнува да плаче ... а нудам месеци наназад , тоа ми беше најголема грешка од старт што не и давав еден оброк ад ама бидна ... среќа последно време успевам во каши да и подметнам , за некој ден тргам на работа па да има и нешто млечно во текот на денот ако почне да одбива ќе и сменам со 1
Мајки знам дека се бебиња и дека прават чудни работи. Плачат без причина, од ништо, за внимание и слично. Ама дали сте приметиле некој пат додека лежат да се смеат така кратко без причина, без некој да ги задева? 8+ е бебе овие два дена приметувам такви моменти. На пример сабајлево се разбуди и гледа накај таванот и се смешка. Нормално е ова? На нет свашта се изначитав..
Ако е на доење цело време може и да не прифати , нема врска млекото , јас не знам кое уште не го пробав .... има деца немаат гајле прифаќаат , ние не сме тој случај за жал
Не знам , јас наредна недела тргам , педијатарот вика да и воведам ужинка меѓу доручек и ручек , овошје , овошен јогурт...па кога ќе се вратам од работа да цица , демек и онака млекото веќе не ја заситувало и било повеќе за гушкање ...
Исто праве и мојата(исти се нашите) и прошла недела се оболев мислам од читање и реков крај не читам и не гледам клипчиња по инста и фб и сега не ја ни приметувам, а предтоа секој израз и го пратев
@Alexandrite јас ќе ти кажам како го научив бебето во количка. Излегувавме кога и беше време за дремка, ја возев брзо и на бекатонки, цуцлата во уста. Си плаче, јас возам, па лево десно вртам со количката да имаме и нишање покрај возењето и тресењето од бекатонките Па за 20тина минути заспиваше. Откако ќе се разбуди возам до крај дури не почне да плаче, да и го развлечам периодот на седење во количка. И ова со месеци, секој ден. Сега веќе е навикната во количка и веќе не излегуваме за дремки туку на шетање. Сака да гледа наоколу, не носам ни играчки ништо, само цуцлата секогаш е инсталирана Сега се вежбаме кога можам на подолги дистанци, живеам малку подалеку од центар а не возам, ама сакам да излезам на кафе со бебе или да одам на пазар. П.С. сега цело време ја возам свртена нанапред за да гледа, јас брзо и здосадувам
Оболев, бели влакна знаеш колку имам.. иста и јас сум само нешто приметувам а за клипчиња, рилс не ми зборувај.. само нешто неубаво ми излегува, ми доаѓа да избришам инста. Тенкс ме смири
Моите баш тој период околу 7ми 8ми месец имаа фејк смеење рандом, језивко беше дури Не читај на интернет зашто ќе оболиш психички...во тој период децата поминуваат низ развојни фази и прават чудни работи ама све е нормално.
Јас така планирам со ужинка. Ад нема да сака, да се измолзувам шише не фаќа и нема друго решение освен да јаде повеќе дури сум на работа па после ќе цица. Со шишињата си игра наместо да пие ко ќе и давам вода.