Затоа бокалчето на горење е закон за ова....вода си стои на температура што ќе ја наместиш и само стави, да не се малтретираш со ладење
И мене исто ме советуваа или смулалче нешто гакво па у 4 кога ке дојдам здравје цицање па покасно вечера како ке правите вие не сум паметна ич…
Јас исто само за 6ти скок. Скренав јас тотално. Овие два дена ништо не му се погодува од мирно бебе стана бесно, ниту во раце, ниту на земја, во количка, само да стои исправен на нозе 4, 5 скок не ги осетив ама овој сеа ми наплаќа дупло, тродупло...
6 скок е во осми месец? Ако е тој, и јас излудев. Рика ако го оставам да полежи. Само во раце и на нозе сака.
Да. Според wonder weeks. Како што е тежок машала само за во раце е... И најново е сега само јас ако сум до него легната заспива навечер, татко му никако не може да го заспие, ниту пак некој друг. Ќе се издржи само не знам како
Вриска и тоа се кара онака налутено. Само да се беси некаде и ако падне рикање. Мора да сум до него, мрднам ли одма помодрува од плачење. Преку ден сум на леб зошто толку можам да каснам со една рака. Дремките пак на мене ги спие. Од денес почна со кажување ба-ба. Па сега и тоа го вежба. Многу многуу напорен. Бар да сака да е доле да си поигра нешто. Строго во раце 24/7. Веќе пукнав начисто, а тек на почеток на скок е.
Тој спие од почеток на мене, ама имаше еден краток ама многу значаен период за мене кога 45мин. ги спиеше сам. Таман да јадам и да направам ручек. Сега пак се врати на старо. Не знам стварно не знам како ќе го чува некој друг ова бебе.
Овој скок - троскок.... тотално излудување...Кој ќе издржи овој месец - што пие кафана ☺️ Еве го, си седи и си квичи без причина
Не ве разбирам зошто се измачувате дополнително, бебињата раснат и истражуваат, прават фаци, се смеат, пискаат, фрлаат предмети, се клатат,и се е тоа нормално.Што да прави бебе.И моето се смее, некогаш и само, разгледува, се кара вика, брчи кога се лути, мавта лево десно со главата кога нејќе нешто, и ред други работи, уште за тоа немам истражувано низ нет што значи, таман и тоа да почнам па да полудам скроз..Инаку денес бевме на контрола, бебе пораснало, 76 цм 7600г тежок, 8 месеци полни, и сеуште хемоглобин 100 ка, пак капки ми рече да давам.Друго се е добро фала богу.
Мојот 2 дена вика и се кара цело време, а уште не е во скок, уште цела недела има, мислам дека од заби се нервира, само вика, почна гласот да му се фаќа дури, склон е на ларингит.