Немав мака, или ќе го држам две три минути легнат му пеам песничка, или легнувам до него на кревет, на цице исто знаеше да заспие. Се ова освен последното го правеа и татко му и мајка ми. А ссга само јас да сум до него. Не сака ниту со татко му да леже и да заспива, ниту пак во раце да го заспие тој...
Леле Јас сум изгорена со големиот од тоа држење во раце, кичмата мислам цел живот ќе ме боли и сега со бебево не попуштам. Плаче ама не го кревам и се предава. Дали 2-3 пати ми заспал на раце ама сум немала нерви да го успивам пола саат, па ајде ќе го земам. Сега протестира, не сака во креветче т.е. сака ама се врти на стомак, се буди и по цела ноќ се успиваме ама во количка барем мирно спие. Многу се плашам дека ќе се смени тоа затоа и те прашав.
Леле исто скроз. Останатите скокови не ги ни сетивме ама затоа овој 6тиов беснотилук. Ем е најсреќна, ем најбесна, триста расположенија менува во текот на денот. Ако нешто не и е по ќеиф се дери на цел глас. Нозе не свиткува за да седне, само да стои. А денско заспивање исклучиво да стојам и така да цица. А тек громчето се ближи...
За неколку дена влегува у 6 а се понаша Само у мене пикната и вечерното спиење аиииии утеха некоа дека ќе помине
Полека искачаме од 6ти скок, стана во 12,маж ми бргу го презаспа со нишкање. После дури после 5ипол цицаше и тоа од што мораше да го поместиме, многу беше залепен до мене. Вечер или ќе станеме 5 пати или ќе се враќа во нормала.
Како ви лазат малите? Затоа изгледа ѕверов не спие. Совладува вештина. Само многу чудно ползи. Не на нозе, на коленца, туку се врти лево па десно и стигнува до целта. Инаку колку ви спијат 7+++ бебињата преку ден? Ајде третата дремка ја отфрливме. Првата ја спие 10-15 минути, втората некаде саат, саат ипол. Малку ми изгледа. Му се спие, а не се дава.
До таа возраст може и покасно да беше, моево сеуште немаше дефинирано дремки. Сега еве го пупу, спие еднаш околу час, потоа спие 2ч може и повеќе, зависи колку бил активен во текот на денот. Навечер 21.30ч е заспан, и спие до 06-07ч наутро(бидејќи го будиме големиот бато за школо)
Леле браво кога мојава така Колку е твоето големо? Преку ден имаме ред до некаде ама навечер хорор стана
Како риба на суво? едниот така лазеше месец, месец и пол пред да направи апгрејд на војничко лазење, сега нешто пробува на четири ама брзо се откажува
За лазењето,моето почна да прави како авионче на 5 месеци, па да се крева напред на рацете, на 6 почна така кревајќи се на раце да се оттурне напред, на 7 тргна војнички со една рака и една нога напред(преферира со лева) а другата рака и нога ги влече и мн е брз и смешен, сега направи 8 се крева на колена и на раце ама само се клати напред назад уште вежба како правилно да тргне напред.И најново сака да застанува на нозе ама не може и се лути, ако сум седната до него како мајмунче се фаќа за мене и се крева.Ние сме цело време на под, и вежба цело време.
Исто скроз сме и ние со лазењето и цело време на под си вежба. Деновиве застанува на колена и не знае да тргне па се крева на две раце и две стапала ко некој орангутан и се зарива со глава во земја. Ова лазењево си го замислував тргни и лази, а оно 5 етапи процес да ти било. @Cloverrrr Оф утеха немам којзнае каква ама ќе помине, шо не поминало. Еве вечерва на пример се разбуди во 10 и до 12 плачење, цицање, дерење, одвај заспа. Од премореност немам сила ни да си поплачам ама ете и ова помина, со надеж нема да се повтори. 6ти скок оди си побрзоо.
Здраво, користиме Pampers premium care / active baby од раѓање... во последно време се случува доста често пелените да пропуштат навечер... пробав со промена на бројката, нема разлика, па се мислам да ја сменам марката на пелените. Мајки што имале вакво искуство , дајте предлог какви пелени да пробам...
Уште малку ќе тргнам на работа и тогаш што треба да и се даде да пие млеко или ужинка некоја? Сега цица само еднаш до 15ч. Сабајле во 6 цица, доручек кашичка 9, околу 10-11ч цица и во 14ч руча. Така нешто ќе биде и кога ќе тргнам на работа само тоа цицање ќе го нема. И што ужинки може да се даваат? Што давате на вашите малечки?