И јас истото 1ви тргнувам на раб, прашав педијатар ми рече да ја зголемам количината на каши постепено за доручек и ручек а ужина да давам к .млеко или јогурт со овошка и маџун.Препорача прво со козјо да почнеме.втора ужина пак овошје и житарки ке биде ако не го држи ручекот.
Мајки може глупо прашање но ме интересира со што ги бришете после јадење или ги миете на чешма,моето го бришам со влажно крпче ама едвај никако не дава да го бришам околу уста,пробав и на чешма не дава.
И јас со влажно крпче (имам неколку така помалечки и за него ми се тие)..или пак на чешма го држам в раце и со едната го мијам околу уста и рачињата и се бришеме со крпа. Со вториов ритуал се радува. А со влажните крпчиња не *А некогаш земам во едно пластично вода и на лице место кај што седи со рака го мијам со водата и рачињата ги брцка во пластичното сам и се бришеме и толку. П.С ова во ептен специјални услови кога имам живци и време а го видов како метод на инстаграм
Јас да прашам: Да сте 8 ми месец и до сега сте на доење, шише не сте употребувале (освен на почетокот првиот месец неколку пати за измозлување) и вода сте пиеле од лажичка па се научивте со цевка сега кога имате и дохрана каши и сега активно течности сокче, вода, чај пиете така со цевка илинод мало чашиче.... ДАЛИ за да го оставите кај бабата ќе и дадете ШИШЕ со ЦУЦЛА со ваше измолзено млеко или било што и да е друго ИЛИ ќе и речете 'тој досега не пиеше од цуцла па не сега ќе го заучувам' дај му од неговото чашиче снајди се точка! Нашата баба е загрижена ко ќе сме го оставеле кај неа како ќе пиел!! Зошто не сум му давала шише со цуцла. Значи нема потреба.Си се научи детето, зошто ме враќа назааад!! Јас до сега не сум имала потреба да го оставам. Т.Е не сум имала никакви приоритети пред него, па да го оставам и незнам дали би го оставила до по 1 година но ете се отвори дискусијава дома па затоа... *Немам ништо против пиењето од шишенце, само што јас сум цело време дома со него, немам проблем со доењето во јавност, не ми излегла некоја работа да морам да одам или пак сум го носела со мене и сум се снаоѓала и така испаднало да не употребуваме шише!!
Хммм.... Само Pampers користиме и ние досега (activ baby ili premium protection) Не сум имала мака . Кај мене обратно, сите други baby love,hipp-mipp, итн хартија права (тоа мое искуство) Тотално разочарана Незнам баш ме чудиш зошто така да пропуштаат Pampers Да не е некоја серија непогодена во продажба можеби
Според мене ако знае да пие со цефка не мора шише со цуцла. И така после година се препорачува да се исфрла цуцлата заради вилица и заби.
Јас би дала шише. Моето бебе е исто како твоево, само еден месец помало. На ексклузивно доење е. Несака да пие млеко, АД, пробувам уште, упорна сум. До пред еден месец не пиеше на шише никакво, цуцла не сака и сл. Ја учев на шише да пие вода и бев упорна, зошто како и да е ќе дојде време кога ќе треба да тргнам на работа и ќе ми е битно да е најадена, па дали на шише, чашка и слично небитно. Почна да пие на шише само вода, млеко не, цуцла не. Нема потреба да се плашиш, пиењето млеко на шише не те враќа чекор назад, не значи дека ќе заборави на чаша или ќе сака цуцла. Еве мојава знае само вода дека се пие на шише, друго не сака. И твоето ќе се научи дека млеко се пие од шише, 5 мин и толку. Нит да го мислиш дали е гладно ниту ништо. А ако мислиш да ти е под надзор 24/7 и само ти да го чуваш и во иднина давај на чашка.
И кај мене пропуштаа памперс премиум, им давав шанса и не се откажував ама џабе, не можев да отперам алишта од каки.
И јас користев премиум и ми пропуштаа буквално секој беше пропушен се мислев да не ги местам добро но добро си беше се наместено потоа се земав актив и супер се уште ми нема ниту еден пропуштено
Мајки, бебе поврати по 2 саати од јадење. Му дадов ориз и жолчка. Стигнавме до воведување на пола жолчка прв ден. Се си беше во ред. Осип нема никаде, нема затнат нос, очи водлести. Инаку обилно и цицаше. Дали ви се случило и дали мислите дека е алергија од жолчката. Помина еден саат од тогаш еве цицна пак и заспа. Ми е страв да не поврати пак и задави во сон.
I jas koga pocnav da vovedam zolcka, 2 saati posle jadenje mi povrakjase malata, 5-6 pati obilno, odma otidovme privatno i doktorot ni rece ne e alergija oti alergija ima drugi simptomi
Исто и кај мене беше, јас се уплашив да не е алергија,во Систина ми рече Сајковски нема врска и на крвна слика излезе стомачна вироза. После повраќањето бебе ко ништо да не било
Еднаш поврати сега за сега. Се надевам нема веќе. Вие кои други симптоми ги имавте на вироза? Нема температура, баш исто како што опиша, се исповрати и како ништо да не се десило, освен што кенкаше за спиење.
Има нели шишенца што се 9+ со цевка, пробај со такво. Мојата само такво шише прифати, е сега молзено не сакаше ама за водичка/сокче го прифати. Друго, има опција чашка што е затворена на Нук, не може да се потури, може да пробаш дали би ја сватило цаката брзо.
Мајки дали нејадачите почнаа да јадат? И кога? 8месеци е, треба 3 оброци да има, готвам, купувам како да се ќе изеде, а во реалноста 1 мала тегличка јаде во цел ден. Пробав и со различна текстура, исто е. Има надеж дека ќе почне да јаде?
Здраво мамички Со малиов цела ноќ се бориме со температура сабајлево и пролив,испитавме црп супер му се резултатите Немаме и заби можно е и заби да му растат? Секој совет е добредојден
Има надеж Моево почна од 8 медеци да јаде, количински не многу ама важно веќе има три оброка. Има уште денови кога не сака да јаде ама ретко