@velesanka и моево исто не јадеше, се жалев и јас тука Од 6м почнав со вкусови на 8м тек почна да јаде 3 оброци. Сега има 9+ и има три оброци. Ручекот и вечерата ми ги прави маф, може и 250 гр да изеде, ама доручекот ако изеде 100 гр е врв. Моево е повеќе по соленко. Инаку мора да е ептен мазно јадењето. Од палента се дави неможе да ја јаде па и варам пченкарно брашно. Вода уште незнае да пие од ништо. Е до толку е лигаво моето така да не му се секирај
Мојот на 8,5м. почна да јаде. Сѐ уште е исто, доручек 150-190г., ручек 50-80г., вечера 100г. некогаш и помалку. Ручек често и не сака, пример викендов ич, па си доби уште една житна со овошје. Не му давам цице како замена, да се учи на оброк. Денес ручек едвај 80г. Но, го сметам дека е јадач. Едноставно толку му треба, не е гладен и тоа ми е доволно. Исто јаде преку ден кифла, леб, палачинки, бисквити, од брат му знае да му скине од тортиљата, прееска додека да се свртам земал оризова галета јадеше, да не е покус од другите Балканци. Пробај со BLW и со месени работи. Сега се стоплува можеш домашен сладолед од овошје да правиш има да лиже да ужива. Има надеж Само трпение, така едно поголемо. Од шише со цевка од ДМ.
08-08:30 - појадок 11:30 - цице/ужина 13:30-14 - ручек 16:30-17 - вечера до спиење нешто пак глода од месени работи (ова е зошто оброците му се под 100г. инаку ако јаде нормално не треба да се дава) па цице и спиење. Од среда тргнувам на работа очекувам измени во делот со доењето, ама тоа отом потом. До сега вака е. 9+++ месеци е.
Во 6 30 обично станува и до 7 најдоцна цица 8.30 -9.00 доручек, 10.30-11 цица и спие Ручек помеѓу 13-14, цицање кај 15.30 и пак дремка. Околу 18.00 вечера. Во 20.30 цицање и спиење до сабајле Горе доле вака е од прилика. Е сега отстапки се случуваат нормално
Кога пробав да му направам распоред на јадење и цуцање почна да одбива да цица, па се вратив чекор наназад. Сега распоредот ни е : 7 станува и цица 9 прва дремка и успивање со цицање 10.30 појадок 13 втора дремка и цицање 16 ручек 18.30 вечера 20.30 легнување и цицање Навечер се буди и цица еднаш - два пати. Знам дека ручекот и вечерата ми се покасно и треба порано да ги давам, и на поголемо растојание, ама па по 100-120гр јаде. Многу ретко 150 да изеде. 8+++
Сите вака воведувате жолчка мене педијатарот ми рече да воведувам без пауза додека не дадам цела Господе боже а баш ја прашав паузи да правам не не нема потреба
Мене ми рече па да му давам вака белка, а ако ја толерира, тогаш жолчката да ја дадам без проблем. Мене некако ми е ризик, па постепено.
Како се научи да ја крене чашата или му ја местиш ти? И мојот има желба од таква да пие, сам си ја држи и си го става клунчето во уста и смука, ама не ја крева нагоре и ништо не му тече. Не знам дали е рано или треба да му помагам јас