Е мава малку да, тоа не им е баш измислено убаво. @Anturium Јас и давам најчесто а и сама си ја крева понекогаш не и ја полнам многу за полесна да и биде, ама у принцип јас ја нудам
Има ли некоја мајка со слично искуство? Значи секој месец сум болна, не знам што е работава. Дали големата носи од градинка, но ми се смачи веќе. Плус и бебе ми качи температура пред малку, 38,6. Ставив чеп Еферелган. Преку таквото веќе од овие болести. За никаде. Ако преживеам, добро ќе е.
И јас не правам пауза. Давам по два дена во неделата. Првата недела дадов 1/8, втората 1/4… се така до цела жолчка.
Јас со жолчката завршив брзопотезно благодарение на @JuLleE што ја читам и ме охрабрува. Среда 1/4, сабота 1/2 и наредната среда дадов цела. Никаков проблем немавме.
Ве читам и ми се потврдува тезата дека секој доктор кај нас различно школо учел Јас жолчка давав преку еден ден 1/8;1/4;1/2;3/4 и на крај цела ја збрцав. За белка рано било
А мене педијатарот ми кажа да давам жолчка и белка. Кога ми рече дека можам јајце да давам баш прашав дали само жолчка, ми рече и двете 1/4 јајце.
Според новите препораки сите намирници треба да се воведат до година, особено алергените. И јас сум old school, жолчка си давав како шемава што ја имаш пишано, ама белка дадов порано, на 10 месеци, не чекав до 1год. Па еве среќа, цело варено јајце го јаде без проблем.
Можеш и до 6 месеци да ги дадеш, зависи кој доктор колку храброст има да ти каже, а и препораките стално се менуваат.
Не, туку СЗО ги смени препораките. Јас оти второ дете ми нагласија дека се променети препораките сега. Јас оти не сум во Мк, ги следам овие препораки.
Зошто бебево ми се поремети во однос на јадењето, ќе си пукнам. Уште во уста лажица не сум му ставила, прета со рацете, ме фаќа за рака, па мојата рака ја тресе лево десно, храна по ѕидови, прозори има, во гаќи уште да си најдам. И не јаде како што јадеше, се мршти. Јадеше цел оброк, сега го молам пола тегличе да изеде. Што му е, дали е до 6ти скок, до што ли е.
Мојава од што е килава со јадењето во смисла треба да е ептен смути и од жолчкат се засркнува. Баш на последнава контрола прашав за белка ми рече тоа демек на 12 месеци, а веќе од 10 месеци можело со јаткасти плодови. Па нели бе и тие беа јаки алергени? Со првото знам дека после година ги давав и тие. Незнам хаос ми е веќе и некако незнам што да воведам веќе, што не. Некако во круг се вртам со јадењава и мислам дека детево се едно исто јаде секој ден
Мислам тука некаде ни се бебињата, и кај нас иста ситуација. Ни отвара уста, ни сака да јаде, во хранилка прета, фрла се што виде пред себе. За цицање, цица..
Моето бебе одбиваше да јаде кога му растеа запчиња, а инаку сѐ јаде. Не знаев што е проблемот, скоро цел месец не сакаше да јаде, после сфатив откако го видов запчето...
Ова е нова препорака за воведување жолчка? Не се даваше 1/4 една недела, па така наголемување ама по една недела? Дечки, како стоите со модрици? Моево од лазење е цел модар по колена. И со исправањево што праиме? До сеа се исправаше држејќи се за нешто, а еве овие денови обиди да се исправи на сред соба, ама не му може гзот така и паѓа директно на уста. Жими се ако си ги зачува здрави предните заби дур да прооди ќе частам.