Многу е ама нема што да правиш. Кога ке прооди ке стагнира и ке оди во висина. Ама многу ретко се случува бебе да има толку кг пред година.
Да го пријавам другарчето буце на @Freckles. Страв ми е да го мерам. Последно беше 11.700 кг на 7 месеци. Не има и повеќе со бебиња со мешиња и бутки
И мојата е буцка над 10-11 кг, ја немаме мерено сега Да прашам тие што почнавте на работа и ги чуваат дома баби или татковци, како се снаоѓате со оброците? Дали оставате од вечер направени кашички? Како се навикнаа бебињата без вас? Страв ме фаќа многу, ја немам оставено воопшто овие скоро 9 месеци. Пред некој ден бев на фризер подолго и дојдоа сите тројца да ја надојам, никако не се смируваше ќе треба на пауза да ми ја носат.
Ми врати спомени со доењето и убави и брррр На пример како ова да не можеш раат на фризер да седиш Не ги чувале досега баби ама можеш да објасниш како да спремаат. Пример, сабајле да откиснат овесни во јогурт и само банана да се додаде, просо киснато од вечер во фрижидер и пак сабајле да се додаде овошка. Месо сварено и замрзнато и само да се свари зеленчук, па да се додаде месото одмрзнато од вечерта.
Блазе си ви на вас што обожаваат бебињата да ви цицаат. Мојата ако не и дадам цел ден нема да посака и тоа кога и дадам за 5мин е готова одма станува нема време за цицање. За јадење јаде до пола сама после треба многу да ја залажувам за да изеде се, мора нешто да си игра онака нема ич да јаде и кога цица мора играчка да држи ако не одма станува. Наредниот месец ќе почнам на работа и како ќе биде со јадењето ми е мака, дали ќе јаде. За седење седе со сите не ме траже воопшто затоа бар не берам гајле.
Кога бевме на 7ипол месеци и за висината рече дека е во горна граница. Баш е крупен и долг. Сега дома го мериме 77-78цм сепак внатре во кривата на раст е, не е надвор од неа.
Исто беше и син ми. До кај 1 година беше на горна линија висина и килажа. Потоа почна да стагнира во килажа од нејадење, а одеше во висина. Сега пак е меѓу повисоките, а со килажа конечно е океј.
Мали му беа па ги сменив, го стегаа кај нозете Сум погрешила 5ка користиме, не 6ка Страв ми е многу да го стегам кај стомакот, можеби тука ми е грешката
Сите викаат сега дека ќе се среди килажа, ама ја се напнав овие месец ипол. Како да држам бебе на диета. Исто не е алчен за храна, 3 оброка има, по 120гр обично јаде, често и му останува во тегличката, ама за цицање е... Сега само крвна слика ќе му правам, страв ми е железото да не му е намалено. Може да се деси тоа? Твоето како беше во тој поглед?
Ако јаде нормални оброци, олабави се мајка. Моето беше слабокрвно ама околу 1 година во исто време почнаа да му изглегуваат сите 4ки и 3ки и не јадеше ништо. Само цице и леб. Тогаш и крвта му ослабна. Пред година со молење јадеше, со лажеше ама давав месо и цицаше одлично, крвна слика не сум правела. Реално не гледам причина ни ти да правиш, ама твоја одлука си е.
Имате бутки за гњавење мајки Моето пак е нешто над 7кг на скоро 7 месеци, а високо е 70 см, највеќе во висина расне. Се секирав што не ја дуплираше родилната на 6м (3600 се роди), ама педијатарот вика добра си е. Откако е родена не мирува, многу е активна, дури и додека цица мрда акробации изведува, па си се помирив дека такво си е бебето. нека се живи и здрави само
Јас му ги стегам колку е потребно секако тие се превиткаат надолу и не го стегаат, стегни го нема ништо да му биде
Да не е испотен на грбче? Мојот и преку ден, додека си играме се врти превртуба знае да се испоти. 8кг е користиме 5ка виолета и не пропуштиле до сега
Да пријавам уште едно буце. 6 месеци 9.5 кг, 74 висок. Активен е многу, ко моторче да има. До 5 ипол месеци само на доење беше, па почнав со воведување на цврста храна. Мајка кажувај чаре како намаливте ноќни подои. И други мајки предлагајте До 3ипол месеци цицаше на 2 саати и ноќе еднаш, евентуално два пати се будеше за да цица. За дремки и за ноќно заспивање можеше било како и било кој да го заспие. Се случуваше и во раце кај гости што прв пат ги гледа да си заспие. Ама во 4ти скок одбиваше да цица и само пред заспивање успевав да го надојам и така си се научи да заспива само со цицање. Сега без разлика кога цицал последно, за да заспие пак бара да цица. Сега па и станува 100 пати ноќе и урла ако не добие цице за да призаспие. Моментално е кај громчето од петти скок.
Се поти и мојот, 3-4 пати се пресоблекуваме, ке пробам вечер малку повеќе да го стегнам па ке видиме до што е, ако не најдам до што е ке купам поголеми памперси и ке пробам така барем за ноќно спиење