Можеш да и дадеш ако имате шлајм.. И што е ова се бебињата настинати се Што читам овде сите со Т,носе затнато,грло црвено..дали е до промена на време кој знае.Ние исто без симптоми качивме вечерва Т и дадов сируп се симна.Сега она ке спие јас ке дежурам
Денеска е многу подобар. Околу 18 часот качи 38.5, му дадов сируп почна да се симнува. Цел ден беше супер, за разлика од вчера и завчера, денеска и подобро јадеше. Кај тебе како е ситуацијата денеска?
Па се израдував дека ќе попушти ама еве пак цел ден качува т , само ноќеска беше ок. До сега се тресев ,утре ќе го носам кај матичната. Оффф мајки, ние прв пат сме во ваква ситуација...
@leona83 јас прееска кога насетив дека мојата качува Т почнав од паника да се препотувам.Прв пат за овие 9 месеци да качи малце.Дури и вакцина кога примаше немаше Т.И сега како изгубена се испонашав. Сакам да кажам сите се тресеме и паничиме кога е Т во прашање
Не би да паметувам, ама за да не дојде до недоразбирање, сирупот од исландски лишај НЕ го разводнува шлајмот, напротив ја покрива слузницата на дишните патишта и на тој начин ја намалува сувата надразнителна кашлица. Многу често се прави забуна меѓу сирупите за сува кашлица и сирупите за искашлување.
Ајде и ние да се приклучиме во клубот, ама фала богу без Т.Секрет во носето колку што сакаш, на плуќа сме чисти и грлото исто, педијатарот ни даде синомарин спреј и толку, да не сме и ги влечеле со аспиратот ама јас пак и ги влечам и излегува , бе многу ама барем не грчи. Со помин на сите бебуши, а на нас мајките повеќе издржливост и нерви.
Леле Леона, мене животот ми се скрати кога крена 39.8 знам точно како ти е. Носи го утре под итно на лекар, а во меѓу време покрај сирупот ставај ладни облоги, чорапи со оцет, туширај го..
Ако имаш дигитален топломер, пробај со живин. Исто и син ми минатата недела, на допир топол, топломерот не ми покажува, купив живин ми покажа скоро 38 степени
Можеби си во право,незнам. Него го добивав кога имавме наод на плука уште пред 3-4 год во тогашен Свети Лазар.Мн го фалеше тамошниот педијатар. Сега кај помалата кога и се создаваше мн секрет од нос во грло во аптека истиот ми го препорачаа И искрено за 2 дена се смири но го користеве во комбинација со инхалација.Можеби затоа
Здраво мамички од денес сме 6+ и ви се приклучуваме на темава.Ве читам дека на сите бебушките ви се настинати ви посакувам најбрзо заздравување.Ние пред околку 2-3 недел без кашлање без ништо,дете омалаксано ич не весело крена Т го држеше 4-5 дена и спадна.Откако мупомина одма цело тело му се нафрла со осип ситни црвени мозолчиња.Бевме на доктор ми текоа таков вирус дека имало Т и откако ќе се спушти Т,осип 1-2 ден.Му проверија крв супер му беше,не ни препишаа ништо само си му помина.
Истово го поминавме на 6месеци,висоκа Т κоја тρаеше 4-5 дена и осип после тоа 3дена. Не дај Боже да заκачиме паκ.
Иста беше пред две недели. Се сомневам дека беше вирус, а не од забите иако крвната слика беше ок. 3 дена тт, 3 дена осип по лицето. И помина. Што ви кажаа на лекар? @leona83 @Jagoda123 вие како сте денес?
Оф леле срциња златни сите да оздрават побрзо со помин да ви е,@joy1 душо кај вас изгледа се работи за забче штом не спие убаво и дига тт,сигурно е забче,ама однеси ја да не ја мислиш за секој случај...
Чисто грло и гради.Брис и зедоа и крвна слика.Резултатите од крв ги чекам во 2 па ке видиме што е.Качува-симнува на секои 4-5 часа ,во глобала добро јаде,се смее :/