Ние сме 8 месеци и имаме едно запче Преку вечер излезе не го ни сетивме сите вака да ги вади. Ние заспиваме само во количка. Една имам за дома друга за надвор. Цицење несака веќе. Пие ад и јаде каши ама моментално ми ги одбегнува па повеќе на млеко е. 9ипол кила сме незнам дали е многу или малку. Не лазе не ни сака. Сака да биде исправен и да скока во скут. Купив и дубак го ставам почна по малко да го бутка. Туку левата шака ја држи често во тупаница, а десната не. Што може да е?
Фала ти Јуле, баш ме смируваш. Мојава се роди 3300 и првиот месец накачи над кило ама после примена рота се отиде удолу. Качуваше одвај по 600 грама, црвени конци во столица и зелени и лигави столици постојано. Затоа другите дози рота не ги прими и константно некој минимум држи во качување килажа. Ама последното си во право, ко пердув си ја разнесувам низ дома. 4 запчиња изваде и само деновите дур пробиваа имаше протест во исхраната ама и така не јаде нешто премногу. Инаку има влијание да, многу од дечињата протестираат.
Ви има паднато бебето од кревет? Такво чувство не се опишува. Не можеме да се оправиме со маж ми. Вчера стана по полноќ, не сакаше да спие, си реков ај да се стрчам до тоалет, ставив перница, ама бебево дијагонално изгледа се движело, меѓувремено маж ми станал и пред него на глава паднало директно на ламинат. Јас мислев тој паднал, се дерам добар ли си, ми вика бебето, со гаките смкнати се довлечкав, спискав од болка. Плачеше душата моја, ама се смири. Го облеков, се облековме, во болница го однесовме. Докторот ми рече штом заплакало тоа е добро, да гледам дали ќе повраќа, а он го прегледа, рече дека е добро. Двајцата не можеме да се оправиме од вчера. Многу лошо се чувствувам. Моја работа е да го заштитам и направив толку непромислена работа. Не знам што си мислев, еве искрена да бидам. Дали со денови што ме зафркава и не спијам и толку, мозокот не ми мисли рационално. Ќе му биде ли нешто? Денес се смее, научило агл да вика, па нон стоп повторува, си игра, се мази, се лути, се нервира. Стандард. На никому не му посакувам вакво нешто. Не можам ни во очи да го погледнам затоа што потфрлив како мајка. Само да биде добро.
Опрај се бре како си потфрлила синкир си сакала така да е. Ако не повраќа и не е поспано повеќе од вообичеано нема опасност. Ми се има случено да, и знам како е, крв немав во мене.
Месец дена ќе ти треба сигурно да се намали чувството на вина што го осеќаш сега, па следното паѓање пак ќе се пцуеш и така. Мене големиот ми падна ноќеска од спална ама си паѓа секако често и преку ден кога е бесен, па само гледам дали е добар, крв дали има и продолжува со спиење. Има влакна за побелување додекa се навикнеш Ама стварно тешко е првите неколку пати, после ти е криво ама поминува брзо.
Вчера ми падна од спална така ни почна денот, мм беше станат и се свртела натака не сум ја приметила и јас преморена спиев, срце ми застана. Малку плачеше ама добра е, нормална како секој ден, се надевам не се удрила многу, ќе се приметува ако ја боли нешто. Знам како ти е, жива се изедов и се обвинувам како тебе. Ама се случува, не спијат убаво преморени сме и ние..мислам дека допрва ќе паѓаат и ќе ни прават стресови, само нека се добри тоа е најбитно. Не си потфрлила во никој случај И јас така знам, дека ако не поврати и нормално се однесува, ништо не е.
Од кога почна да се исправа незнам колку пати е паднат од кој 4 пати ударот е на глава. Вчера беше последниот удар и снимав како се исправа и падна со челото на хранилката Не може да се прикачи видео ако некој знае како нека кажи па ќе го видите Не се плашам толку јас, децата ќе паѓаат ехее навикни се
+плус вришти во сон и после не се смирува некое време. Страшно е. Преку ден само квичи. А заспивањето е научна фантастика. Со многу плачење и фрлање наназад. Вилицата ми ја искрши...
Истава е дома. И кецови и двојки горе наеднаш вади. Јадење на лето здравје Ќерка ми прв пат падна околу 6ти месец. Од метро висина. Си играла и се превртела преку кревет. Тоа вриштење нема да го заборавам. Со маж ми заедно плачеа. Ама прво гледаш дали повраќа, дали те прати со поглед, не дај боже крв дали има. Ако нема ништо такво, гушкај и бацувај да помине. И тоа преплашено, ама ти посмирено нареден пат. Оти ќе има нареден пат срц, извини Еве вчера трчаше по гарнитурата се преврте гз преку глава и директ на земја. А ова и е веќе 20ти пат шо паѓа така
10 месеци сме и ми велат голема била за кашички да не и лупувам веќе Јас само овошните и ги купувам и ги давам со некоја житарка. Давате ли вие кашички сеуште?
Ние сме 9.5м и не верувам да преминеме на парчиња за брзо, незнае да џвака веднаш прави фаца за давење. Премногу ме плаши тоа дека не знам како да реагирам ако почни да се дави и мислам ќе се задуши. И сега тој не јаде скроз мазна текстура, пример му дробам леб со јогурт го јаде, просо, киноа, овесни јаде така неблендирано ама парчиња Не знам како ќе пуштам душа да почнам со парчиња се надевам ќе се преплашам до 12м.
Извади едно доле и сега изгледа горе вади. Одбива храна, всушност ручоците на мајка ми ги одбива да и ги јаде. И навечер се буди и плаче. @Alexandrite два пати ми има паднато, еднаш појдов врата да отворам и сега скоро на спиење. Првиот пат плачеше, вториот не оти пополека се лзна. Ќе гледаш да не повраќа само. Прво дете ти е и ти изгледа страшно, ама ќе навикнеш.