Како ќе ви побелат косите поинаку мајки? Ќе паѓаат, ќе плачат, само нека биде со лесно. Големиот немаше некои паѓаници страшни, освен еднаш кога тоалетното огледало(прилично големо и тешко) во спална му падна на нога. Последно на тренинг се треснале глава со глава со друго дете, топче сеуште има на чело. А кога паѓа не знаете колку тромаво паѓа, мислиш земјотрес има. Малово откако почна да оди по кревет, маса, 3-4 пати е со ,,џумки,,на глава. Не да ми се скратуваат животот, мислам за 20 год сум постара. На пријателката детенцето, нон стоп паѓа на глава. Дури се истркала по 10тина скали. Вчера на прав пат паднал из чиста мира, пак на глава. Ама еднаш се сопнал и паднал со главчето на камче малечко. Е тогаш доби потрес. Ама колку и да внимаваш, ако треба нешто да се случи ќе се случи. Сами нека ги чува Господ. Еве го 13 месеци, тек сега почнува да јаде парчиња(ако му засмета повраќа обилно со се желудник ) пасирана храна, но пак давам кашички како ужинка. Се нервирам што лепче воопшто онака не става во уста. Никако. За спиењето, не знам дали се заби ама се буди ноќе со вриштење. Има 8 и сите ги вади тешко, со тт, со мрсули,ларингити, со паѓање на имунитет .... Се ребрам на 4ки,5ки како ќе поминеме.
Фала ви на сите за споделеното искуство, полесно е кога сфаќам дека не сум единствена. Сега се учиме во креветче да си спие. Наместив нова постелнина, ја извадив вреќата. Ми фали премногу, а е цели 5 цм од мене оддалечено креветчето. Си поплачев прееска, многу тешко ми падна, ама за негово добро е. Што ќе правам во градинка кога ќе треба да иде, ќе се скршам од тага. Ова сум го напишала вчера, не сум го испратила. Јао мајко мила, се будеше на пола саат, стани, седни, стани седни. Го земав до мене и за рака го држев цела ноќ. Нарачав денес од чика Али вакви огради, едвај чекам да стигнат. Мислам дека ќе ми падне камен од срце кога ќе стигнат. Да можам на раат до тоалет да отидам и да не го мислам.
Бебка втор пат ја јаде кремата за газот Толку е профи станата што ќе си ја отвори и ќе си шмукне. Додека да ја преоблечам ова го прави, јас зафатена со каките и, она користи и јаде.
Редовно јаде креми а специјалност и се златца од чоколадо , толку е потресена да го залапа чоколатцето , што дури се свртам она голтнала, редовно во каките целофанчиња има од чоколатца
Првото паѓање беше страшно Беше некаде 8 месеца, седевме на гарнитурата, она до мене со тропалки, дојде син ми да му подадам чаша вода, значи не беше ни секунда, она се сврте и пред мои очи буквално направи салто и лупна на глава. Неможам да ти опишам колку лошо падна, среќа одма заплаче и поучени од син ми не отидовме на лекар . Второто и беше веднаш после две недели. Исто, стана , нејќеше да спие. јас до тоалет залепен е до спална, влегувам во спална и во моментот пред мои очи паѓа директно на нос прскаше крв насекаде. Долазила до работ и падна Фрлив и постелнина и алишта, крвави бевме сите , мн лоша слика , нејќев ништо да ме потсеќа и ден денес имам уплав да ја оставам сама , го будам маж ми ако треба до тоалет да одам
Ели, јас кога одам во тоалет обавезно ја ставам во креветчето, хранилката. Или во дубак и пред мене е во ходникот. Никако сама на кревет. Тоа може во случај да спие, кога станува веднаш црка па одма одам кај нејзе.
И внука ми кога падна прв пат беше истата драма, еве јас за сега добро се држам што не значи дека нема да се случи, иста ќе бидам колку и да ми се познати некои работи. Воопшто не си потфрлила, ниту како мајка ниту како родители, се случува, луѓе сме. Тоа е добар знак ако е весел, си прави вообичаени работи. Доколку нешто се случува ќе повраќа, ќе биде поспан, зениците нема да се исти и сл…
Мајки, кога зголемувате количина на кашички? Сега нудам мала тегличка, која не ја јаде кога треба да не јаде голема? Како оди тој процес?
Здраво, со што ги дезинфицирате/пребришувате играчките? Особено оние што имаат електроника , па не можат да се мијат...?
Секунда им треба значи. Од памет да те извадат само. Со ништо. За првото дезинфицирав, бришев, оваа се изеде дома што постои така да играчките се најмал проблем. Ги бришам со влажно или со мокра крпа, а плишените ги перам.
Мајки јас сум многу загрижена..малото 11 и пол месеци е и не се исправа на ноџиња никако...лази само,ќе ја подисправам јас и одма паѓа да седни.. се консултирав со педијатар ми реле индивидуално е,до година и пол е проодвањето. Ама јас стварно сум загрижена што нема никакви знаци за проодување
Во принцип, да, индивидуално е. Секако, ако биле уредни досегашните прегледи кај педијатар и ортопед, нема причина за грижа.
@Mandela маж ми почна да го успива со нишкање. Веруј не е гладно за да цица неколку пати. Еднаш им е довочно, па и тоа не мора.
Горните заби потешко ли се вадат? Многу и е набарбена горната вилица а и нешто многу слабо ми јаде со многу молење прееска и си поплакав малку. Па се мислам да не е во прашање запче некое па не сака да јаде.
Овие заби ли се? Долните кецови кога ги вадеше непцето беше бело и прозирно па се гледаа запчињата цели.
А онака застанува на нозе кога ја држиш? Да консултираш ортопед сепак? И јас се слагам дека има време за проодување…