@Anturium @Ив10 фала жени мајки кралици, ми е мило што ве расположуваат моите постови Иначе фала и на останатите жени, мајки лавици, тигрици, цуцици за споделеното искуство
Ако се разбудеше кога не е време за јадење ја оставав да плаче па си заспиваше. Јас глумев дека не постојам, ни мрдав ни претав под ќебе. Тоа е тренингот, јбг. Пред да почнеме со тренингот и јас плачев на секое нејзино будење, и двете бевме зомбиња ненаспани. Поплака некој период, сега сме супер. Инаку после одредена возраст тоа будење за цицање навечер е асоцијација со спиење. При премин од една фаза на спиење во друга се будат, и ако не знаат сами да презаспијат бараат твоја помош. Ако го заспиваш со нишање, бара да го нишкаш. Истото важи за цицање, шише итн. Ако дење цица на три сати, навечер сигурно не е гладно на секој сат. Значи зборуваме за здраво бебе, овие работи не важат баш кога се болни.
Да се приклучам на групата кенкала. Ама моево не само што кенка цел ден туку и 'рже, онака се нервира се напнува, ништо не и е погодено. Не ми е јасно зошто така прави. Се кара уште сега со мене.
И мојава само квичи по цел ден. Мора се по нејзино односно секоја секунда да ја занимаваш како кловн. Ако не е по нејзино почнува да плсче ако не реагираш на време заоѓа од плачење. Искрено некогаш ми е преку глава. Викам што правам погрешно што е ваква. Ни спијам ни јадам ко човек. Се на трчање ни основни потреби не можам да завршам како што треба Ослабена сум повеќе отколку кога ја почнав бременоста. Инаку иако има три оброка навечер се буди на 2 часа или на 1. Јаде оброк и пак цица. Многу сака да цица. Нормално ли е ова? Ова навечер ме буни како новороденче се понаша. Не би требало да е гладна три оброка и плус цица повеќе пати во денот.
Како за истото бебе да правиме муабет. Јас мислам дека бебево мое мрази што е бебе. Сите ми викаа до 6 месеци ќе смени, па до 7, па до 8, па до година, последно чув до 5 години ќе смени. Епа ај ако не на 35 години да го чекам да смени веќе Од геријатрија, фрлена на некој кревет, закачена со цевки што одат од секој можен отвор и затвор на мене, ќе пишувам уште на темава со надеж дека моето дете ќе смени. Абе што викам, нека кенка, нека плаче, ама барем во количка да седеше. Јас и маж ми надвор кога идеме ги имаме најдепресивните фаци. И набзинка го закопчувам, трчам со количката, овој позади ме брка не може да ме стигне, додека ме стигне веќе се враќам назад. Хаос. Кога ќе прави свадба, јас ќе платам да го земат и камила и овца и теле ќе дадам.
@Alexandrite уште да ви рече некој вие така сте го научиле уште не се свесни за себе рокчиња покажуваат
Мамаситас хелоууу Што си играте со 9 месечни бебиња и кои играчки им се интересни? Сакам некои "едукативни" да и земам ама не знам што може да е соодветно. Многу ми е смешно бебево деновиве, усоврши ептен Чао со раче да мафта и на сите кој стигне поздравува.
Е овие два дена и мојот е кенкав... 6 заби има, уште 2 на повидок ама не знам шо му се дешава.... многу кенка, се по негово мора да биде, значи купив далечинско уште едно оти ако не му го дадам далечинското од тв плаче, вришти.. и се буди навечер по 3,4 пати да подреми на цице и заспива. Мислев дека излезе од 6 скок ама можеби се лажам. Тукуу за кратко почнувам со работа. Неколку месеци ќе го чуваат баби, дедовци па да ве прашам како да му спремам храна? Дали месо можам да сварам вечерта, да го ставам во фрижидер и утредента за ручек да го јаде? Ќе биде 9 м кога ќе почнам со работа..
Јас купувам кило месо, сечам на парчиња и варам. Кога ќе се излади скроз го ставам секое парченце во пластична чаша и малку од бујонот, се замрзнуваат и си вадам секое сабајле да се одмрзне до ручек. Таман кога ќе измешам со зеленчук и кашата побрзо се лади. Ако јаде парченца тогаш можеш да го иситниш прво, па да го замрзнеш.
И јас давам, имам 11+ за гратис споделување Стварно не знам како слабеете, јас само глупости јадам се набрзина, не можам еден режим да истерам како шо треба. Се тешам дека кога ќе преоди бебе ќе почнам да славеам, трчајќи по него
Ние на браво сме моментално а ја погледнеш одма браво , прво станување сабајле со браво почнува не да се смешни од едукативни игри моментално сме насочени на демолорање на коцките за седење што се , и задолжително гризање на врвки
@Mari-Li ние спрските песнички ги вртиме нон стоп, пошто секако мора и српски да научи ради фамилија. Не прави чао, ама затоа кажи таши таши та на на и одма со рачињата прави. Што ми беше смешен, плачеше му кажав тоа и почна да ги плеска рачињата, а си продолжи и да плаче.
Алерготест прават на 9м? Значи рачињата му се со лишаи... Не знам од што е. Од млечно, јајца, цитрусни, домати, кикирики,пченичен гриз, овес...