И мојата има едно лишајче кај надлактицата, матичниот ништо не ми посочи кога го прашував, само маст ми кажа што да ја мачкам. 8++
Мачкам секојдневно Мустела, прерходно Биодерма и нема разлика. Од храна е дефинитивно, преку мое млеко, ама никако да откријам од што... Му се смирува и пак се јавува. На надлактици има и баш го чешкаат...
Не сум ја приметила да се чешка, а иначе јас а мачкам преку еден ден усвари кога и ја бањам. Ако почнат повеќе да излеват ќе размислувам и јас за алерго тест и онака е интолерантна на лактоза, дане е и на нешто друго.
Со упат во Козле ние бевме. Од вена испитуваат таму и само 10 алергени на едно испитување кои ги избирате со доктор во зависност од тоа на што се сомневате. Во приватните земаат од прст и на повеќе од 10 алергени ќе ви испитаат, ама кој знае дали е подобра опција од прст зошто сепак треба повеќе време да го стискаат прстето за да соберат доволно крв.
И нас ни се појави пак. Баш на рацете околу лактите. Јас и дадов домат викам од тоа да не е. Ноќеска баш се чешаше.
Тука сум. Уште не сум паднала на тоа искушение. Изгледа ми ги разбра намерите, па денес е мирно. Можно е комшиите да се загрижат дури од што е тивко.
Здраво мамичкии Прошлата недела цела се изборивме со тт затнато носе мрсулчиња колку сакаш и таман сега викендов му се смири еве го пак почна со носетожал ми е више да го гледам вака
Дали вашите бебиња ги затвораат очите силно по неколку пати, како да мижат намерно? Барем мислам дека е намерно зошто ме гледа в очи и се смее ко ќе прај така.
Мајки сте слушнале за алергија на урми? Прв пат кога дадов урма и се појави оток под окото. Јас такви имам кога јадам глутен или некој храна која не ја поднесувам. Спомнав на докторката, беше повлечен, се договоривме испитувањата да ги правиме на 1 година. Денеск и ставив пак урма и сега ја гледам оток и само под тоа око. Еве слики Зарем е можно ова да е алергиска рекција? Планирам уште еднаш да дадам урма и ако пак се појави, од тоа е. Се надевам се гледа на сликите, не ми се става цела слика од бебето.
Дај и сирупче за алергија ако се повлече тоа е. Незнам дали да експериментираш по трет пат, очигледно е дека од урмата. Јас не би….
@see.emily.play ја имам книгата, фала. Само немам храброст да почнам. @Alexandrite ме изнасмеа. Мислев од моето нема поголемо кенкало. Да се здружиме сите и нека кенкаат во хор. @Freckles. прават да, и на моето во Козле му правеа. Ако има ќе покаже што не значи дека нема да се повлече алергијата. Направи да ти е мирна главата.