Еееех, првите деца гледани по сите правила што беше лесно, а и ние попотресени. Вториве све ќе пробаат порано. Син ми дур чекав да платам на каса во хм, го земал чоколадното лижавче од страна од ташната што го чувам за ќерка ми. Затворено скроз. Ај викам нек го чува дур платам на раат нема шанса да го отвори. Тој го џвакал, стискал, растопил, од едната страна пукнало и гледам шмука. Ќе се онесвестев. Ама тоа е. Втор пат дур излегов пелена да фрлам и раце да измијам ќерка ми му дала крофна, двајцата ги фатив живи ушљакани и цела комода ушљакана со рачиња, а минута работа. Не знам кога успеаа. Пред недела ги носев во студио им вадевме слики за пасоши и договарав фотосесија за кејк смеш, и му викам кого ќе лажеме сеа дека ова прво пробување благо ќе ти биде. Нема што шубе да ти биде, стави ако имаш. Ако имаш од оние кремите што се мачкаат на гради, обично од еукалиптус се и двете, сосем малку, капка е доволно намачкај на надусницата одма под носето пред спиење.
Не знам дали е за овде или за во мајчински. Ме интересира дали свекрвите ви ги бараат бебињата сами да ги шетаат. Значи не да рече ајде да излеземе да прошетаме убаво времето е. Туку буквално е кога ќе ми ја дадете мене сама да си ја шетам. И реков има време кога ќе почне да оди. Сега без мене не седи. Е за пола сат ќе издржи и да плаче. Уште од старт се замислуваше женава мајка дека е а не баба. И сега брзо се случи ќерка ми плачеше и ми ја зеде од раце. Гест што многу ме изнервира. Не ја можам женава и искрено не сакам ќерка ми да шета со неа А јас да седам дома, наместо јас да шетам со неа. Ми нема логика. Ама тие фамилијарно си тераат така и нејзината свекрва правела некои работи што неа и сметале а сега таа ги продолжува. Свекрвата и била посесивна околу синовите и внуците а сега и таа истото го прави.
Мојата никогаш не ги бара, а искрено баш би сакала за да можам да одморам малку или да зачистам. Ама тоа сум јас, не значи дека е правилно. Како се осеќаш, така.
Свекрва ми во друг град живее. Еднаш кога бевме таму ми рече излези ако сакаш, јас ќе го причувам малце. И ајде си викам ќе и го оставам пола саат и излегов. Ама заборавив нешто и се привратив за неполни 5 мин. Го најдов малиот седнат фотелја со кифла со сусам во раце. 3 ипол месеци имаше тогаш. Толку беше од оставање бебе без надзор.
Ние заедно живееме. Дома си игра со неа. Шетала и со мене и ќерка ми ама сама некако не ми се дава еднаш ми ја побара за пред зграда на 10тина минути. А си отишла по куќи и тоа не тука блиску и ги немаше околу 1час. Не знам може глупаво звучи ама кога е убаво времето јас сакам да излезам со ќерка ми а не јас да седам дома а таа да шета со неа. Да и правам неа ќејвови. И мене ми е за тоа околу јадењето да не и даде нешто што не треба затоа сама дома никогаш не сме ја оставиле или сум јас или маж ми. Баш ради тие глупости.
@Erika.greeneyes кажи му на маж ти да и каже и кажи му дека ако не му каже тој ќе мораш да и кажеш ти а така може да настане кавга.
Јас големиот не и го давам зашто ќе го изгуби, сериозна сум. Малово е мирно, бебе е, ужива во количка и нема што да се деси. Да е нормална особа или барем да ги слуша моите насоки, нема проблем и на одмор нека го носи ама таа е толку изгубена, да се сретне со некој на улица заборава дека има дете што треба да го гледа. Еднаш им го дадов на свекор ми и свекрва ми, го вратија со сендвич од 7ца во рака, свекор ми пијан и доле во количката лименки пива, година имаше. Толку лоша беше глетката што маж ми само им го зема и не однесе дома, па се врати да им одржи лекција. Ќутеа некое време, па почнаа да префрлаат демек јас не го давам и затоа он не сакал да седи сам со нив. Од тогаш не го добиле зашто едноставно немам доверба. Околу храната исто, само се чека да свртам поглед за да му се бутне нешто во уста. Кога идевме на ручек стално таа му вари зеленчук и маж ми обавезно пробуваше прв пошо таа е поборник за сол во каши за бебе, инаку како ќе внесе јод? Бебево не прифаќаше зеленчук никако првите 2 месеци и секогаш слушам ‘бљантаво е бабичко, па знам и јас не би јадела така. Мораш сол да ставаш, мораш и шеќер да му дадеш.’ Истренирана сум со првото, па сега мува не ме лази ама знам колку иритира. Ја фатив за рака кога му бутна парче сирење во уста, да ја фатам со кифла не сакам ни да замислам што ќе направам. Така да, би рекла давајте ги малите на тие што имате доверба или барем ве слушаат. Глупости се случуваат и пред наши очи ама барем да не се испотепаме после меѓу себе.
Ау исто. И мојата ај баба да те прошета надвор и ме гледа мене. Ми вика да го прошетам ти да си раскренеш по дома.. до сеа два пати ми има речено и првиот пат и реков демек дува ветер не може а вториот пат и реков не ти ќе ми испеглаш алишта на бебе и ќе ми измоеш садови додека јас и бебе си играме. Инаку не живееме заедно со нив, во различен град сме, 8++ е бебе му нема сменето пелена ниту еднаш, ретко доаѓа на гости па сигурно нема да и дадам бебе да шета сама по надвор. И точка. Повторно ми нема речено а и онака бебе не сака да шета сам со неа во др соба а не пак надвор. И за посесивноста исто ама и покажа маж ми кај и е местото.
@Erika.greeneyes Ти најдобро ја познаваш каков тип на жена е. Ако е "нормална" радо би ја дала да имам време за себе еден саат. Па ќе тркнам сама до ДМ да си гледам некои маски за лице или ќе си пуштам јога вежби.
Ме потсети на мене, пазарев со бебе, си купив и винце, фино лепо се' си складирав долу во количката ама на крај покрив со едно кебенце
Абе нормално и јас си ставам кеси доле, ништо страшно ама веројатно тоа што беше пијан беше лошото, па и лименките капак.
Треба една тема фатени на дело со моето бебе! Ах, ах ,ах незнам која страст, уживање, насладување или незнам како да наречам... Да сакаат а сакаат да се прават мајки - бабите, да бутаат во уста на бебусве и свашта без око да им трепне! Зошто, која е поентата? Седиме со свекор и свекрва и свекор пие пиво, и вика чекајте дедо сега ќе ви даде да лизнете, викам молам што ќе им дадеш, вика пиво, викам молам пиво на бебиња ете вика мајка ви одма се лути а да ги немаше ќе пиевте. Викам кој да немаше мене и татко им вика да, викам срамота на 70 и кусур годишен човек со што да ги нуди , е де де де вика ништо не им е, викам зошто на син ти не сте давале- штама! И ред ред други глупости Али да не се брукам да пишувам.... Не јас да се брукам туку фамилијата да не ја брукам
Мојата баш и не ги бара ни со нас ни без нас ама би ја дала зошто да не . Да одморам или да средам нешто. Не ми е чудно. Како што мајка ми ги чува и шета исто и она… Ти си знаеш за твое дете како се осеќаш
Ако имам доверба би го дала, нема ништо лошо во тоа, баба е му се радува. Сега мајка ми го шета секој ден 2 саати додека јас учам, да беше свекрвата тука и она би го шетала сама. Ама мојата е разбрана, не прави ништо на своја глава и за се ме прашува прво мене. Имам еден услов за шетање. Да шетаат надвор, а не да се затварат дома или по дворови кај комшики. Секако јас го спремам најаден наспиен со сменета пелена, и нема шо друго да му прават освен да го шетат
За темава со свекрвиве, само не ми е јасно како не им е страв да не направи некоја реакција или пак да не се задави од кифли, сусами и сл. Немам свекрва, мајка ми ми ги чува децата, ама толку е принципиелна за тие работаи, да и речам да даде нешто што не пробале, ми вика не кога си ти тука јас само тоа што знам дека јаделе. И за шетање и големиот и малиот ги оставам знам дека се на сигурно. Големиот со другото внуче од 2г ги носат со нив на одмори.
Е да и јас да е ок она би и го дала.. ама знаеш колку пати ме напнува сол да сум ставала во јадењето она ќе му ставела кога би му готвела она мислам страшно.. и ред други работи, мед на пример. Ај да не редам уште ќе го преместат мислењето во др тема
Кај мене па мајка ми и тетка ми напнуваат со таа сол. Им пуштав видеа со педијатри на нула плус, разни сајтови од истражувања, џабе, упорни дека кога ќе му ставам сол бебе ќе прејаде. Затоа тие никогаш нема да го ранат. И го давам измеѓу оброци, толку. А свекрва ми се молчи, секојпат вика таа е мајка најдобро знае, за мене кога е во дебата со друг. Ако се сомневаш или ако немаш воопшто доверба давај и го само во двор и надгледувај