Коски ми се ребрат што се вика за моментите кога би ја побарале за сами да ја шетаат или да останува на подолго со нив. Искуство со другото внуче, оставени кашички спремни таа си додава бисквити оти малку и изгледало тоа што е оставено. Или леб и маргарин на 8+ месечно бебе. Имаѓе низ муабет демек кон бебето, кога ќе те носат баба и дедо на сладолед, на што само се насмевнувам кисело. Знам дека ако го земат нема да им е битно ни да наместат седиште во кола за возење, туку така во раце ќе го возат секаде. Ако е излегување со количка ќе завршат на кафе во некој двор. Во секој случај свесна сум дека некогаш можеби и ќе треба да остане со нив ама гледам да е што помалку, поретко и пократко тоа. Инаку зависи и од луѓето и ситуацијата. Моја блиска другарка секој ден го носи детето кај баба, затоа што свекрвата направи драми од типот дека немало да живее ако не го гледа внучето. Вакви уцени буквално кај мене не поминуваат.
Не ми се луѓе од доверба. Родители се на сопругот и сметам дека и едните и другите баба и дедо треба да го гледаат детето ама кај овие нема разбирање. Јас ако речам нештото е бело, тие ќе речат е црно. Плус како што сами кажуваат дека го гледале другото внуче. Пред некој месец на 3 годишно внуче за да не плачи во парк му дозволиле киндер чоколада да изеде 10тина парчиња. Затоа немам доверба да ја оставам на подолго. Мислам моево е мало сеуште, не сме стасани до оваа тема. Не дека носењето на сладолед е проблем, нормално и моето дете ќе јаде сладолед како и сите други. И кога ќе дојде време за тоа ќе јаде и смоки и чоколадо. Ама сигурно тоа нема да е на 6+ или 8+ месеци.
Е ко така до 5то одделение не треба да му го даваш. Катастрофа. Многу ме нервираат луѓе кои прават работи ко за инает. Не се глупи, не дека не знаат нешто ама ете ... Нивното последно да е... Сигурно знаат дека толку чоколадо не треба ни возрасен да јаде, а не дете ама му дале да не плачело бе. Па ако не знаеш да се справиш со плачење на дете и истото те командува со плачењето тогаш нема потреба да се грижиш за него затоа што не знаеш да се грижиш соодветно.
Ме потсети @Miss_S на бисквитите. Свекор ми ме праша зошто не му дробам бисквити на бебето во шишето со ад Цуцлата да ја пресечам зашто погуста смеса ќе стане и така подолго ќе го држи. Бебе беше два месеци Свекрва ми па со џиџи бисквитите полни со витамини и битолско млеко она лиљаковото исто со витамини Не можам стварно. Во ред ми е да кажат како правеле порано, да прифатат како е сега, да прашаат ама ме нервира наметнувањето и не знам која е целта, да се докажуваме која повеќе го сака моето дете?
Ве прочитав сите ,се разви дискусија гледам. Во нашиов случај што рече @fana да и каже маж ми. Тој се што и кажува ома го игнорира и тера по старо додека не избувнам јас. Женава преку 20 пати упорно сол во кашите да сум ставала, во дубак да ја ставаме, сок/чај да сме давале, да сум ја одбиела више да не цица и на сите овие глупости маж ми прес мене и кажува тоа што е таа очигледно го игнорира и продолжува упорна со истите муабети се додека мене не ми се споија минус и плус во глава и не и реков што си толку упорна више, сакаш да биде ти како што сакаш, не ми почитуваш мои одлуки? Ќе биде јас како што сакам и точка јас сум мајка не може во животот да биде се како што сакаш ти. И од тогаш престана со тие муабети. Па може ќе престане и да ја бара да ја шета. Ама стварно преку таквото више од муабети за сол во каши гадни биле така а ќерка ми баш си ги јаде без сол. Демек пробала сол она па не сака без. И нон стоп тумкање дека сме читале по нет и на модерен начин сме ги гледале децата. А докторите денеска многу се занесувале Исто. Не сфаќам. Остај за детето па и за маж ми. Буквално како да проси за внимание и љубов од маж ми. Не може да прифати дека ние сме више семејство јас маж ми и ќерка ми. И ми љубомори мене. И треба да се натпреварувам со неа за маж ми и ќерка ми? Се имав видено во животот ама ова... Секоја прилика кога не сум тука ја користи да му збпри на маж ми за мене. И да манипулира со него да глуми жртва. Како маж ми се оженил и веќе не ја сакал неа само за мене гледал како детски муабети да слушам. Гледа да ни направи криза во бракот место да се радува што синот има жена што го сака и прави среќен. Среќа маж ми е разбран и гледа колку е часот, џабе и е се Она е карактер што светот сака околу неа да се врти и сега не може да прифати маж ми и ќерка ми што се со мене. Добро дали кај мајкиве на машки деца кога ќе се ожени синот нешто во главата им се пореметува? Токсичност. Посесивност. И во ваква жена ли да имам доверба.
А на мајкати ја даваш? Претерувате. Не давате на свекрви, немате доверба. Абе користете прилика штом сакаат да ги прошетат, почуваат. За храната со убаво ќе си кажете, кажи алергија има итн. Ама да не даваш, мене не ми е во ред.
[QUOTE="Erika.greeneyes, post: 6657171, member: Добро дали кај мајкиве на машки деца кога ќе се ожени синот нешто во главата им се пореметува? Токсичност. Посесивност. И во ваква жена ли да имам доверба.[/QUOTE] Па ете ти си со девојче па посесивна си, не сакаш друг да ја шета "проблемот" e што заедно живеете, и нормално 24/7 секакви коментари ќе има. Ако планот ви е заеднички да си останете, мораш да ја прифатиш со сите позитивни и негативни карактеристики. Никоја не е совршена, ама филтрите ќе ги уклучиш што ќе допре до тебе и готово. Јас ги разбирам и нив, викаат внуче повеќе од свое дете се сака. Дај боже сите да дочекаме
Ни размислува, ни па и е страв. Сум претерувала, цицка па цицка. Па и не сум сакала да го заранам пред 6 месеци. Што било тоа, сум го изграднувала детето само со млеко. А изгладнетиот на 4 месеци 8+ килограми. И така, јас мислам дека баба сака да чува внуче, ама друго било на агенда. На 3 ипол месеци не ни имаше што да кажувам за храна, оти не јадеше, па сепак со кифла го најдов. Затоа веќе не ни размислувам да и го оставам и не сметам дека претерувам. Сама си го направи да немам доверба.
Оф топик со свекривите На ќерче ова и го приметив пред месец дена и мислев е од некое стегаче престегана па ќе исчезне, ама не. Враќам на слики уназад и и се приметува ама помалку, не е родена со ова. Дали има некој искуство и да предложете добар кожен на приватно? Иначе и јас сум склона на флеки на лице ама како мала сум немала.
Нормално дека во никој немаме доверба, зошто мислиме дека најсигурни се во наши раце. Ама! Јас знам дека кој и да го чува друг, милион пати повеќе ќе се грижи од нас. Зашто сепак, детето е туѓо и никој не би сакал не дај Боже нешто да се случи. Свекрва ми за првото дете воопшто не ми помогна, странство живее, е сега следен месец си доаѓа, па ќе видиме дали ќе ми се најде за второво. Не е нападлива, послушна е, во однос на храна внимава дури и повеќе, ама не би ги чувала повеќе од 1-2часа и тоа да е морално. Па да носи деца на гости со денови или на одмор, поим е тоа. Макар што, сеуште ужива во животот, се грижи за себе, едноставно си го бери само своето гајле. Мајка ми пак, иако е прилично блиску,живее на село, немаат некои обврски големи, чуваше две деца од брат ми, се случи голема трагедија, сега не и се мрда од дома, ама пак внучињата се тука. Никогаш ама баш никогаш не сум и рекла да дојде да ги чува за јас да одмарам. Ние со сопругот се навикнавме баш во секоја ситуација да се снаоѓаме сами, и сега и на околината и е тоа јасно, па не се ни нудат сами да ни речат да не одменат. Сопругот не ни има некои големи очекувања што ќе бидат неговите тука, но за итни случаеви нема да се трескаме од земја. Свекрвата нема живеено со свекрва, не ни сака да живее со син и снаа. Нејзиното правило далеку од очи, далеку од срце. Помирни и посложни.
Другарка моја вика го оставам да го чуваат и гледаат од што немам излез. Ама тоа е буквално да го гледаат детето да остане живо. После неколку денови со бабата и дедото е друго дете. Ако детето на пример спие од 12:00-15:00 како пракса, а бабата и дедото не успеале да го заспијат не е проблем. Ако сака да јади супер, ако е заиграно и не побара јадење нема ни да го прашаат. Во случајов се работи за скоро 4 годишно дете што отприлика знае и да каже што и како правело. Во врска со храна, дали пред 6-7 месеци се додава во кашички масло? Баш од педијатар добив таков совет во зеленчукови кашички доколку не ги сака од старт да ставаме маслиново масло.
Па ете ти си со девојче па посесивна си, не сакаш друг да ја шета "проблемот" e што заедно живеете, и нормално 24/7 секакви коментари ќе има. Ако планот ви е заеднички да си останете, мораш да ја прифатиш со сите позитивни и негативни карактеристики. Никоја не е совршена, ама филтрите ќе ги уклучиш што ќе допре до тебе и готово. Јас ги разбирам и нив, викаат внуче повеќе од свое дете се сака. Дај боже сите да дочекаме[/QUOTE] Моето девојче е 9 месечно бебе. А не 30 и кусур годишна жена. Како во случајов кај сопругот. Споредбава не ти држи воопшто вода, пошто не си запознала ваква личност очигледно. Вакви жени нека ми прости Господ ама не би требало ни да раѓаат деца, после да им се мешаат и да им го уништат животот. Не значи дека ако јас те родив, ми должиш а ти вака ми враќаш. Сите сами сме одлучиле да родиме децата не ни бараја да ги родиме. Растеме се осамостојуваме. Баш дека сега и јас сум мајка утре никогаш нема на ќерка ми да и паметувам околу маж и и децата. Да се мешам. За родителите децата се цел живот деца точно. Ама не треба да се третираат така. Си имаат свое семејство станале маж/жена. Направи чекор назад. Животен процес е тоа. Ама има такви родителите што не можат да го прифатат тоа. Ај да не полниме оф топик темава со глупости.
Многу лошо, срамотилаци сред бел ден. Тој си има проблем со алкохолот секако ама 1-2 саати воздржи се, иди дома па убиј се со чашата. @Miss_S Можеш, јас му ставам маслиново од 6месеци, исто и ленено можеш убаво е за омекнување на столицата.
На Хип користев за големиот, сега уште не сум почнала за малото. Не знам дали почнаа да ги носат во Мк. Ако нема тогаш побарај во Агро фила.