Искрено не знам зашто не следам препораки ама после 7м ставам додатоци масла, путер, зачини. Да јадеше зеленчук и порано ќе ставав. Ако има мака со какањето давај авокадо.
Мајка ми не живее блиску. Кога се гледаме или кога останувам таму неколку дена е доста принципиелна што ќе кажам го почитува моето. Сепак јас сум мајката. Еднаш кога ќе и кажам како е. Не инсистира по 20пати со истото додека не слушне друг одговор,односно одговор она каков што би сакала да биде. Не дека ми е мајка, ама немаат допирна точка. Може да кажеш ама на разбрани луѓе. На овие другите џабе. И таа некои работи што ги прави не се во ред. Пример Таа една вечер и јас и маж ми во дневна таа во кујна краставица проба да и даде кога видов среќа ќерка ми не ја отвори устата.
Незнам зошто толку многу се занесуваат со јадењето кога цел живот ќе јадат и пробаат се. Мојава вика си знае мајка му што треба и кога,а еднаш тие јадеа грав и вика да му дадеме не гледа гладно е и виде изреагирав ко да не постои и не продолжи више
И мајката на маж ми ми вика да го ставам детето во дубак за да ги осети ноџињата Јас не ја слушам, не живееме заедно, па затоа не се замарам. Ако сака бебе, нека раѓа, има современа медицина, за мои деца она нема да одлучува и да паметува.
Овој коментар за девер ми го кажувам. Кога се роди бебе дојдоа да го видат, тогаш големиот имаше 1,5г., мм спремаше во кујна, ја со бебе до него, а дете кај него во скут. Ја зема чашата со виски и му вика ајде чичин да лижнеш и му ја носи накај уста. Како сум го удрила по рака му ја бутнав чашата. Маж истрча и тука големата. Ама џабе на таков човек не можеш да му докажеш дека згрешил. Ми се гади од случката. Ретко доаѓаат ама никогаш не ги оставаме децата без надзор. Од ова полошо нема, да немаш доверба во најблиска роднина. Он топик. Читнав зачини му ставаш на бебе. Кои?
Засега оригано и босилек. Планирам и домашна вегета да направам со сушен зеленчук, му правев и на големиот. Пашканат, морков, кромид, лук и било што по желба, исецкани ситно и исушени.
Баталете свекрвите терајте си по ваше. Туку, јас имам проблем со малата. Почна во градинка, адаптација супер. После 2 месеци во градинка крена температура, ајде на контрола, црп 40. Весела цело време, јадеше, спиеше. Испитавме урина (немаше ништо), брис од нос -мораксела. Примаше антибиотик. Сега во вторникот го заврши антибиотикот, од среда до петок беше во градинка. Од синоќа пак почна да крева температура. Други никакви симптоми нема. Секако повторно ќе ја носам н матичен во понеделник ама некоја друга мајка да не има слично искуство бидејќи не знам што да мислам веќе, се преиспитувам цело време кај грешам.
Не грешиш никаде. Со деца во градинка е така и така ќе биде до 3 години. Немој да земаш препарато за имунитет од аптека, нема да помогне. Ништо нема да помогне додека созрее имуниот систем сам. Звучи сурово знам, ама реалноста е таа, ја поминав
Фала за совет, барем знам дека не сум единствена. Немам ништо земено за имунитет бидејќи се уште нема година. Цело време готвам за после градинка да јаде месо, овошје, житарки. Се тоа да е избрано, тазе, квалитетно. И вака ми испаѓа се да паѓа во вода. Почнав и на работа турбо и се толку ме исцрпува си велам кај е крајот....
Ништо не паѓа во вода, болно или здраво секако ќе си ја храниш убаво и квалитетно. Ќе си набилда имунитет и натака ќе се разболува ама ќе биде се полесно и поретко. Нашата историја: тргна во градинка на годинка. Од 2 месеци само 6 дена беше таму, другите денови болен со високи температури, бактерии, црп високо. Го оставив месец ипол дома да си дојдеме при себе, а и 45 степени беше во август. Септември тргнува се супер, од октомври до мај бактерии, бронхити, аденовируси што се не фати. Јуни на море се исчисти, тргна втора година во градинка и се немаше разболено до февруари. Од тогаш навака никако да тргне, вирус со 10 дена температура, варичела, грип, стептокока, шарлах, денеска цел ден пролив. И се надевам од понеделник ќе тргне и пак ќе паузираме некое време од болести. Таков е зимниот период и ние дома се разболуваме покрај него ама ете годинава два месеци беше болен за разлика од лани со месеци. Трпение само, ќе пораснат и ќе зајакнат
Супер беше мојот, третиот ден на спиење остана. Разболувањата го пореметија и почна да прави проблем, да плаче на оставање инаку гајле ќе немавме. Потешко е кога се поголеми. Масло постои ама сега кога побарав низ слики видов дека сум купувала масло од репка на Хип, а лененото изгледа на Бејбилов било. Не можам да се сетам од каде точно беше ама ти сигурно по странство ќе најдеш. И репката инаку помага за омекнување. Најдов и во Мк: https://www.biocosmos.mk/miscellaneous/oils/leneno-maslo