Моето бебе почна да си ја врти главата лево десно додека спие и ќе се разбуди. Само кај нас ли е така. 8+ сме. Ич не спие мирно.
Има да, сум се лечела и јас така само што кај мало бебе малку е зезнато, немаат имунитет како нашиот и може лесно да се накалеми уште нешто. Ние сме болни сите периодов, маж ми имаше гнојна ангина, кс и црп во прилог на вирус, се лечеше дома и на крај фати шарлах, пиеше сумамед. Јас исто почнав да давам знаци на вироза, на крај со огромни лимфни жлезди многу болни на допир завршив со амоксиклав. Поголемиот син исто претходно. Дали сме ослабнати сите од короната или што е работата не знам. Затоа реков да го следи.
Првото за една недела, на толку и ја викнав жената зш знаев дека ќе се адаптира одма. Доаѓаше од 09 до 12-13ч. за адаптација и наредна недела full time. За ова бебе пишав, со доаѓање по цели денови никаков исход. Зависи од бебе.
Ние денес полниме 6 месеци така да ќе се дружиме овде од денес па натака Јас, во инает на времето, сакав да ве прашам кога мислите дека е најповолно за одење на одмор со бебе поточно кој месец? Сакавме да одиме крајот на јуни ама нешто сите не предомислуваат дека ќе било лано ќе сме ја смрзнале малата..
Ние почнавме во градинка и се корне од дерење беба, кога ќе ми го донесат липа сиротото не може на себе да си дојде а до кога појма немам, душа ме боли кога го гледам како се пика во мене и не сака да оди ама немам избор, свеки е со гипс на нога и да сака не може а може боље вака кој знае што се ќе му даде да јаде, на 2 месеца ми викаше варена зелка да му мацнам, она така на золвата и дала
По колку време останува? Кај мене дома ќе е со жена..многу се плашам за адаптација, работата ми е таква што не бу можела по потреба да се враќам дома
Да да нормално иследување за мало бебе. И јас имав гнојна пред месец дена ама со темп бев, а бев во странство и антб ми дадоа, а со вирусната немав темп и после неколку дена се повлече гнојот. Ќе си следи со докторот. А иначе и јас сега настинав прошла недела ама паднат имунитет од антб сто посто не сум се разболувала вака години уназад среќа тогаш беба не фати од мене
Денес бебка имаше отоци на лицето, конкретно на образите. Не дадов ништо ново освен што јадеше глутен. Се повлекува отокот, всушност се зголемува и намалува. Утре ќе ја барам докторката, немам памет. Од што може да отекува, освен глутенот? Бубрези, срце?
Не, ако е глутенот, тогаш е целијакија. Не помага ништо освен храна без глутен. Секако ќе добиеме комплет испитувања, мора да проверат бубрези и срце.
8+++ е бебе, веќе недела дена се буди секоја вечер по 3,4 пати прво кенка, го гушкам, се смирува па пак почнува да кенка и плаче со сила дали само моето е вака? Мислев излезе од скок што е сега ова... Сака само на цице навечер, само така се смирува. Хееелп што да правам да си спие како шо си спиеше?
Регресија. Трае од 2 до 6 недели, кај нас траеше 4 во 6ти месец. Немаш многу што да направиш освен да рутината и редот да се трудиш да останат исти и да издржиш
Вриштење во сон, ама долго, од што може да е? Никако не се смируваше, прво плачеше страшно па липаше ко без воздух, а заспана, не можевме да ја освестиме. Животот ми го скрати вакво нешто немам видено до сега.
Внука ми правеше така кога ќе беше ептен ептен преморена. Знам колку страшно и језиво е, никако не можевме да ја освестиме, не се будеше.
Наздравје 6ти скок. Го избра совршениот период во време на испити и два дена пред именденот на мм во среда. Плачење постојано, вриштење буквално. Вчера дури се зајде зашто го ставив во дубак, не, мора во раци да е, и така да си плаче