Да дадам апдејт за вриштењето, гледам сега долу едно запче скоро пробиено, а и другите подуени. Дури ко модро е околу белото. Претходните заби не ги вадеше со мака, можно е од заби да има плачено така ? Ова ќе е седмо, долна двојка.
@JuLleE бевте на лекар? И јас сум речиси сигурна дека е интолерантност на глутен…. Пиши апдејт оти ќе ве мислам
Здраво Мајки, На бебето инаку 13 месеци му правевме уринокултура и испадна дека има хемолитична ешерихија коли присутна 1000000. Матичниот вика не е страшно ни препиша антибиотик nitrofurantoin кој многу тешко се наоѓа кај нас, го носеле од турција или грција. Јас искрено сум многу загрижена бидејки знам дека таа бактерија многу тешко се лекува, искуство дали имала некоја мајка и дали некаде по аптеките во ск се наога сирупот?
Се вративме на почеток кога заспиваше со нишкање и шетање низ спална… Веќе е бајаги тешка и не се додржува, плус има едно запче, второ на пат веројатно зошто е кенкава цело време, некоја регресија ли е и со спиењето е катастрофа, кашла два/ три месеци иако се е ок и крвна слика и брисеви 4та дремка скрати пред недела/две, со јадење исто сме така иако давам два оброка. Дојдов само да се пожалам. И по цел ден вика кхммм кхммм, мислам дека веќе ми прејде тоа во нормално па кога спие ми фали…
Бевме. Кажа дека штом ги снемува, не е ништо страшно. Денес немаше и кажа кога ќе има веднаш да ја носам. Ама по нејзе не е нешто поврзано со болест. И кажа овошје само сезонски, урми не, манго не оти тоа поминувало долг пат додека да стигне овде и не е добро за децата. Така да само што има на наше поднебје и овде прозиведено.
Недела до две и се навикна, сега некогаш може да има трета ама ептен кратка 15 мин ако сме излезени и да се изремети се али у глобала на две сме. Малку е зорт али секој ден истото правите го и ќе се навикне
Него дај кажете како јас да се осудам да дадам парченца Гледам има иницијатива сама да јаде ми ја зема нон стоп лажичката и брцка со раце у каша. Мислам да можело вака ќе си терам со пасирано Скоро 9 м сме
Јас прво почнав со смоки оние на Лино, па бисквити и леб. Така научи да џвака, сега 11 месеци јаде скоро се во парчиња.
Леб обичен бел дека корката му е подебела или нема веза? Ние дека јадеме црн интегрален тој и ко да нема корче
Е, а ако научи да жвака леб значи и со друго ќе се снаоѓа или да седам и умирам од стрес секогаш кога ќе дадам нешто во парчиња? Ја мислам дека мене потешко ми иде давањето него на нив жвакањето Ми се подзадави од бисквита едниот ама се снајде, леб јаде профи си го жвака и врти низ уста не мора ни со раце да го држи а ја пребледувам на секое давање. Какво беше твоето искуство? По кој редослед што даваше?
Со првото седев и умирав До детето си е. Големиот до 2ипол години јадеше блендирано. Може и 3. Парче со рака нема фатено и ден денес на речиси 6 години се гади. Све е со вилушката во рака . Малава, почна со леб. Потоа лино смоки и оние бискидс бисквитите и ло бело. Потоа почнав некако спонтано се. Она сама изразуваше интерес. Го гледа брат и или нас и одма ам, ам. Не се има “задавено” досега , можеби еднаш, два пати, ама многу брзо реагира. За разлика од брат и, ако му залетнеше парче одма повраќаше се Следи го детето,само ќе си каже
Само моево ли незнае да џвака? Лино смоките ми стојат и од нив се дави, бисквити пробав ич да не кажувам. Поголемата на нејзина возраст (скоро 10 м е) мекото од лепчето си го делкаше, бисквитите и беа нон стоп во уста, абе еднаш не се задави. Ова ко у Вардар да сум ја фрлила се дави @Freckles. Јас не осетив некоја страшна промена при кратење на 3 дремка некако така лајт помина тоа кај нас. Можеби веќе 2 месеци е со 2 дремки моево. Друго сакав да прашам. Многу тврдо кака малава. Секој ден ко пинг понг топче, ама многу се мачи. Во еден оброк најмалце дневно и давам слива варена, тиквицата исто често и ја давам. Многу ретко давам морков и ориз, банана па ептен избегнувам. На џејмисон пробиотикот мн и помагаше ама го немаат веќе некое време, а другиве ме вршат работа. Ако има некој некаков предлог што да и дадам за полесно да се олесни би била мн благодарна
А бе они си покажуваат интерес и со се што сум дала си искачаат на крај ама пусти страв Абе лино смоки јадат 3 месеци без никаков проблем а ја уште им дежурам у фаца и ги чекам да голтнат