@V.N. за какањето пробај со амарант, сум читала тука по форумот добри искуства. Кај нас се покажа малку проблематичен ради иритација на кожата од газето, ама си какаше доста
Мојот ги вади сите 4 заби горе 2 кеца и 2 двојки, имавме такво плачење скоро 3 дена. Од сон се будеше со страшно вриштење. Забите сеуште не излегле, ама веќе така не заплачил.
@Bebetoo многу страшно беше и жални се многу Со лесно да ги извади сите Кај мојава гледам дупче веќе има, се надевам нема да се случи пак. @V.N. и мојата така кака често, се среди малку со Биогаја, пробајте таков ако немаш пробано.
Не ја избегнувај бананата, помага за какање кога е скоро поцрнета. Авокадо исто ги цеди моиве, масла маслиново, репка, ленено, јаболко, круша, овесни, јогурт.
Ве читам за парчињата... Душа немам кога го гледам како се дави И дур не исповрати не престанува да се дави. Нема да пробам за брзо да дадам пак парче. Иначе пробав со леб.
Во раче му даде или ти му даваше? Мојата не се дави ама јас и кинам малечки од мекото и си го џвака. Еднаш и дадов бисквита од Хип сама да јаде, пола ја гризна со забите сега и држам со прстот до кај да каса
И мојот многу се дави. Има голем интерес, ми ја зима лажицата, јас кога јадам посегнува да му дадам парче, кога ќе му ставам на хранилка обавезно го става во уста, ретко го фрла веќе. Ама има многу изразен гаг рефекс и не можам да се охрабрам да дадам, мислам не дишам кога го гледам и не знам дали и кога треба да реагирам. Немам совет само да се искажам на темата Ај види дали ќе најдеш во Мк лактоза. Milchzucker е тука, буквален превод млечен шеќер, мислам лактоза му доаѓа тоа. Мојот какаше исто многу тврди топчиња едвај со ептен плачки и мачење, од кога му го давам тоа му омекна столицата и не се мачи толку веќе. Ставам по една лажица дневно во млеко, обично насабајле, ама може да се става и во каши, чај…
Јас денес и давав телешко, брокула, морков и пиперка, се на парчиња. Супер си јадеше, под супер подразбирам 30% од јадењето, останатото го стиска во раце, го гмечи, фрла и слично, ама еве денес сум супер задоволна. И банана исто јадеше сабајле. Симни ја солид стартс за да видиш како правилно да ја сервираш храната за да спречиш давење. Гаг рефлекс има и кај нас, давење сигурно ќе препознаеш. Изгледај видеа за прва помош за секој случај. Мојата е 7 месеци и сметам дека е ок да преминеме на парчиња што порано тоа подобро ако бебето е заинтересирано.
Ние од вчера, некој ден ни се разлика бебуши. Јоој какви парчиња зборите, до основно ќе му пасирам. Само приметив дека сака погусто. И ај како да се опуштам парченца да давам, совет нешто?
@Anturium @Skyler @kristina.k @Bebetoo Благодарам многу, ќе пробам од се со надеж дека ќе се среди А за парчиња не до основно, до средно незнам дали ќе се осудам да и дадам на мојава!
Има , има до 5 мес немавме дневни дремки , сега ако не легне во секундата неа кога ќе и се приспие тешко нас