На три кога е прва и втора - 1h15-1h30,третата 30мин Вчера со две - првата 1h50, втората 1h Денес ќе ти пишам како е. Ама еве и сега буден беше доста, исто како вчера. Ако има потреба од трета дремка од 15мин - колку е будноста пред заспивање после? 3-3ипол h? @Cloverrrr @see.emily.play Се надевам ќе ја исфрли, нон стоп плачеше и беше гомце кога ќе се разбудеше
Да толку 3-3,5 часа а сега некогаш ја фаќа 3,5-4 ч будна до вечерното спиење дека е со две дремки ама ок и е сега за сега вака
Мојава вака често прави. Дури цело време е со затворени очи одвај се освестува да ги отвори очите и тропам пред очи со тропалки и слично. Ќе ги отвори И пак продолжува да плаче. Многу лошо е мене ноќно време ми го прави ова неколку пати до сега. Јас препишав на забите.
@Erika.greeneyes и јас мислам од забите е, сабајлето имаше хематомче на непцето, денес веќе бело е. Јас се исплашив што не можевме да ја освестиме ептен страшно делуваше.
Јас го оставив моето две недели, инаку уште првата недела се навикна. Не знам како и успева, го заспива за 5 минути. Јас по еден чес се мачам, нишам, пеам, цица и не ми успева. Е сега има друг проблем кај нас: го заспива на два часа, а за една недела прави година. И преспива додека таа е тука два пати, и кога ќе го легнам навечер, ми стемнува половина час и се буди. До 12 сме будни. И не можам да и објаснам дека веќе е голем и прозорот на будност треба да е 3 и пол четири часа.
Дајте совет некој, незнам како да му помогнам на бебе. Пред две недели имаше батко варичела, а сега и бебе. Ама батко имаше малку и брзо му се исуши ја. А бебе нема кај нема, главата му е лом и лицето. Како некоја канта вар да му се истурила врз глава. До кога ќе излегуваат нови, и може ли да мачкам на веѓа и околу устата?
Дај кажете како го поминавте 5ти скок? Како ближиме до громчето така понеподносливо станува. Вика, се дере, кенка, цвика нонстом, а најаден е, пресоблечен, го занимавам, играме со него на земја ама не знам што е ова... Во раце најсмирен е ама па дете од над 8кг не се држи по цел ден, кичма ми падна... Дали е до скокот и ако е, кога ќе помине?
Ќе помине, па ќе дојде 6ти, па 7ми...ама поминува...и еден ден ќе се разбудиш и ќе имаш детенце а не бебе
Леле и тогаш знае да бара во раце ама колку толку помирен е. Ако потрае ова да си резервирам еден кревет на психијатрија...
Полесно ми е кога ве читам. Едно време си реков на доктор да го носам, да не не е нешто во ред со него па после ми текнува дека е во скок. Јас бев концентрирана само на 4ти скок, другите скокови ги потценив иако 4ти релативно лесно го поминавме.
Ние 4тиот најлесно го поминавме во споредба со другите, сите следни беа се потешки. Се спремам психички за 8ми кој веќе покажува заби Ама па после секој скок се радуваш на нешто ново што научиле па се заборава што се си поминала
Уфф со лесно мама, освен оние класика совети, други немам за сипаница. Зашто да не го мачкаш на веѓа и околу уста? Мислиш да не си стави во око/уста случајно? Ќе помине како на кутре и после раат си завршила со тој "проблем" за цел живот
Од 9 до 12 месеци теоретски треба да се 1-2 дремки. Моето до 9 месеци имаше 3 дремки, ама јас и прекратив на 2. Сега е будна 3 до 3 ипол часа пред дремка. Ама гледам природно и дојде, возраста и е таа. Сега ползи, разбира се, па не беше тешко да и го зголемам прозорот на будност. И дремките плус и се продолжија, значи со три дремки не беше доволно уморна, па стануваше за половина час. И да, во исто време веќе ја легнувам з секоја дремка, не следам знаци на будност, не биле веродостојни толку на оваа возраст. Дремки во 10, во 14:30, легнување навечер во 7 ипол, станува насабајле кај 6-7. Едит: сум го пишала ова сабајлево ама не сум го испратила Не памтам колкаво беше твоето бебе, зирни на табелата што ја постирав претходно.