Да, јас исфрлав едно шише млеко како што воведував оброк. Сега има три оброци и три шишиња млеко. Јаде на 2-3 саати зависи.
Мајки, Ве молам за помош. Бебето пред неколку дена наполни 6 месеци. Цело време цица, почнавме со кашички, но не е некој фан, нешто каснува нешто не. Проблемот е што не фаќа шише засега, бидејќи само цица. Сакам да почнам да му давам адаптирано, бидејќи за кратко се враќам на работа, ве молам за предлог за шише и храна што полесно ќе ги прифати со оглед на тоа дека само цица. Да напоменам, не можам да го оставам повеќе од еден час, бидејќи веднаш плаче за цицање, а друго не сака да јаде....
Ќе мора да се навикне нема друга опција. Освен отказ да дадеш ама во денешно време тоа многу тешко. Шише авент пробај. Од храна кашички овошни прави му банана круша јаболко кајсии праски тоа ..
Давам, ама и да касне прави проблем и плачи за цицање ако се нацица се смирува.... Отказ не е на агенда никако.. Фала, ќе пробам со шише avent да видам како ќе биде
Може подобро е да пробуваш шишиња прво со измолзено млеко, па кога ќе му го погодиш шишето да пробаш после адаптирано да дадеш
Тој убаво фаќаше на почетокот шише, кога беше скроз малечок му давав молзено млеко навечер за повеќе да испие наеднаш.. Па му немав после некое време дадено и заборави да пие од шише
Моево не прифати воопшто шише. Откако почнавме со цврста храна пробував да му дадам вода во шише, не сакаше, па пробав и со шише со клунче, само си игра, го гризе. А од чаша пие. Т.Е.пиеше, неколку дена одбива и да јаде и да пие. Претходно си јадеше без проблем, ама изгледа запчиња му растат, па не отвара уста за ништо. Само да цица бара и тоа на саат време. Е со маж ми надвор кога се шетат не бара. Вчера беа 2 ипол саати, ем не кенкал ем си заспал во количка. Кога нема да бидеш во близина ќе се навикне на се.
Претпоставувам дека ќе се навикне, инаку најмногу го имам оставено два часа, со кенкање едвај. И поголемото никогаш не фати шише, од мала пиеше од чаша... Само што ова ептен плачки чуда ако не сум до него...
Ееее браво. Кога почна срц? Мојот неколку дена веќе се мести во позиција за лазење и само така стои и мрда во место хахаха
Пред 3 недели почна знаци да дава, сега е се посилен и посилен. Не е класично лазење, со колената свиткани, туку баш војнички. Прво како палачинка се плескаше лево, десно и мораше со главата да се удира кога лазеше. Цел под го редам со играчки, особено му се омилени забранети работи, пример кутијата со креми, пелени, спрејови, т.е за пресоблекување. Мислам дека ќе прооди за да ја фати. Од друга страна, уште не брбори. Веќе ни ,,агл" не прави. И само дува во нешто. Го дува подот, ми ги дува цицките, дува додека јаде, па цела сум исплукана и така. Забавно ми е.
Мене само шише бејби лав ми прифати, околу 130-150 ден беше. Пробавме многу шишиња и случајно ова го прифати. Исти сме и ние и јас би требало да се вратам за кратко а не може без цицање, јаде колку да се рече и после тоа цица, а ќе работам дежурства Пс: и ад млеко не сака.
Исто скроз... За ад ќе видиме, ќе пробаме, а и шишето ќе го земеме секако. Ама имам некое чувство дека нема шанса да пие друго млеко освен мајчино, првото ми беше исто, млеко само со бисквити и никако поинаку до голема
Хахах исто со плукањето. И на цице дува обавезно и се смее, млекото тече. Мојот најново му е на кученца им вика кеке и многу им се радува, на деца исто им вика и се смее на глас. А да, и нон стоп ме мачка со лиги по лице