Ме интересира дали е штетно што уште ги користи цуцлите од бебе (средна големина се)? Имам купено складни за возраст ама не ги сака... И уште нешто, на каква перница може да спие? Користиме тенко перниче за новороденче што одеше со се постелнината и јорганот. Малиот е полни 10 месеци.
Тенко перниче и ние користиме, 7 месеци е. Цуцлите треба да се менуваат од причина што многу се користат, исто како четки за заби кај повозрасните. Секој производител назначува колку да се користат по прва употреба.
Секогаш пред спиење ми текнува да прашам некои глупости Има некое дете како моево што ништо не разбира? Не се врти на своето име, никако не се занимава со учење на некои новитети како на пример “чао” да мафта со рачето, едноставно не сака да те рецка, си фаќа играчки и си прави тоа што му одговара. А знае да бега кога ќе му викнам “сега ќе те фатам” Како да го научам нешто да ме разбира што му зборувам? 10 месеци е веќе.
Во врска со цуцли - користиме 2ка авент, ги неам сменето 3 месеци. 4 имам и сметам не се користат секојдневно.
И ние сме со цуцли од 0-6 не ги сака тие ао три дупки и со голем отвор ама само нека јаде па нека пие од кои сака
Каква четка за заби имате за бебињата со повеќе запчиња? Сакам да почнеме редовно да ги четкаме, да има навика.
Зборувај, гестикулирај, играјте заедно, пеј му. Плескај цело време, прај чао на се живо и диво околу Јас мојата така ја научив
Сеуште со газа на прст чистам, ама активно четкам пред него да знае што му следи. Нешто гледав на Курапрокс веројатно таква ќе земам, а за паста појма неам. Ваљда на Азетабио
Дали е можно од што растат запчиња да тече носето,почна секојдневно да тече носе како прозирна слуз незнам како да објаснам поточно.
Дали ви имаат паднато бебињата наназад од седечка позиција на под? Почна ко ќе се лути да се фрла наназад, вчера три пати ја фатив така ама денес побрза беше. Не беше многу од високо наведната беше, ама се изнаплачи. Ми е страв сега, а назад нема ништо на главчето ама сепак силно лупна. Да ја носам негде или нема гајле?
Неколку пати, само слушам ТУП, ја гледам почнува со плачки. Ама кога ја земам во раце веднаш се смирува, па не сум се загрижила досега.
100 пати. Може се исплашила затоа се изнаплакало, душиче. Не верувам дека и е нешто, цврсти глави имаат децава Ќерка од метро висина се преврте на 6-7 месеци Ќе ја носиш ако повраќа, ако премногу е поспана, ако е дезиорентирана.
Да, тоа му беше прво паѓање на глава. Почна да се исправа, седна на газе и лупна на глава назад. Немаше гајле само пола саат одприлика не го заспивав.